M
Macedon1um
Гостин
2000 збориш за единец сам? Или за некое семејство 3/4 члена? За сам да, се согласувам. Можеби не е „кралски“, ама релативно многу добар и доста стабилен живот. За семејство со 4 члена, 2000 еур е преживување.
А дека глеам коментари се споредуваме и со други блиски европски држави, пуштете си СпортКлуб и гледајте ги рекламите од Словенија у маркети. У просек, за нешто сме поскапи или исти со цени во маркети во Словенија.
А ако уште си бладаме дека сме некоја еФтина држава односно у случајов, градов Скопје, седнете на кафе у центар, било каде у било кој кафич. Кафе и сок е 3 евра. Епа сегде у околина, па дури и Германија, кафе и сок е ќе се напиеш за 3 евра. Со цени не сме далеку од Европа, далеку сме со плати и живот.
И горе другаров што пишал дека чоколадо и кафе биле луксуз, живее у некој свој свет. Во 2022 година, во „централна“ европска држава, да ми кажеш дека ако купам чоколадо е луксуз и затоа немам пари, би те тепал. Срамота е така да делиме. Луксуз е виски и пура секоја вечер, а не чоколадо.
Добро сеа да не претеруваме, 2000 евра за 3-4 члено семејство се доволно за нормален живот не за преживување ама не и за живеење како цар што пишуваа тука некои.. Доволно се за отплаќање на стан, кола, еден скромен одмор на лето и зима и да не одиш со броени пари во маркет за друго тешко дека ќе има..
Ја спомна Словенија цените во Марибор од квадрат, сметки, градинки, транспорт па и овошје/зеленчук ти се 40-50% повисоки од кај нас