Геополитички размислувања за минатото и иднината на Македонија

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.704
Поени од реакции
48.997
Во било кој сојуз/федерација/заедница со само еден од соседите би биле тешко подредени и потчинети(со Србија е веќе пробано и утврдено). Во некое поголемо друштвенце, од пример Србија, Црна Гора и Бугарија, мислам дека би ни било полагодно.
Еквидистанцата не е чиста измилица на Киро, се провлекува како мотив поодамна.

пс. Не се овие муабети оф топик, имаме многу сличности од украинските партали, кога збориме за нас, во многу изгледа како нив да го дискутираме.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.377
Поени од реакции
6.991
Има една разлика тука, а тоа е дека земјите од источниот блок како Естонија и Полска буквално ги молат САД да отворат воени бази кај нив и молат за американско воено присуство. Тоа доволно кажува од која страна тие се чувствуваат загрозени.
Да се сложувам до некаде, поготово за Полска, која стрдала од Русија, не се сакаат баш. Ама исто ако гледаш, па и Белорусија е природно блиска до Русија и секако би застанале на стрсна на Русија. Е сега прашањето колку обичните луѓе во Естонија, Латвија, Полска, Словачка, Романија, Бугарија, прифаќаат да бидат топовско месо и жив штит на САД, Британија, Франција, Гррманија. Овие земји не се нити територијално загрозени од Русија, нити па Русија покажува такви претензии. Финска е најдобар пример за најдобар начин кога си помеѓу два огна, како да се заштитиш себеси. Они се свесни дека било каков конфликт меѓу САД и Русија најголема штета ќе предизвика во земјите од северна и источна Европа, а овие земји освен жртви, немаат никаква корист од тој конфликт. Тоа ми е поентата, народот не се прашува ништо, политичарите носат одлуки, кои во зависност од земјата, се диктат или од САД, Британија или од Русија. Моментот кога ќе се појави некој во Естонија, Полска, и другите држави, паметен и каже чекајте луѓе на наша глава ќе паѓаат туѓи бомби, по брза постапка ќе биде сменет од власт.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Да се сложувам до некаде, поготово за Полска, која стрдала од Русија, не се сакаат баш. Ама исто ако гледаш, па и Белорусија е природно блиска до Русија и секако би застанале на стрсна на Русија. Е сега прашањето колку обичните луѓе во Естонија, Латвија,Полска, Словачка, Романија, Бугарија, пригаќаат да бидат топовско месо и жив штит на САД, Британија, Франција, Гррманија. Овие земји не се нити територијално загрозени од Русија, нити па Русија покажува такви претензии. Финска е најдобар пример за најдобар начин кога си помеѓу два огна, како да се заштитиш себеси. Они се свесни дека било каков контакт меѓу САД и Русија најголема шѕета ќе предизвика во земјите од северна и источна Европа, а овие земји освен жртви, немаат никаква корист од тој конфликт. Тоа ми е поентата, народот не се прашува ништо, шолитичарите носат одлуки, кои во зависност од земјата, се диктат или од САД, Британија или од Русија. Моментот кога ќе се појави некој во Естонија, Полска, и другите држави, паметен и каже чекајте луѓе на наша глава ќе паѓаат туѓи бомби, по брза постапка ќе биде сменет од власт.
А Полска не страдала од Германија? 6 милиони Пољаци се истребени во втора светска војна. Да го поистоветуваш Советскиот режим со денешна Русија е исто како да ја поистоветуваш денешна Германија со нацистичка..... НОН СЕНС.
Автоматски споено мислење:

Како и да ја вртиш, идеата за некаков пријателство е тешка заблуда. Тоа што можело да се направи е од позиција на сила ние да ги диктираме нашите гледишта, како што сега они ги диктираат нивните.

А таква позиција на сила била можна само со брзо решавање на спорот со грците во 90ти. Така ќе го изгубевме античкиот дел, а вака ќе не срозат до 45та.
Има една поговорка „тивка вода брег рони“... постои решение за све. Бугарската самосвест е доста покревка од нашата. И како што кажав во Бугарија се мнозинство самосвесните „Македонски Бугари“ ...

