Прилично сум сигурен дека за жал, шансите за лицето да е сеуште живо се премали. Но, не треба да се отфрли и таа веројатност. Овој случај стана мега популарен поради необјаснивите околности и од причина што морбидната љубопитност на човекот нема граници. Го изгледав целосно видеото и според него, Српското МВР е и те како ангажирано за разрешница на случајот, само мислам дека сите расположливи факти им се исцрпени и сега талкаат во круг.
Од искуство, ова е нетипичен пример за типично самоубиство. Со тоа што сликата станува матна во однос на начинот на неговото сторување, како и моментот на одлучување за посегнување по својот живот.
Има одредени факти за кои тешко може да се даде некое логично објаснување. Несомнено е дека човековиот мозок работи чудно, а и првите знаци на непресметливост или општопознати дијагнози обично се јавуваат на таа возраст. И ако еве земеме дека лицето било подложно на шизофренија, дефинитивно е можно вакво постапување. Во последно време, поготово со почетокот на пандемијата, има еден тон самоубиства низ земјава, а од нив има премногу афектни и сторени без некоја посебна причина, токму од страна на дијагностицирани лица. Од друга страна пак, има исто многу самоубиства предизвикани од надворешен фактор, долгови, закани, депресија, безнадежност... Доколку се искомбинираат овие две типични причини за посегнување по својот живот, исходот е тажен.
За конкретниот случај, може да станува збор токму за симбиоза од дијагноза и долгови/закани, па оттука и депресија и безнадежност. И не сакам да го слушнам тој израз "Не би поверувал дека он ќе се самоубие, не е таков човек". Не сме свесни дека секој од нас, не дај боже, и те како е способен. Затоа е и кажано: "5000 евра се малце за трошење, а премногу за долгување". Познавам многу примери каде одлуката за самоубиство паѓа веднаш во моментот и нема никаква шанса истата да се претчувствува и спречи од најблиските. Капак на ова, ако лицето конзумирало алкохол и дрога, што не гледам никаде да е потврдено, а е мошне веројатно, би можело да се олесни склопувањето на мозаикот. Наркотиците влијаат на секого различно, некој со една линија ќе се топи и ќе гушка рандом луѓе во диско, а некој ако е потенцијален шизофреничар, може да влијае и да го извади најлошото од човека. Теоријата на уделот на неговите другари ми е помалце веројатна. Можеби ако се скарале или да се чувстувал отфрлено во некој момент, па да влијаело за трагичниот крај. А тоа дека ватерполист не може да се удави, според мене е само црпење на секоја тронка надеж на неговата фамилија. Да, најтешко е човек да изврши самоубиство со давење и случаите се екстремно ретки, ама не е ништо невозможно. Мене ме мачи фактот дека лицето се обидело да влезе во такси. Каде наумил да оди? Да се врати назад на забавата, да оди надвор од градот, што подалеку од луѓе?
Како и да е, може ние само да претпоставуваме и да фрламе теории за тоа што се случило. Можеби некои теории се поверојатни од други, ама никогаш нема да бидеме дефинитивно сигурни за причината, а се надевам за брзо ќе се разреши барем последицата.