Посольство России в Северној Македонии/Амбасада на Русија во Сев.Македонија
54m ·
КОМЕНТАР НА АМБАСАДАТА ВО ВРСКА СО ИЗЈАВИТЕ НА МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Со изненадување се запознавме со изјавите дадени последниве денови од министерката за одбрана на РСМ г-ѓа Петровска во врска со „поставувањето на вооружените сили од страна на Руската Федерација што е провокативно и има дестабилизирачко дејствување“ (интервју за ТВ24 од 23 јануари) и „изготвување на анализи за можностите за потенцијално учество“ на Армијата на РСМ во случај на „руската инвазија на Украина“ (интервју за ТВ Телма од 24 јануари).
Го обрнуваме вниманието на апсолутно јасните изјави на руското раководство – Русија никогаш никаде не му се заканувала на украинскиот народ и нема намера да презема никакви агресивни дејствија. Со други зборови, нема да извршиме напад, инвазија или да ја погодиме Украина. Во однос на руските трупи – тие се движат низ сопствената територија и имаат целосно право на тоа.
Што се однесува до Украина, Киев продолжува тврдоглаво да ги избегнува своите обврски од Договорите од Минск, кои вклучуваат, особено, воспоставување директен дијалог со Донецк и Луганск и внесување во Уставот посебен статус на Донбас. Доследно и целосно спроведување на „Пакетот мерки“ од Минск од 2015 година како безалтернативна основа за разрешување е неопходен услов за решавање на внатреукраинската криза.
Го гледаме ризикот дека Украина ќе стане поинтегрирана во НАТО, дури и без да добие формален статус на членка на алијансата. Тоа е она што директно влијае на безбедносните интереси на Русија. Постигнувањето на пресврт во оваа ситуација е во фокусот на нашето внимание. Ова е основата на нашите предлози за обезбедување цврсти, правно обврзувачки гаранции за безбедност од страна на САД и НАТО.
Се надеваме дека раководителката на Министерството за одбрана на РСМ ќе ја земе предвид реалната состојба при поставувањето на приоритетите за работата на министерството на чело со неа.
КОММЕНТАРИј ПОСОЛЬСТВА РОССИИ ОТНОСИТЕЛЬНО ВЫСКАЗЫВАНИј МИНИСТРА ОБОРОНЫ СЕВЕРНОј МАКЕДОНИИ
С удивлением ознакомились с высказыванијами в последние дни министра обороны РСМ г-жи Петровској относительно «размештенија вооруженных сил Россијској Федерации, носјаштего провокационныј характер и оказывајуштего дестабилизирујуштее воздејствие» (интервьју ТВ24, 23 јанварја) и «рассмотренија возможностеј потенциального участија» Армии РСМ в случае «россијского вторженија на Украину» (интервьју ТВ Телма, 24 јанварја).
Обраштаем внимание на абсолјутно јасные зајавленија россијского руководства – Россија нигде, никогда не угрожала украинскому народу и не намерена предпринимать никаких агрессивных дејствиј. Иными словами – мы не будем атаковать, нападать или вторгатьсја на Украину. В отношении россијских војск – они передвигајутсја по собственној территории и имејут на это полное право.
Что касаетсја Украины, Киев по-прежнему упорно уклонјаетсја от выполненија своих објазательств по Минским соглашенијам, предусматривајуштих, в частности, налаживание прјамого диалога с Донецком и Луганском и конституционное оформление особого статуса Донбасса. Последовательнаја и полнаја реализација минского «Комплекса мер» 2015 года как безальтернативној основы урегулированија – необходимое условие разрешенија внутриукраинского кризиса.
Видим риск в том, что Украина станет более интегрированној в НАТО даже без полученија формального статуса члена альјанса. Это напрјамују затрагивает интересы безопасности России. В фокусе нашего вниманија – обратить эту ситуацију вспјать. Именно это лежит в основе сделанных нами предложениј о предоставлении нам твердых, јуридически објазывајуштих гарантиј безопасности со стороны США и НАТО.
Рассчитываем, что руководитель Министерства обороны РСМ примет к сведенију реальное положение дел при определении приоритетов работы возглавлјаемого еј министерства.