Нашиот проблем не е дека сме прости, туку дека не сме опортунисти, влегуваме само во витешка борба и квичиме попут калимеро. Една работа е во право @Liechtenstein е дека господ нема да ни даде правда, ниту преку правдата ние ќе добиеме победа. Господ ни дал ум и разум и нова шанса, ние требаше во склоп на нашиот маневарски простор, тоа да го искористиме. Иако немаа многу маневарски простор, нашите политичари не искористија ниту една можност што им се нудеше.
Автоматски споено мислење:

On topic:

Денеска имало престрелки во Доњецк и Луганск, еден Украински војник е ранет, а еден проруски војник е заробен. Русија го повтори ставот дека нема да толерира воена активност на Украина врз про-Руското население. Дали тоа значи дека се доближуваме до воена разврска на настаните...

А сега и за смена на режимот се закануваат Британциве:

Тапшање по рамо... „Не се секирајте Украинци, позади вас сме 100%, само нека ве нападнат Русите, ќе ги утепаме со санкции“...

Уствари ако им инсталираат Русите режим на Украинците и Украина ќе биде под санкции... Ова повеќе ко закана му доаѓа одколку ко поддршка.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Најсмешно од се е што министерот за надворешни ни е Албанец, и тој преговара со Бугарија за нашиот взаемен однос. Покомично од тоа би било само да пуштиме некој Србин да преговара. Инаку, во Македонија уште од 45 е инсталирана клика која активно работи на тоа да не дојде до никакво зближување помеѓу Македонија и Бугарија.
Па, Србин преговара. :D Поточно Србин и Албанец. Маричиќ и Османи.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.431
Поени од реакции
11.348
Не, види, Србите и Хрватите многу се разликуваат од нас. Во физичка градба, јазик, историја, обичаи. Бугарите се потполно исти како нас. Повеќе постои разлика помеѓу еден Хрват од Осијек и еден Далматинец, отколку помеѓу еден Македонец од Струмица и Бугарин од Благоевград. Ние и Бугарите сме ист народ, кој таму каде што географски се допира е скоро ист, а на географските краеви е повеќе различен. Пак ќе ти кажам, едно големо недоразбирање. На ниту еден македонски револуционер никогаш не му била јасна разликата помеѓу Бугари и Македонци.

Македонскиот јазик, и вака канонизиран да личи повеќе на српскиот, е многу сличен со бугарскиот. Тоа се два дијалекти на еден ист јазик. Проблемот е во егото, наместо Бугарите да инсистираат дека македонскиот е дијалект на бугарскиот, треба да се согласиме дека двата се дијалекти на ист јазик, сеедно како ќе биде наречен.
Автоматски споено мислење:



Мислам дека во историската наука не постои ни грам сомнеж дека Самуил бил бугарски цар.
Разликата на еден од Осијек и Далматинец е како разлика на Скопјанец и Струмичанец, фак лоџик работава
да не спомнувам колку татарски зборови се исти со рускиот јазик додека 200% се различни од нашиот


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.377
Поени од реакции
6.991
А Полска не страдала од Германија? 6 милиони Пољаци се истребени во втора светска војна. Да го поистоветуваш Советскиот режим со денешна Русија е исто како да ја поистоветуваш денешна Германија со нацистичка..... НОН СЕНС.
Нормално, не треба да се поисответиваат, но на тоа се сведува цела западна пропаганда против Русија. Русија се претставува како не знам какво зло, кое сака да ја уништи секоја земја, а реалноста е дека во последниве 40-50 години тој западен свет, а и општо низ историјата има нанасено неспоредливо повеќе зло на било која точка на планетава.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Литванија, Летонија и Естонија се цврсто спонзорирани и се идентификуваат со Германија. Колку и да е контра руски настроено дел населението и владеачката клика, нема да играат против Германија. Во кризата со Украина, преку овие државички, ќе видиме колку Германија се има откачено од американското влијание.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Нормално, не треба да се поисответиваат, но на тоа се сведува цела западна пропаганда против Русија. Русија се претставува како не знам какво зло, кое сака да ја уништи секоја земја, а реалноста е дека во последниве 40-50 години тој западен свет, а и општо низ историјата има нанасено неспоредливо повеќе зло на било која точка на планетава.
Претоставувам, ако се водени од јагмата и Русија нема поинаку да се однесува од западот. Затоа јас сум заговорник на баланс помеѓу Европската цивилизација, тоа ќе донесе баланс и во светот.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.013
Па, Србин преговара. :D Поточно Србин и Албанец. Маричиќ и Османи.
Ме интересира што мислиш ти за односите на Македонија со Бугарија? И за тезата дека сме ист народ?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ме интересира што мислиш ти за односите на Македонија со Бугарија? И за тезата дека сме ист народ?
Мислам дека од чисто тактички аспект, апсолутно никогаш не требаше да се откажуваме од инсистирање на антика и слични недокажливи, по малце шашави теории.

