Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
p.s Колку примања се потребни? Зависи од шо возен парк имате... ние на пример во друштвото сме 4 опелаши и сме отепани голтари. Во дворов моментално го имам и имам трошок на него од минимум 6к денари, само здраво шо ќе му речам.
p.s2 Иначе сметам се испод 2к евра е малце.
p.s3 Шо ви смета кам толку бе? Детството ми помина со тоа фиеста никаквото кафе и млеконо бела фарм од 30 денари.
 
Не е срамота да се работи во маркет ама платите треба да се минимум 1000 евра.
 
Не знам за вас, ама мене ко бев малечка желба ми беше кога ќе пораснам да бидам касиерка и да ги титкам продуктите на каса.
 
Ај што кажувате смешни суми за "пристоен" живот, најсмешно е што очекувате дека ако вие заработувате 1000 евра, истото треба да го прави и сопругата, минимум 2 такви мислења прочитав. Жената нема да биде достојна за "пристоен" живот ако не заработува толку?! Не ме цитирајте како погрешно сум ве сфатила, едноставно таков впечаток добив, прашањето е хипотетичко.

Мене лично не ми треба 1000 евра плата, живеам пристојно со помалку. И тоа со семејство, дете, кредит, сето тоа. Јас и да бев професорка, немаше да ги работам тие проекти на страна, освен ако не морам ради пари, или ептен ме интересираат во моментот. Не ни е на сите професијата и парите врвот во животот. Колку и да ја сакаме професијата. Нема потреба да правите идоли од парите. Изгледа заборавате дека се` си има своја цена. Може ќе најдете сопруга што ќе заработува многу, но нема да се вртка ич дома итн.
Дали тоа значи дека би одбила 1200 евра плата и дека лошо би ти дошла?
 
Не знам за вас, ама мене ко бев малечка желба ми беше кога ќе пораснам да бидам касиерка и да ги титкам продуктите на каса.
И зш стана доктур?
Автоматски споено мислење:

Каде се наоѓа таа Македонија каде 30% од семејства имаат 2000+ евра примања, не за друго да ја посетиме и ние сиромавите, да видиме како изгледа тоа?
У Скопјето
 
За каква визија се расправа тука, познавав неколку лица кои имаа визии ама ниту еден од нив не се збогати, дури еден крадеше од кај неговите покуќнина :angel:
 
Каде се наоѓа таа Македонија каде 30% од семејства имаат 2000+ евра примања, не за друго да ја посетиме и ние сиромавите, да видиме како изгледа тоа?
Има смисла ова. Не можи 2000 али блиску. Обично има многу по фабрикиве шо земаат до кај 30.000 по чоек со саботи, 2 по фамилија ете ги 60. Децата или се Германија или Скопје со над 25к. Ова ти го кажувам барем од мое опкружување.
 
Не, туку сакав да го прочитам тоа што го тврдиш.
Мислам дека тоа „тапкање во место“ се должи на немање храброст за барање, покренување други алтернативи и отварање на нови можности во однос на работата. Во Македонија луѓето се навикнати на „ќути има и полошо“ и со таа девиза 1 продавачка ќе заглави 20 години на каса во КАМ маркет, за мизерни 18,000 денари. Наместо да се води од девизата „има и подобро“, да си го цени трудот и да се ориентира на нешто друго.
Можности има многу, само треба да се има храброст, визија и одлучност.
Секој почеток е тежок, препреки, падови, ама ако не пробаш, нема да знаеш.
Убаво е човек да се задоволува со мали нешта, ама секогаш треба да цели кон повеќе и кон подобро.

Единствено на луѓето без визија, пристојниот живот им изгледа како луксуз

Овие твои мизерни 18к за некого се недостижни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom