Мистериозно исчезнување на хрватски државјанин во Белград

  • Креатор на темата Креатор на темата Centarski
  • Време на започнување Време на започнување
Пред 4 дена беше реконструкцијата прикажана на интернет од полицијата.Во почетокот имаше сомнеж дека некој од пријателите му ставиле нешто во пијалакот, па потоа татко му изјави дека тој не е тој тип кои користи алкохол, наркотици и дека е спортист, и потоа тоа го изјави уште и еден негов другар во полиција.Во почетокот беше малку чудно од неговите другари што пријавиле во полиција многу касно, и кога ги прашале инспекторите зошто не дошле порано, овие рекле бидејки биле под дејство на алкохол, што е и логично.Потоа кога во камерите се виде дека сакал да влезе во такси, еден и од инспекторите рече дека користел алкохол.Се збореше и дека кога биле во клубот имало караница меѓу другарите на Матеј и од момци од Задар, но тоа сите негови другари во полиција рекоа дека не било точно.Малку е чуден овој случај, има многу нејаснотии, само интересен е еден факт дека еден другар на Матеј пред неколку години е осуден за 3 убиства.
Не му е другар, туку познаник. Со оглед на тоа дека Сплит не е мегаполис и на слична возраст се тоа не е ништо чудно. Тоа е моментот сега, од секој контакт и од секој можен момент во животот негов се прави фама, па така и неговото наводно другарување со Филип Завладав кој ги рокна дилерите на брат му со калашников во центарот на Сплит сред бел ден.
 
Демек последните 2 повика му биле кон некоја девојка, сестра на негов другар кој не отишол во Белград.
 
Има буквално илјадници случаи по светот на вакви исчезнувања, а човеков кој исчезнал е ептен dead center во профилот на оние кои исчезнуваат, како што спомена Берик или да не ги пронајдат никогаш или да ги пронајдат на место кое претходно веќе било повеќепати пребарувано.
Генерално, овие дешавки се делат на два дела, исчезнувања во слатководни површини (значи не во мориња и океани) кои минуваат низ град или се во урбана средина и исчезнувања во дивина.

Еве пред неколку дена типичен случај

Интересно е што жртвите се обично физички здрави, често се бават и со некој спорт и најбизарното, обично се работи за привлечни машки лица. Не се џанаци или кримоси или не знам што како што порталиве шпекулираат туку обично примерни дечки, понекогаш поднапиени и ништо повеќе од тоа.
Не знам од каде им е инфо дека бил џанак?! Нема ни тело ни токсиколошка анализа а ова све го прогласиле за наркос...
Има некои теории како онаа за смајли фејс и 411 но сеуште тоа се само хипотези...
Извинете, а каде е Берик? Што пишал?

Со новите имиња бааѓи збунувачки.
 
Леле колку ме нервирате со тоа издрогирала. Многу лесно му судите на човек.
 
Последно уредено:
Леле колку ме нервирате со тоа издрогирала. Многу лесно му судите на човек.
Кој нормален/трезен зимно време на -степени би испаднал надвор да трча во 1 часот на маица и без јакна?
 
Кој нормален/трезен зимно време на -степени би испаднал надвор да трча во 1 часот на маица и без јакна?
Баш тоа е интересно. Изгледа ко да има точно одредена цел кон која се движи. Не гледа ни лево, ни десно. Само право! Дезориентиран човек не се однесува така. Моториката му е прилично стабилна.
 
Го изгледав видеото и можам да кажам дека дечково не е свесен што прави. Имам чичко шизофреничар, без причини познати за нас, со трчање има избегано во планина и тоа бос. Среќа негова го најдоа со кучиња полицајците, да му текнело еве во река да влезе толку од приказната.
 
Леле колку ме нервирате со тоа издрогирала. Многу лесно му судите на човек.
Јас барем не го кажувам тоа во негативен контекст, само како претпоставка која можда би влијаела на ситуацијата. Не му судам, ниту го квалификувам ко наркоман.
Едноставно премногу околности има кои може довеле до неговото однесување. Може бил во депресија па посегнал по животот под дејство на алкохол и наркотици, може трипал па паднал во водата или скокнал да се отрезни/олади. Може имал некое заболување ко што кажаа погоре.
 
Еден од другарите што бил таму во размена на пораки со девојката кажал дека конзумирале наркотици :coffee:
 
Според муабетот правеле или табли или пјур. Матеј немал средено за него (решено - хрватски сленг ако добро сфатив), па отишол да земе изгледа. Ако користел телеграм или слична апп за да договори, полицијава нема да може да открие никогаш. Дали се изгубил па паднал или можда поред сава се наоѓал со дилерот се рчнале или сакале да го ограбат, па паднал во сава. Ако добро се сеќавам не е снимен со камери делот кај што се симнува и има дел што не може да се види кај се наоѓа пред да се префрлат на снимките од реката.
 
Еден од другарите што бил таму во размена на пораки со девојката кажал дека конзумирале наркотици :coffee:
Зарем полицијата не им проверила крв или урина на сите негови другари за да потврдат дали имале или немале некој такви психотропни супстанци идр!?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom