Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.091
Поени од реакции
2.145
Лижење гз или упикување го викам јас тоа, Македонците како народ го имаат издигнато нивото на таа вештина.

Во фирмава од која си одам имам човек на кој прво вработување ко дизајнер и фронтендаш му беше на 45 години, најстариот кој се шифтал во IT кој го знам имал 60 години.
Лајк за вториот дел, годините воопшто не се битни за што било во животот, ако има човек воља и желба може се да научи.

И за првиот дел си грешка, тие софт скилс не се лижење кај шефот, тие се да знаеш како со сите, небитно која позиција ја држат.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Лижење гз или упикување го викам јас тоа, Македонците како народ го имаат издигнато нивото на таа вештина.

Во фирмава од која си одам имам човек на кој прво вработување ко дизајнер и фронтендаш му беше на 45 години, најстариот кој се шифтал во IT кој го знам имал 60 години.
Па не би рекол дека е тоа упикување. За да водиш некој тим треба да ги имаш тие софт скилс за да исхендлаш ако се појават конфликти, треба да знаеш како да комуницираш и со тие над тебе. Па ако доаѓаат клиенти/претпоставени од друга земја и култура, па ти треска глупи барања кои самиот знаеш дека се и тапа од бизнис и од секаков апсект и треба некако културно да му објасниш тоа.
Друго има ептен политички коректни срања ти треба да си трошиш време понекогаш да анализираш дали има нешто двосмислено додека ти си професионален и тотално искрен.
Не сум нај нај во овие работи иначе :icon_lol:
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Спомна некој претходно, некои луѓе сакаат да бидат во таа комфор зона и не сакаат да се потрудат за повеќе. Јас сум во ИТ сектор и можам да ви кажам дека и таму има македонски фирми (мали маалски фирми што ги викаат) каде што не е сѐ сјајно.

Јас ја имав таа среќа (или несреќа) да почнам во една таква и после некое време ми стана јасно дека таму нема иднина. Се работеше кога има работа само, со големи паузи и по застарени методи. Можев и јас да си седам и да си уживам ама во меѓувреме користев слободно време за да учам работи што ќе ми помогнат да поминам на интервју во друга фирма. После година дена кога не ми ја зголемија мизерната плата и решив да менувам, имав 7 поминати интервјуа за работа и самиот бирав каде ќе продолжам. Девет месеци откога сменив работа платата ми порасна за 120%, а такво нешто можев само да сонувам на претходната.

Е сега, во првата фирма имаш луѓе кои седат по 5 години и земаат помалку од мене. Ама нив им е убаво да си уживаат и не сакаат да напредуваат. Имавме пред некој месец отворена позиција и препорачав колега од претходна фирма кој беше perfect match за позицијата. Му пишав дека ќе го контактираат и дека е препорачан од мене. Требаше само да оди на интервју за да зема дупла плата од моменталната. Одговорот беше не сакам да менувам работа убаво ми е тука. Не е дека нема опции, секогаш може да се најде нешто, само кој колку сака да се потруди. Комфор зоната ја убива секоја шанса за напредок.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
3 забелешки плус на темава:

1. Да не заборавиме само дека докажано е дека парите "купуваат среќа" само до одредена сума, над таа сума, веќе не оди правопропорционално среќата со сумата пари. Секој треба да си размисли што цени во животот. Значи од една страна да има работа која му ги плаќа животните трошоци и му дава поттик и цел, а од друга страна да има квалитетен живот. Не е чудно балансот да биде off голем дел од времето, ама да се стремиме да биде тука негде, умерено да се тераат двете полиња.

2. Да не ги потценуваме луѓето што се на работни места со пониски примања. Ако се во моментов таму, не значи дека немаат желба за повеќе понатака. А и да е така, да немаат желба за повеќе, и тоа е ок. Не знаеме што се случува во нивните животи. Ич не сакам примери као "знам еден ваква и вака", пошто тоа е еден случај за кој знаеме нешто, пак само дел од целата слика.

