Не е точно. Нема јаглен за копање. Се набавува од Косово, со субвенции од Влада. Електрани на Северна Македонија не работат со профит, туку заради социјален мир произведуваат со загуба.
Плус домашното производство ни од далеку не ги задоволува потребите на пазарот, па има во крајната цена и берзанска струја, што е купена неколку пати поскапо од тоа што МЕПСО ја продава. И тоа се субвенции.
Не, не ми одговара. Десет пати би било подобро и струјата и парното да го плаќаме по пазарни цени. И да се укинат ретардираните замрзнувања на цени во маркети. Тоа е единствен начин на оддржување здрава пазарна економија. Ова што се случува сега е убивање на економијата на среден рок, во име на бедата.
Сегде низ Европа имаат политики на субвенции да ги заштитат потрошувачите од таков раст на цената. Кај нас да се качи цената на струјата за три четири пати како што е пазарната, кој ќе има да плати? 5% од домаќинствата можеби?
И парното да го качат за 300% сите ќе се исклучат освен некои 5% домаќинства. И што ќе се случи тогаш, е што целиот систем ќе биде неисплатлив да работи за толку мал број домаќинства.
Според мене енергетика не е сектор што треба да биде оставен на слободен пазар.