Не е типично за Кина да го користи исламот како оружје. Знаеме кој го прави тоа, западот преку нивните пајташи, Арапите или поверојатно Турците во овој случај. Ја сум прилично сигурен дека опозиција на режимот се некој брадосани.
Кинезиве таму не ми беше толку паралелата со исламот колку што влагаат слично како турците кај нас со пари и со отварање на приватни училишта. Семето на радикалниот ислам е посеано кај нив ама мислам дека тука не беше тоа случајот. Многу беа растурени без некоја организација, плус по тоа што го видов на телеграм, твитер и по руските канали, беа најчесто као regular луѓе, работници од фабрики, од железница и слично. Повеќе ко селанска буна во 21ви век.
Ама треба да земат предупредување од земји како Египет, кај што во немање на други можности на граѓаните да срушат такви диктатори, одат кон исламот како прибежиште и сила да ги обедини. Во иднина и тоа сценарио е можно во вакви земји.