Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не глумам дека ме интересира правда, пишав мое видување на настанот од гледна точка на пешак, дека поминав таму по првите 15 минути...
Лични примери имам и јас без завршница. Знам и на блиски мои, знам и државава како функционира.
п.с. Крави немам, ама ако сакаш можам твоите да ги прошетам низ природа, не е проблем...
Ти имаш примери за кажување вака по форум само што не можеш да ги посочиш дека не постојат. Јас не дојдов да релативизирам, за разлика од тебе а крави не мора да имаш за да ги шеташ !!!
 
На раскрсници не работат?!?! Или на пешачки?
И таму и таму, еден од трепкаво жолто проработе, еднаш поминав, не знам како е сега, претставувам така било и вчера. Ваљда некој дефект имаат/ле.

Иначе за случајов, штом било трепкаво жолто секако е крив возачот, макар и со 10 возел.
 
Грдо е тоа раскрсниците да не работат семафори. Посекако будалски се вози по Булеварите, па уште без сигнализација им се чини на возачите богови се.

Имаше муабет дека несреќата е десена од втора лента. Дечкото и девојката гледаат лево прва десна лента најблиску до тротар имало возило кое застанува на пешачки. Овие почнале да преминуваат надевајќи се дека и овај ќе застане ама овај фатениов од втора лента. или такозвана брза ги собрал
 
Грдо е тоа раскрсниците да не работат семафори. Посекако будалски се вози по Булеварите, па уште без сигнализација им се чини на возачите богови се.

Имаше муабет дека несреќата е десена од втора лента. Дечкото и девојката гледаат лево прва десна лента најблиску до тротар имало возило кое застанува на пешачки. Овие почнале да преминуваат надевајќи се дека и овај ќе застане ама овај фатениов од втора лента. или такозвана брза ги собрал
За истата ситуација каде почина средношколец возачот го осудија 8 години затвор.
 
Добро е не го гонат за небрежност туку за умисла, плус за неукажување помош, така да ако нема некои дебели врски има шанси да добие барем четири години затвор.

Плус неработењето на семафорите ептен целосно ја префрла вината на него, при немање светлосна сигнализција, внимавање, запирање и успорување пред пешачки и раскрсница е свето правило во ваков случај.
 
Знаеш ли што значат тие 130 коња за Ц4? Тоа е дупло повеќе отколку што му треба на тоа Ц4 да вози нормално! Па сега ти види колку е малку тоа!
Знам што значат и 130 коња за таа кола се нормална јачина, не е ова ибица па стави и 60 коња. Искочи на автопат со Ц4ката со 60 коња дури стигнеш 100ка ти си фатил Солун више.

Трепкаво жолто, автоматски не смееш да шибаш на таква раскрсница, тука више нема дискусии што и како. Мене ми беше да не се става човекот на клада дури не добиеме детални сознанија. Што правиме ако беше спротивно претрчувале, еве прееска ми се случи на бул.Климент Охридски на место меѓу Театар Комедија и МОН кај што нема пешачки си претрча преку зелениот појас типот прескокна све мислиш трча 110м со пречки. А има два пешачки премини и кај МОН/Зграда на ЕУ и кај Комедија значи 50м подоле погоре.

На трепкаво жолто да возиш 80 на раскрсница кај што се разминува 6 со 4 е језиво.
 
Последно уредено:
Семафорите не работат поради опструкции од типот СДС-ВМРО.
Потпишани дог пред крај на мандат, и сеа се турка рејтингот на новите градоначалници. Во сите градови е слична ситуација.
 
На такви места, и да нема семафори, да се направени парампарче - се знае кој има предност и како се пристапува на една раскрсница.
 
Не е убаво вака што осудувате и зборувате. Дечкото има само 22 години, па тоа е уште дете. И на искусни возачи може да им се деси грешка во сообраќај. Поготово такви коа ќе закочат на сред улица и оди избегни ги без проблем.

Мене пред некое време ми се деси да закочи нагло тој пред мене и јас немав време да закочам а возев споро, пошо нагло типот мавна на кочница без причина, па се престроив во лева лента и малку понапред имаше кола и удрив во таа кола од позади. Немаше пешак, а тој што нагло закочи само продолжи да си вози. Неможе така во градски сообраќај. Имаше само мала, небитна материјална штета али поентата е зошто воопшто да се прави така во сообраќај?
Автоматски споено мислење:

I greota e deteto sea vo pritvor samo poradi pritisok od javnosta kao sto kaza negoviot advokat
 
Бараш одговорност од тој што закочил? Да си држел растојание, немало да удриш никој. Откаде знаеш зошто закочил, можеби му излегло нешто пред автомобил, можеби некој се мислел да истрча или слично... Твое е да држиш безбедно растојание.

И не зборуваш овде за мала грешка на неискусен возач, туку за огромна грешка, несовесно неодговорно опасно возење кое завршило со смрт на млад живот... Нема тука место за „абе се дешава“, човек бил убиен. Извини ама не чуствувам жалење за убијци. Повеќе од сигурно дека ова не му е прво глупирање, туку прво со последици. Единствено ќе додадам само дека системот овде е одговорен колку и прекршителот, сите гледаме идиоти секој ден како возат идиотски. Право чудо е како нема повеќе жртви.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom