Што да ти одговори сега човек, кога не си обрнал доволно внимание на ништо до сега што сум напишал, ама ете јас го бранам Елиот, а ти клубот од нас.
Сто пати напишав, (еве и сега уште еден долг пост, па читајте за казна

) дека не е се црно-бело, но вие намерно ја туркате во тој правец, затоа што само така ќе може некако да држи тоа што го пишувате.
Околу договорите сто пати сум ги искритикувал, но имаат и некои олеснителни околности. Нема да тупам пак за тоа.
Прво не ги жалам, ниту им се одушевувам на Елиот. Ги прифаќам како реалност, да беше добро воден клубот деценија претходно, немаше ни да бидат Елиот тука.
Кажаа каква ќе им е политиката и некаде и се движат во тие граници. Демек вие сакате да доаѓаат големи имиња, а ние другите сакаме да го браниме Елиот. Глупости!
Мене не ми е јасно како одбивате да ја прифатите реалноста.
Клубот беше во полоша состојба пред да дојде Елиот, отколку сега со нив. Се сложуваш?
Подобар е организациски, финансиски, има подобри фудбалери, кои допрва треба да се развиваат и да вредат повеќе, за разлика од претходните преплатени, кои во најголем случај губеа на вредност во Милан. Клубот има подобри резултати, што веројатно е и најбитно.
За тоа ги "бранам", затоа што се прескокнуваат тие работи и се гледаат само негативните.
Ги напаѓам зато што некако клубот цело време е како на граница, не го доведоа уште до состојба ког можеш да бидеш смирен дека нема се за бргу време да тргне во обратен правец. И ова сто пати сум го напишал...
А и демек со тоа што сега не потрошиле пари се откриле. Дколку погледнеме во бројки
минатиот јануари беа потрошени помалку пари. Само што тогаш го најдоа Томори, односно Челзи беше подготвен да го пушти со опција за откуп, а сега немаше таков.
За амбициите на Елиот... Нема да се однесуваат како Абрамович, Арапите, но не гледам дека и дрги клубови во Италија ќе се однесуваат така, дури ни Јувентус. Поагресивно од Милан, веројатно да, но далеку од тоа што го очекувате. Или Интер кои мораа да продаваат, па Конте виде колку е саат и гитла.
Но, еве да не гледаме за други, туку само за Милан. Еве и да заборавиме во каква катастрофална финансиска состојба (пропратена со лош играчки квалитет) беше Милан, а и сеуште нема излезено од неа.
Дали Елиот заработува од Милан? Не, дури и инвестира, нормално со намера да му се вратат преку продажба. Кога ќе чита човек мисли дека сме Манчестер Јунајтед и заработува клубот милиони, па се делат дивиденди.
Дали некој сака да го купи Милан? Никој не сака, па дури и да се однесува како Елиот, а камоли како Абрамович. Тоа доволно кажува. Или изјавата на жената од Њукасл, која објасни зошто арапите не земале клуб од Италија.
Прифатете ја реалноста и коментирајте во тие рамки.
И да нема недоразбирања, на Елиот му е најбитно да си ја истуркаат нивната финансиска приказна. Јас би сакал некој амбициозен, што сака да си среди имиџ со правење на клуб кој ќе доминира во Италија и Европа, но го нема.