3. јамајка ме праша дали би прифатила 1200 евра плата (јас пишав дека зимам доста помалку од 1000евра = просекот што се бара во темава). Па да, ама ако се истите услови со овие што ги имам сега, исти обврски и исто работно време. Пошто сум отприлика на максимум од тоа што сакам да го понудам на работно место во овој момент во животот. Имам дете што зависи целосно од мене во втората половина од денот, ја не можам едноставно да умирам на работа или да седам прекувремено, како што сум правела порано. Во однос на преквалификации, не ме интересира IT, не се замислувам таму, колку и да е платата. И со оваа диплома веројатно можам да работам на поплатени работни места, па сепак не се замислувам на тие позиции во моментов.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.620
Поени од реакции
18.094
Па не би рекол дека е тоа упикување. За да водиш некој тим треба да ги имаш тие софт скилс за да исхендлаш ако се појават конфликти, треба да знаеш како да комуницираш и со тие над тебе. Па ако доаѓаат клиенти/претпоставени од друга земја и култура, па ти треска глупи барања кои самиот знаеш дека се и тапа од бизнис и од секаков апсект и треба некако културно да му објасниш тоа.
Друго има ептен политички коректни срања ти треба да си трошиш време понекогаш да анализираш дали има нешто двосмислено додека ти си професионален и тотално искрен.
Не сум нај нај во овие работи иначе :icon_lol:
Ја ти зборам за софт скилс во македонска фирма, не мора да е ит.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ја ти зборам за софт скилс во македонска фирма, не мора да е ит.
Да, тоа е дефинитивно најголем проблем. Онака 5 мин у денот праат муабет со газдите и мислат дека си ја одработиле смената, после се на релакс. :sleep:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.582
Поени од реакции
62.651
Е сега, во првата фирма имаш луѓе кои седат по 5 години и земаат помалку од мене. Ама нив им е убаво да си уживаат и не сакаат да напредуваат. Имавме пред некој месец отворена позиција и препорачав колега од претходна фирма кој беше perfect match за позицијата. Му пишав дека ќе го контактираат и дека е препорачан од мене. Требаше само да оди на интервју за да зема дупла плата од моменталната. Одговорот беше не сакам да менувам работа убаво ми е тука. Не е дека нема опции, секогаш може да се најде нешто, само кој колку сака да се потруди. Комфор зоната ја убива секоја шанса за напредок.
Ех, мојот најдобар другар е таков, и цел живот мака мачам да го убедам да се потруди повеќе за да заработи повеќе. Работиме во истата компанија, јас земам х3, х4 плата од него. Не е дека е глуп, туку едноставно, не сака да се посвети на работата барем 30% повеќе. 100% е свесен дека ке му качат плата ако се потруди, не е дека ке работи повеќе, и дека нема да му е платено.

Ко што вели изреката, ти можеш некој да го однесеш до изворот, ама не можеш да го натераш да пие вода.

Така ги перцепцирам луѓево со интелигенција, но минус амбиција. Дојде нов лик од Србија, и за 2 години го помина по заработка.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.620
Поени од реакции
18.094
Да, тоа е дефинитивно најголем проблем. Онака 5 мин у денот праат муабет со газдите и мислат дека си ја одработиле смената, после се на релакс. :sleep:
Многу работи опфаќаат софт скилс, меѓутоа праксата, особено во македонски/балкански фирми ме навела до заклучок дека тоа се вика пикање. Да, ако си одговорен за тим од луѓе покрај тоа што треба да бидеш стручен, треба и да имаш живци заедно со тие луѓе да ги решаваш проблемите кога проблемите ќе настанат. Човек кој почнува да влегува во конфликти и користи навреди не би можел да биде дел и од тим, а не па да го води. Меѓутоа сум бил и дел од фирми каде односот кон вработените бил на највисоко ниво, но сепак наградувани биле само слаткоречивите и најсоцијално експонираните, не тие што завршувале најголем дел од работата. Ако тоа се софт скилс и фирмата пред се цени таков кадар, јас не сакам да бидам дел од таква фирма.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.030
Поени од реакции
714

Не е пикање или упикување друже. Тоа е способност да се справиш со секаква стресна или незгодна ситуација, со минимум припотресување. Секој човек, соработник, муштерија има свое мислење и свој табиет. Треба да научи човек да маневрира и да ги релативизира туѓите тупења со цел да продолжи одредена работа, проект, процес или како сакаш кажи го, да се турка понатаму.