Сега влегуваме во преговори во кои против нашите тези има еден куп на историски документи, докази, па дури и живи наследници на луѓето за кои преговараме/ќе преговараме. Ама па од друга страна, не сум видел некој што е толку трапав како Бугариве, иако со толку аргументи на нивна страна.

Објективно, имаме три патишта пред нас. Првиот е да влеземе во битка против сите, да тврдиме дека се е фалсификувано, дека сите не мразат, и дека внуците на Делчев (или било кој друг) не знаат што зборат. Не гледам што добро може да ни донесе тоа, ако земеме во предвид дека идејата дека можеме да опстоиме независно ја уништивме.

Вториот е да раскрстиме со цело југословенство, и да ја ревидираме македонската нација до начините на кои ја гледале војводите пред 100 години. Ама тоа ќе биде исклучително болно, и СДСМ не може да го истера, зошто ќе ги доведе до внатрепартиска шизофренија.

Третиот е да бараме прегратка од Белград, да прекинеме да биваме проблем за светот, и да живееме со нашата сегашна дефиниција за историјата во рамките на некој Српски свет, како што го нарекуваат Вулин и Дритан Абазовиќ.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.013
Вториот е да раскрстиме со цело југословенство, и да ја ревидираме македонската нација до начините на кои ја гледале војводите пред 100 години. Ама тоа ќе биде исклучително болно, и СДСМ не може да го истера, зошто ќе ги доведе до внатрепартиска шизофренија.
А кој би можел ова да го истера? ВМРО ДПМНЕ на Груевски беше парадоксално просрпски настроено, што е веројатно најголемата иронија во македонската историја, една организација која била антисрпски настаната да за врши како соработник на Србите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
А кој би можел ова да го истера? ВМРО ДПМНЕ на Груевски беше парадоксално просрпски настроено, што е веројатно најголемата иронија во македонската историја, една организација која била антисрпски настаната да за врши како соработник на Србите.
Во сегашнава ситуација? Никој. За тоа да се случи треба тактичност од Софија. Треба веднаш да признаат македонски јазик, треба сите мемоари што ги имаат на војводи да ги отворат за јавност и да инсистираат да се преведат на македонски. Треба да инсистираат мешана меѓудржавна комисија да оди низ архиви во Истанбул и да преведува документи од турски.

Вака од небо, како прокламација, ништо нема да се случи. Колку и да мислат заради нивната огорченост дека тоа е единствено историски праведно.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.013
Во сегашнава ситуација? Никој. За тоа да се случи треба тактичност од Софија. Треба веднаш да признаат македонски јазик, треба сите мемоари што ги имаат на војводи да ги отворат за јавност и да инсистираат да се преведат на македонски. Треба да инсистираат мешана меѓудржавна комисија да оди низ архиви во Истанбул и да преведува документи од турски.

Вака од небо, како прокламација, ништо нема да се случи. Колку и да мислат заради нивната огорченост дека тоа е единствено историски праведно.
Значи не ни гине спора смрт низ албанизација на државата?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Значи не ни гине спора смрт низ албанизација на државата?
Го немаат ни тие веќе тој демографски потенцијал да не угушат. Повеќе би рекол не ни гине имплозија во апсурд, каква што му се дешава на Косово.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Значи не ни гине спора смрт низ албанизација на државата?
Ти реков, албанофобијата ти е вишак во размислувањето и те тера да размислуваш неразумно. Ниту во најголемата експанзија биле опасни по нашето опстоење ниту пак сега се, што како кажува @Inglourious Basterd кога се во залезот на својот демографски потенцијал. Прошетај се малце низ Албанските села и ќе сватиш за што ти правам муабет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom