Јас знам дека е така. Јас само пишувам како треба да биди, и како е реално. Но, во практика не е така. Јас милион пати имам пишано дека и Западот и Русија си ги гледаат само своите интереси и дека и едните и другите не бираат средства за да си ги остварат. Ниту на Америте ниту на Русите им е гајле за Украина, Македонија, Белорусија итн. Нив им е битен само сопствениот интерес. Е сега, ако можам да одберам на кои земји би сакал да личи мојата татковина Македонија, тогаш повеќе сакам да личи на Западните, зошто имаат далеку поквалитетен живот од Источните. Реално е тоа така, е тоа им смета на зависно-независниве тука, зошто многу тука русофилството свое си го претставуваат како некој си вид неутралност.
Сме дебатирале како Америка се мешала во внатрешните работи на други земји. Еве јас велам, да се меша и тоа многу..Ама оди речи му дека и Русија го прави истото, ќе ти ги ископаат очите. Истиот лик тука на друга тема се имаме расправано до мугри, има обвинувано како Америка влегува во Авганистан, не смеј да се меша во работите на други суверени земји, а на оваа тема навива Русија да влези во Украина. Зарем тоа не се двојни стандарди и тешко мачкање очи дека се неутрални? Нема да ми биди проблем ако човекот си вика, еј јас сум русофил, и ќе си го бранам тоа. Ок, е тоа, поштовам. Е сега овие викаат дека тие се неутрални, дека не заземаат страна, дека не навиваат за никој. И како некој од членовите на форумот кои не сме нивни истомисленици, и не размислуваме како нив почнуваат да вреѓаат, и нормално е човек да се брани.