- Член од
- 7 август 2011
- Мислења
- 4.932
- Поени од реакции
- 14.957
Абе ти генерално ќе најдеш замерка за сите, си имаш некоја луда агенда во главата и си го тераш тој филм. Лично и персонално сите украинци да ги прашаме и да се изјаснат дека се антируски, ти ќе најдеш некое оправдање дека всушност тие не вистински украинци. Либераливе ти се платеници, десничариве ти се нацисти, смешен си. Само ти си вистински украинец и го знаеш колективниот украински став изгледа. Бог да чува. На игнор си ми случајно приметив дека си ме цитирал, не мислам да влагам во расправа со задоени ликови. Еве јас може сум комуницирал со платеници (лол) и нацисти (никад не би комуницирал со такви фаци но добро), еве ти го и ментил ти вика тотален рандомец што не се замара со политика го дели тој став. Не викаме дека тоа е репрезентативен примерок, ама впечатокот ми е дека генералното мнение е антируско. Вие читајте си тука глупости и пропагандни портали, ама реалноста е дека ако мнозинството се проруско настроени, немаше толку лагодно постмајден властите да си ја држат прозападната ориентација.Со платеници значи си разговарал, што очекуваше да слушнеш?
Од кои клубови? Клубови од Л’вов? Киев?
Се е јасно со какви луѓе си имал контакт. Свастики и SS тетоважи, итн.
Да не испаднат мнозинство. Не само што има многу Руси, туку многу тенка е границата меѓу Русите и Украинците. Потенка отколку меѓу Македонците и Бугарите (кои најмногу со нивната глупавост придонесоа да не сме во една силна држава). Поголемиот дел Украинци прв јазик им е Руски и никогаш немале некоја изразена национална свест како различна нација од Руската. Заедничкото битисување во СССР, и потиснувањето на националните чуства, и тоа си го направило своето... Не зборувам за западниод дел од Украина.
Муабетот ми е да има (како што нема) шанса за независен референдум, повеќето во Украина би се изјасниле за враќање на работите како што биле порано. Можеби дури и за унија/сојуз со Русија.
На крај, небитни се овие анализи и хипотетички сценарија. Реалноста е дека кога САД ќе влезат во една држава, не ја напуштаат и нема спонтани промени на власт кога процесот на избори е контролиран. Само војна, или државен удар може да ги смени работите. Па ете ти уште еден фактор, уште една варијабла за пресметување на равенката наречена Украина.