Јас цел живот работам со луѓе, по моја процена со над 150-200 соработници и хонорарци за 15 години, а се имам скарано со двајца или тројца само. Пред се човек треба да научи со секоја особа до каде и како можеш да комуницираш.

А ние сме поднебје кај што не постои професионалност и многу често обврските не се завршуваат па секој мораш да го буткаш, а притоа да нема расправии. Плус и релативно ниските плати ја потенцираат уште повеќе непрофесионалноста.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ме цитираш за тотално неповрзана работа со мојот пост, не гледам каде во мојот пост викам дека е поинаку од тоа што си го пишал.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.030
Поени од реакции
714
Нема везе, појше ми беше у контекст дека софт скилс ги спомна како пикање.

Нишо страшно.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.790
Бегање од тема скроз, ама сепак...

Тенка е границата меѓу јаки професионални софт скилс, упикување, lickspittle, патолошка екстроверзија. Секако и претеран егоизам и самоувереност - има фаци што ќе прочитаат 5 реченици, или ќе видат нешто од некаде и ќе зборат, ќе ти објаснуваат 15 минути вака треба онака треба, видете ме колку знам, додека другите превртуваат очи...
Менаџерче/шефче некое што единствен скил кој го носи во себе е способност за наредување и делегирање надлежности, секако и солење памет како нешто треба да се направи притоа немајќи поим за истото :)

Вакви ги има насекаде, во секаква фирма и во секоја држава.
Истите се најпосакувани работници за газди/сопственици. Diehard employees. :pos:

Особено од аспект на интроверт ова е многу забележливо и ствара cringe...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.619
Поени од реакции
26.134
3. јамајка ме праша дали би прифатила 1200 евра плата (јас пишав дека зимам доста помалку од 1000евра = просекот што се бара во темава). Па да, ама ако се истите услови со овие што ги имам сега, исти обврски и исто работно време. Пошто сум отприлика на максимум од тоа што сакам да го понудам на работно место во овој момент во животот. Имам дете што зависи целосно од мене во втората половина од денот, ја не можам едноставно да умирам на работа или да седам прекувремено, како што сум правела порано. Во однос на преквалификации, не ме интересира IT, не се замислувам таму, колку и да е платата. И со оваа диплома веројатно можам да работам на поплатени работни места, па сепак не се замислувам на тие позиции во моментов.
Поентата што ја имав на темава, не е како да се снајдеме и да смениме струка за да имаме толкави примања, туку колку е доволно за да се има таков еден живот. Не можат сите да бидат IT или директори и газди. Поентата е сите да го имаат тоа, или барем повеќето. А тоа значи дека за твојата досегашна работа да добиеш не само поголема плата, туку и човечки услови кои нема да ти го одземат квалитетниот живот со твојата фамилија. Снаодливоста е ок и сепак сметам дека како нација сме мошне снаодливи ако се има во предвид колкав број на шифтања имаме од една струка во друга. Но мојата поента е дека сите треба да имаат достоинствен живот, нормално некој помалце некој повеќе во зависност од тоа колку сакаат да се ангажираат и колку вложиле труд за напредок. Но тој достоинствен живот да го имаат сите струки.
Автоматски споено мислење:

Бегање од тема скроз, ама сепак...

Тенка е границата меѓу јаки професионални софт скилс, упикување, lickspittle, патолошка екстроверзија. Секако и претеран егоизам и самоувереност - има фаци што ќе прочитаат 5 реченици, или ќе видат нешто од некаде и ќе зборат, ќе ти објаснуваат 15 минути вака треба онака треба, видете ме колку знам, додека другите превртуваат очи...
Менаџерче/шефче некое што единствен скил кој го носи во себе е способност за наредување и делегирање надлежности, секако и солење памет како нешто треба да се направи притоа немајќи поим за истото :)

Вакви ги има насекаде, во секаква фирма и во секоја држава.
Истите се најпосакувани работници за газди/сопственици. Diehard employees. :pos:

Особено од аспект на интроверт ова е многу забележливо и ствара cringe...
Тоа се вика полтронство и нашите газди многу паѓаат на тоа. Суетата го прави своето и газдите повеќе ценат yes-person, одколку човек кој својот став го држи, па макар и бил отпуштен. Ова со чест на исклучоци.

За полтрони, можам да речам дека тие се шлајм од најдолен карактер. Тие први ти го вртат грбот и први го напуштаат бродот (не кога тоне, туку кога почнува да се љуља).
 
Последно уредено:
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Не е така едноставно.
Еве тргнувам од себе си.
Сум во дефицитарна струка, подефицитарна не верувам дека има во цела европа и сите тие држави за емиграција што се популарни сеа, потребите од моите услуги се енормни, работа имам колку сакам. Едвај чекаат да прифатам дека би работеп по 15 саати, ќе ми ги дадат.
Пробувам да не претерувам со саати пошо уште сум во фаза на учење некои работи. На работа работам 8 до 9 саати во три смени, сите саати се ефективни и дома уште по 2 до 4 учам ...
Платен нешто посебно не сум, барем засега...Секој од ај ти во градов зема барем 2х до 3х поголема плата од мене. Буквално секој ајтиевец во Македонија зема повисока плата од мене.
Да бев во Скопје ќе работев 10% помалку ефективно додуша, а ќе имав макс 400 евра плата...
Така да не е се така како што некои викаат.
Дефицитарна струка не е гаранција за ништо, учење исто не е гаранција, па и работливоста во мојов случај исто така не е нешто посебно наградена.
Моментално се тешам дека ќе добијам некоја австралиска виза па таму да видам нешто повеќе пошо е далеку поценета таа струка таму...

Ама да менувам во ајти после 10 години учење во дефицитарна струка би било рамно на лудост...
Zosto bi bil lud? Ako mislis deka ke ti go olesni zivotot go for it.
Lugjeto menuvaat struki postojano, sto e sosem normalno. Jas smeniv struka bidejki posakav da rabotam nesto drugo i zemav diploma i odma pocnav so rabota.
Pokraj toa sto nekolku pati godisno odam an kursevi radi rabota(CPD and all that), lani upisav i univerzitet na stari godini, upisav kurs za pijano(ko hobi), plativ 2 kursa na udemy za web developer(uste ne sum gi ni videl bidejki imam isipti na uni, ali web developer mi treba samo za mene bidejki imam nekoja luda ideja u glava koja bi pravela pari).

Da mi kazese nekoj deka na ovie godini ke ucam site ovie raboti ke go pravev lud, ali sakam da imam poveke opcii otvoreni i da si biram sto sakam da rabotam.

Nikogas ne e kasno da se pocne nesto novo dokolku stvarno te vlece i sakas da smenis kariera ili pa samo sakas da naucis nesto novo.
Автоматски споено мислење:

Лижење гз или упикување го викам јас тоа, Македонците како народ го имаат издигнато нивото на таа вештина.

Во фирмава од која си одам имам човек на кој прво вработување ко дизајнер и фронтендаш му беше на 45 години, најстариот кој се шифтал во IT кој го знам имал 60 години.
Zosto lizenje? U moja struka ja bukvalno treba da razgovaram so lugje na site pozicii, od cistac koj e na minimalna plata do direktor/sopstvenik na firma koja vrti milllioni pa i bilioni. Pocesto ovie vtorive se nauceni da bide 'my way or no way' ali toa bas i ne pali kaj mene, i koj saka neka e ako nesto ne e kako sto treba ke mu recam ne moze taka, ali treba da znaes kako da go kazes ova 'ne' bez da go uvredis ili iznerviras. :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom