Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
2000 збориш за единец сам? Или за некое семејство 3/4 члена? За сам да, се согласувам. Можеби не е „кралски“, ама релативно многу добар и доста стабилен живот. За семејство со 4 члена, 2000 еур е преживување.

А дека глеам коментари се споредуваме и со други блиски европски држави, пуштете си СпортКлуб и гледајте ги рекламите од Словенија у маркети. У просек, за нешто сме поскапи или исти со цени во маркети во Словенија.
А ако уште си бладаме дека сме некоја еФтина држава односно у случајов, градов Скопје, седнете на кафе у центар, било каде у било кој кафич. Кафе и сок е 3 евра. Епа сегде у околина, па дури и Германија, кафе и сок е ќе се напиеш за 3 евра. Со цени не сме далеку од Европа, далеку сме со плати и живот.

И горе другаров што пишал дека чоколадо и кафе биле луксуз, живее у некој свој свет. Во 2022 година, во „централна“ европска држава, да ми кажеш дека ако купам чоколадо е луксуз и затоа немам пари, би те тепал. Срамота е така да делиме. Луксуз е виски и пура секоја вечер, а не чоколадо.

Добро сеа да не претеруваме, 2000 евра за 3-4 члено семејство се доволно за нормален живот не за преживување ама не и за живеење како цар што пишуваа тука некои.. Доволно се за отплаќање на стан, кола, еден скромен одмор на лето и зима и да не одиш со броени пари во маркет за друго тешко дека ќе има..

Ја спомна Словенија цените во Марибор од квадрат, сметки, градинки, транспорт па и овошје/зеленчук ти се 40-50% повисоки од кај нас
 
Стан: 300 ЕУР месечно (правиме маубет за 4 души да живеат бар во 70 квадрати, а не у гарсоњера од 25 па рата да е 100 евра)
Кола: 150 ЕУР месечно
Струја: 4,500 ден. / 75 еур (просек месечно)
Интернет/Телефонија/Телевизија за 4 души: 120 ЕУР месечно
Храна само од маркет: 500 еур месечно (или по 4 евра по чоек дневно, што е малце)

Работи што 90% од население ги има и мора да се плаќаат.

Ова е математика што се прави онака од ракав и да се надаме дека само тие ни се давачките. Значи да живееме како црнци, работа - дома, јади леб и манџа, спиј, па пак истото. Сите 4 души ако ни еден кредит, немате картичка, немате никакви давачки, ондак свака част. Ја не познавам у моментов човек што нема бар 1 кредит или минимум една картичка заглавена. Не дека сакаме да се курчиме, мораш да имаш. Татко ми не ми оставил 20 ниви и фабрика јбг.

Сеа, кај се сите други глупости што ти доаѓаат? Треба ли децата да идат на школо, да јадат да пијат, да излагаат со другари? Или замисли да се бебиња? Па кај се тие сите кашички, витамини, пелени и остали глупости? Колички, играчки, крпи за повраќање бла бла бла бла... Ти некад да идеш на гости, на свадба, на прослава, да купиш поклон, да кушиш парче облека. Да платиш регистрација и гуми. Да испиеш со жена ти и со децата еднаш у месецот пијачка или порција било каде освен дома или од кај твоите на ручек.

Ако животот го сведеме на тоа, да станеш сабајле, да идеш на работа до 5/6, да дојдеш да ручаш или вечераш, да си легнеш и пак истото - секој божји ден... Ондак да, 2000 еур се ок. Ебате животот. Роботи од раѓање.

А за Словенија, еве ти направи разлика: Меркатор Словенија. Разлика од 10/20/30/50 денари за основни работи или за сувомеснато и за месо. Словенија со плата е 50% разлика. Кај нас Лимун 1КГ во Тинекс 49 денари а кај нив 0.99ЕУР (или 60 денари). Или начекај бе на Спортклуб, пушти и гледај ги рекламите од нивните маркети. Исти курац сме, само плати неаме исти.

И можеби не сме сите исто, али за мене и за оние околу мене, животот тука во Скопје не е евтин и овие 2,000 ЕУР што звучат само многу, во реалност не се. Не треба да се жалиме, треба увек да си бараме повеќе. Али реалноста е таа.
Screenshot_2 copy copy.png
 
Прегледај го приврзокот 319432

Добро де ете стартни трошоци во месецот имаш 1150 евра значи сепак остануваат 850е за други работи што ти се потребни

А имај во предвид дека живееме вo државата каде огромен дел од населението веќе поседуваат свој дом, ете на пример јас куќа имам струја плаќам пола од твојата математика и уште пола од сметките за телефонија/интернет итн значи во старт 450 евра помалку и не сум во Скопје поефтин град

Линкот што го стави во Словенија бел тост леб 500 грама 2е кај нас истиот нешто над пола евро, лук 300 грама 2.6е јас толку го купив на низа во сезона по кило, кромид 1.3е кај нас 40тина денари, кивито 500г на попуст и тоа 1.49 кај нас 1 евро цело кило, лутеница 300г 3.3 евра таму кај нас 700г 2.5е итн. За останати работи како увозно овошје може имаат исти цени, како и на дрогирани меса паштети виршли масовно производство тоа не е спорно..

Да не ме сфатиш погрешно не мислам дека подобро тука се живее јасно е тоа, бидејки и до тие 2000е тука многу потешко се стига ;)
 
Јас мислам дека минимум 8971 евро се потребни за 4 члено семејство, за онака да се истера месецот.

Рата за кредит 3000 евра

Кола 1000 евра

Храна 1500

Одмор 2500 евра

Облека 500 евра

Сметки 470 евра

Заштеда за црни денови 1 евро

Не е земено у предвид ако треба да купиш нов апарат за во домакинство, поклони за свадби, крштевки, роѓендени итн.
 
А ако уште си бладаме дека сме некоја еФтина држава односно у случајов, градов Скопје, седнете на кафе у центар, било каде у било кој кафич. Кафе и сок е 3 евра. Епа сегде у околина, па дури и Германија, кафе и сок е ќе се напиеш за 3 евра. Со цени не сме далеку од Европа, далеку сме со плати и живот.

И горе другаров што пишал дека чоколадо и кафе биле луксуз, живее у некој свој свет. Во 2022 година, во „централна“ европска држава, да ми кажеш дека ако купам чоколадо е луксуз и затоа немам пари, би те тепал. Срамота е така да делиме. Луксуз е виски и пура секоја вечер, а не чоколадо.

Дека според стандардот и платите, ние можеби имаме најскапи цени во Европа. Ама не заебавај дека во Германија во кафич ќе пиеш кафе и сок за 3 евра. Минимум 5-6 евра ќе ти биде, и тоа во некое збутано место, во некоја вукојебина.

Во маркет, цените се речиси исти како кај нас, а за се друго се поскапи, али споредено со стандардот, багатела се цените во Германија.

2000 евра за 4-члено семејство се таман, и мене ми е жал што многу луѓе дури мислат дека со 2000 евра би живееле како богови, иако сега можеби се на 800-1000 евра месечен приход максимум, а некои и под тоа.
 
Вчера другар имал интервју за работа у ск, плата 18к со можност до 20к...застанати се овие у 2008 година
Нека излезе од Скопје па ќе почне од 15 со можност до 18.
 
Тоа е решението да, нека покачат и парно и струја и тогаш кредитите за скијање за преживување ќе ги зимаат.
 
За семејство со 4 члена, 2000 еур е преживување.

ОК, имамае нов лидер во наддавањето. За поскромните на темава 2500 евра беа доволни за пристоен живот за четриричлено семејство, сега со 2000 евра било преживување.

Кој е следен со бисер?
 
Тоа е решението да, нека покачат и парно и струја и тогаш кредитите за скијање за преживување ќе ги зимаат.
Па незнам што е решението, не беше во негативен контекст одговорот.

Реалноста е таа, луѓе надвор од Скопје земаат кредит за дрва на зима.
 
Мене ме интересира една работа, сумиве што ги пишувате тука се само имагинарни, односно она што би сакале да го имате и сметате дека ви треба толку за пристоен живот, или веќе имате толкави примања?
 
Што ти прави тоа разлика.
 
Мене ме интересира една работа, сумиве што ги пишувате тука се само имагинарни, односно она што би сакале да го имате и сметате дека ви треба толку за пристоен живот, или веќе имате толкави примања?
Na od tetka mi komsivkata deverot za prva braceda, i kazal na bratuceda mu, od Suze cupeto, deka mu davale 2000 evra plata :D

Wish list за голем дел од популацијата за да ја заработат самите. На ниво на фамилија (вклучени и родители, баби, дедовци) процентот на фамилии со 2000+ евра и не би рекол дека е мал. Затоа и не сакаат да се осамостојат, вака живеат пристоен живот, а ако се тргне секој на страна ќе бидат за грев.
 
Мене ме интересира една работа, сумиве што ги пишувате тука се само имагинарни, односно она што би сакале да го имате и сметате дека ви треба толку за пристоен живот, или веќе имате толкави примања?
Планираме да ги имаме :icon_lol:
Јас имам пола од тоа. Надежно жената ќе има сличен приход, или ќе мора јас дополнително да работам за надоместам. Ама испод тоа не планирам да живеам подолг период.
 
Мене ме интересира една работа, сумиве што ги пишувате тука се само имагинарни, односно она што би сакале да го имате и сметате дека ви треба толку за пристоен живот, или веќе имате толкави примања?

Имаат, кога ќе легнат навечер и ќе почнат да си фантазираат пред спиење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom