Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    729
Член од
7 август 2011
Мислења
4.933
Поени од реакции
14.961
Со платеници значи си разговарал, што очекуваше да слушнеш?


Од кои клубови? Клубови од Л’вов? Киев?


Се е јасно со какви луѓе си имал контакт. Свастики и SS тетоважи, итн.


Да не испаднат мнозинство. Не само што има многу Руси, туку многу тенка е границата меѓу Русите и Украинците. Потенка отколку меѓу Македонците и Бугарите (кои најмногу со нивната глупавост придонесоа да не сме во една силна држава). Поголемиот дел Украинци прв јазик им е Руски и никогаш немале некоја изразена национална свест како различна нација од Руската. Заедничкото битисување во СССР, и потиснувањето на националните чуства, и тоа си го направило своето... Не зборувам за западниод дел од Украина.

Муабетот ми е да има (како што нема) шанса за независен референдум, повеќето во Украина би се изјасниле за враќање на работите како што биле порано. Можеби дури и за унија/сојуз со Русија.


На крај, небитни се овие анализи и хипотетички сценарија. Реалноста е дека кога САД ќе влезат во една држава, не ја напуштаат и нема спонтани промени на власт кога процесот на избори е контролиран. Само војна, или државен удар може да ги смени работите. Па ете ти уште еден фактор, уште една варијабла за пресметување на равенката наречена Украина.
Абе ти генерално ќе најдеш замерка за сите, си имаш некоја луда агенда во главата и си го тераш тој филм. Лично и персонално сите украинци да ги прашаме и да се изјаснат дека се антируски, ти ќе најдеш некое оправдање дека всушност тие не вистински украинци. Либераливе ти се платеници, десничариве ти се нацисти, смешен си. Само ти си вистински украинец и го знаеш колективниот украински став изгледа. Бог да чува. На игнор си ми случајно приметив дека си ме цитирал, не мислам да влагам во расправа со задоени ликови. Еве јас може сум комуницирал со платеници (лол) и нацисти (никад не би комуницирал со такви фаци но добро), еве ти го и ментил ти вика тотален рандомец што не се замара со политика го дели тој став. Не викаме дека тоа е репрезентативен примерок, ама впечатокот ми е дека генералното мнение е антируско. Вие читајте си тука глупости и пропагандни портали, ама реалноста е дека ако мнозинството се проруско настроени, немаше толку лагодно постмајден властите да си ја држат прозападната ориентација.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.836
Поени од реакции
36.873
Не знам што е толку чудно ако е анти-руско расположението на укранинците. Пет илјади украинци им убија во конфликтот, Крим им го отцепија плус војна и пустош им направија во два региони. Не знам што, со цвеќе ли да ги чекаат русите?

Цело време зборите дека оваа власт била наметната ама таа си е изгласана на избори. Про-руски партии во Украина се сега само маргиналци.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Со избори „поштени“ како тие во САД, каде Брендон освои најмногу гласови во историјата на сите избори? :)
Во вакви услови никогаш нема ништо да се смени во Украина, ако не е заради војна или заради државен удар.


Либераливе ти се платеници...
Либералите не ми сметаат, либтардите да. Тоа се две категории, третата се вработените во невладините организации: Тие се платениците.

...десничариве ти се нацисти, смешен си.
Не, туку тие што си правел муабет а иделе во паравоени групации, тие се нацистите.
Инаку јас лично ако морам да си залепам една од двете етикети, можам да кажам дека сум десничар (па не се рачунам дека следствено сум и нацист).


Ај што фактите ти се помешани, туку многу бинарно ги гледаш работите. Не е сѐ црно бело.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.014
Северната Балтичката Тихоокеанската а од денеска и Црноморската флота се на маневри на отворено море.Генерална проверка.Туку немам информација дали легендарната 58 армија-која ги спаси Осетинците и Абхазите од тотално уништување е тргната накај Ростов.Тие со зелените чалми на глава.
Тие бричат и шишаат бесплатно,особено шпиуни, предавници,нато платеници, и останат олош и изрод.
Каков лик. :lolzz:

Немам сретнато вакво нешто досега онлајн. Не може да е трол, изгледа си верува во ова што го пишува.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.014
Не знам што е толку чудно ако е анти-руско расположението на укранинците. Пет илјади украинци им убија во конфликтот, Крим им го отцепија плус војна и пустош им направија во два региони. Не знам што, со цвеќе ли да ги чекаат русите?

Цело време зборите дека оваа власт била наметната ама таа си е изгласана на избори. Про-руски партии во Украина се сега само маргиналци.
Вистината е дека скоро во сите словенски држави ставот спрема Русите е негативен. Само во Македонија и Србија уште се пишуваат поеми за бабушот. Полјаците не сакаат да ги навидат на пример, исто и Чесите и Словаците.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не гледам по која основа Хрватска и Романија, а голема е веројатноста е и Грција, да мораат да пратат војници во Украина и да влегуваат во конфликт со Русија, кога Украина не е членка на нато!

Само ние, први, ќе праќаме да ни гинат деца! Како држава, го пробиваме секое дно. Корипција, сиромаштија, животен стандард, образование, здравство (тука влегува и Ковид пандемијата), состојба во армијата (една од најслабите во Европа, каде по пред 3 години не можевме ни да ги опремиме)... Треба прво да си го средиме нашиот двор.

Не треба да праќаме војска во Украина, тоа не е наша војна!
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.836
Поени од реакции
36.873
А и Русите каква омраза шират кон Украинците алал им вера. Гледав инсерти од две-три руски ток-шоуа со Миленко Неделковски стил на водители и еден куп гадости се изназбореа за Украина и Украинците. Почнувајќи од тоа дека се измислена нација па се до тоа дека се еретици, платенички политичари пиеле крв од бебиња и какви се не глупости.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Потенка отколку меѓу Македонците и Бугарите (кои најмногу со нивната глупавост придонесоа да не сме во една силна држава).
Ретко кој сам си признава дека е бугараш, свака част на храброста.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.259
Поени од реакции
18.209
А и Русите каква омраза шират кон Украинците алал им вера. Гледав инсерти од две-три руски ток-шоуа со Миленко Неделковски стил на водители и еден куп гадости се изназбореа за Украина и Украинците. Почнувајќи од тоа дека се измислена нација па се до тоа дека се еретици, платенички политичари пиеле крв од бебиња и какви се не глупости.
И за нив е разбирливо. Украинците ги направија пепел тие региони кај што живееа мнозинство Руси. Цела војна таму се води, не во Киев или Лвов.
Одбиваат било какво мирно решение, задоени во главата за европа, не сакаат да ја видат фактичката ситуација на терен. Дека имаат 30 посто од населението што не сака да се двои од Русија и нивното мислење мора да го земеш во предвид ако не сакаш земјата да ти стане Сирија.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Од една страна е доста лесно да имаш презир за Украинците заради многу причини, али на крајот тој презир доаѓа во најголем дел од фактот дека се за жалење. Навистина за жалење. Ние поминавме лошо али они поминаа катастрофално. За 30 години стигнаа од еден од најиндустриските региони во Европа кој произведува авиони, вселенски ракети, сателити, моторни возила, бродови, итн ... до ќерките и сестрите да си ги продаваат како бело робје по европа додека мажите си ги испиваат животите ден по ден.

Нашиот пад беше од далеку помала висина и барем колку толку задржавме некакво човечко достоинство иако ментално веќе сите се распаѓаат и имаме катастрофална опоидна криза посебно кај постарата популација. Али они бе распукаа компетно на секое ниво.

И целата оваа сега "криза" сум убеден дека е ништо повеќе одколку борба кој да заврши со сметките на Украина зошто таму нема ништо повеќе. Се што можеше украдоа и разнебитија. За 5-10 години кога ќе се испензионираат последните кадри од Советскиот Сојуз и кога ќе почнат пензионерите да умираат, таму нема да остане ништо. 40% од популацијата за 30 години изгубиле и тоа спроед официјални бројки. Кој знае какви се бројките на терен.

Да влезат таму истражители и обвинители, доволно злосторства се имаат напревно против човештвото за нови Нирнбегшки судења да се организираат.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.259
Поени од реакции
18.209
Значи има корупција и корупција! Русија е покорумпирана, ама пак владее некаков закон, а како викаат: подобро лош закон отколку беззаконие.
Мислиш русите не виделе како се живее на запад? Не очекуваат зголемен животен стандард? Виделе и очекуваат, ама знаат дека никој ништо нема да им даде за подарок. Додека во Украина е паролата, држте го крадецот!
Не реков дека не треба да гледаат така кон Русија, ама реално за состојбата во Украина криви се Украинците, како и ние овде за нашата. Штом си дозволил Јулка да ти се плетка во секоја влада, значи не е до Јулка, до тебе е!
Русите страдаат од желба за грандиозност. Нз дали страдаат е правиот збор, ама пре би јаделе корења него да бидат во подредена функција на САД.И тоа е сосема океј.
Украинците го немаат тој проблем, они сакаат да бидат како полска, чешка и тн, привезок на западот во замена за поголем стандард. Баш цимеров имал живеено во полска пред војната, и кажуваше каква драстична разлика се случило, они константно надоле а соседите нагоре. Нормално е народот да си има право да избере што е подобро за нив, ама не е можно тоа за жал.

Мислам во голема мера делиме слична судбина, големо малцинство кое ти ја јаде земјата, со помоќна земја позади него. Што и да напраиш си поебан. Веројатно и исто ќе завршиме ако некој ги размрда лончињата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Желба за преживување не е исто со желба за грандиозност... Доволно е да се погледне што се дешаваше со Русија кога беа најблиски со САД (времето на Јелцин), невиден грабеж на природните богатства им се деси, невидено пропаѓање на индустријата.



Од една страна е доста лесно да имаш презир за Украинците заради многу причини, али на крајот тој презир доаѓа во најголем дел од фактот дека се за жалење. Навистина за жалење. Ние поминавме лошо али они поминаа катастрофално. За 30 години стигнаа од еден од најиндустриските региони во Европа кој произведува авиони, вселенски ракети, сателити, моторни возила, бродови, итн ... до ќерките и сестрите да си ги продаваат како бело робје по европа додека мажите си ги испиваат животите ден по ден.
Не верувам дека некој овде чуствува презир кон Украинците. Напротив... Сожалување да, уште повеќе заради сличната судбина што ја делиме.



Уфф, старо е ова... Одамна се зезавме за ова, и да знаеш во какви се матни работи е вмешан син му во Украина. Најмала работа е што со години беше во управен на Бурисма (како Газпром, само украински) и зимал милиони долари.




Ретко кој сам си признава дека е бугараш, свака част на храброста.
Повеќе им одговара името Македонци отколку Бугари. Оригиналните Бугари не им влегуваат ни 0.001% во генетскиот состав (и уште помалку од лингвистички аспект), плус се работи за релативно краток период од нивната историја.

сам си признава
Ама сепак добар обид. Најспособен и најконзистентен трол си на темава... Да не кажеш дека не сум те пофалил. :)
 
Последно уредено:

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Вистината е дека скоро во сите словенски држави ставот спрема Русите е негативен. Само во Македонија и Србија уште се пишуваат поеми за бабушот. Полјаците не сакаат да ги навидат на пример, исто и Чесите и Словаците.
Si imale rabota so niv. Tuku znajs kako, sto poblisku komsijata to povekje problemi so niv.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Желба за преживување не е исто со желба за грандиозност... Доволно е да се погледне што се дешаваше со Русија кога беа најблиски со САД (времето на Јелцин), невиден грабеж на природните богатства им се деси, невидено пропаѓање на индустријата.




Не верувам дека некој овде чуствува презир кон Украинците. Напротив... Сожалување да, уште повеќе заради сличната судбина што ја делиме.




Уфф, старо е ова... Одамна се зезавме за ова, и да знаеш во какви се матни работи е вмешан син му во Украина. Најмала работа е што со години беше во управен на Бурисма (како Газпром, само украински) и зимал милиони долари.





Повеќе им одговара името Македонци отколку Бугари. Оригиналните Бугари не им влегуваат ни 0.001% во генетскиот состав (и уште помалку од лингвистички аспект), плус се работи за релативно краток период од нивната историја.


Ама сепак добар обид. Најспособен и најконзистентен трол си на темава... Да не кажеш дека не сум те пофалил. :)
Џабе ретерираш сега, очигледна е бугарашката агенда што ја терате со кнезот, бачето и останатите "русофили".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom