@Чекич уште форсира дека тој што ќе продадел напаѓач на сметка на десен бек бил глупак, или не дај боже Горилаз, како да не навива за тим кој цела деценија игра со умрени бекови. Како да го нема пцуено Кандрева со години, како да нема уживано во игрите на големиот Џонатан.
Само една работа да ти кажам, Роналдо Луис Назарио Де Лима Најголемиот, лани во текот на сезоната изјави: замислете да игравме јас и Хакими во ист тим!
Значи Роналдо Луис Назарио Де Лима Величенствениот навечер пред спиење си замислувал каква перверзија би била кога тој играл да го имал Хакими во тимот, а да не спомнуваме со кого се нема играно. Значи не рече: замислете јас и Лаутаро да бевме тандем! Или јас и Ромелу Болинголи Менама да му е*ам првиот допир Лукаку, да игравме заедно.
Ете толку вреди Хакими. Нити Лаутаро ниту Лукаку ќе бидат најдобри на своите позиции, Хакими да. 3-5-2 играме што не се може без саглам бекови, а играме со Ди Марко и се надеваме дека на Дензел ќе му тргне. За ова ние што го играме многу поважни беа тие продори по десната страна отколку кој ќе ја турне во мрежа.
Сето тоа на страна, од оваа перспектива мене ми делува како Мората и Перо да знаеле одамна дека нема да можат да го спречат трансферот на Лукаку, па затоа кренаа рачна на Лаутаро. По секоја логика Лаутаро беше прв за продавање: најмногу можеше да се заработи на него во смисла на капитал гејнс, подолго беше во клубот, веќе придонесе со нешто, додека Хакими само што дојде и експлодираше и имаше да даде многу во следните години и пак да биде продаден за висока сума, и на крајот затоа што е полесно да најдеш замена за напаѓач отколку за десен бек (види Кореа и Дензел) иако се разбира и двата се даунгрејд.