Очекувано беше дека екипата ќе претрпи промени, многу странци имаме во екипата, а правилото од следната сезона вика максимум 6 играчи од страна за во лигата, така да мора да се ослободиме од дел од играчите....
Криво ни е на сите за Периќ, најдобар и организатор на играта, ама после толку добри партии зад себе, прашање на време беше кога ќе понуди некој за него, сега некој ќе речи можеше во подобар тим, ама пак дојде од Германија и сигурно го знаат неговиот квалитет, а Татабања од вгодина ќе бидат доста сериозна екипа, така се работи, од сега се крои екипата, јак спонзор (МОЛ - државен), не ме чуди да му парират на Веспрем и Сегед доколку земат уште неколку играчи....
За Секели исто очекувано, самиот сакаше да се врати назад фамилијата му е таму, овде беше сам остаен и секој сака да си е дома, добар голман, мора да се реагира одма да се најди подобро решение, голманот е 70% од екипата...
За Обрадовиќ исто одлично се снајде, препознатлив по играта во одбрана, а кога добиваше шанса добро користеше и напад....
За Мараш немам коментар, врска нема уште утре нека не иди тој, џабе трошок и место држи за странец !
И на крај пак има коментари околу салата и со право !
Неможиш да донесиш квалитетен играч, со репрезентативно искуство, а да тренира во сала, каде овој период на зима, внатре е поладно од надвор, навистина мизерија, тука така некој шо не е запознат со условите и иди пример од германска, француска лига, после два дена пишман како магаре ќе се прај, ебати пари и се ќе речи, кога основното го немаш, услови за тренинг, ладна сала, не загреани, најголемите повреди можат спортистите баш тогаш да ги добијат....
Па и оние тајфуните, како 19ти век да сме, мора ама мора да се бара решение за сала....
Прво инфраструктура (сала, греење, фитнеси, базени, паркинг) да личи на нешто, после се прај костур на екипата и да задржиш играч во добри услови....
И на крај никој играч не е незаменлив, секој е заменлив, се надевам на уште подобри замени !