- Член од
- 3 декември 2014
- Мислења
- 408
- Поени од реакции
- 317
За мене па единствена екипа во Италија каде што можи колку толку да напредне е баш Интер а не гледам дека нешто ги поврзуваат со нив.Копиле, лепра да фатиш.
Зашо да не дојде во Интер бe? Па на Интер му треба напаѓач, Џеко реално е принудно решение зашо свињата Лукаку си отиде неочекувано пред почеток на сезона, а и да останеше Лукаку другиов ќе служеше како џокер од клупа, а вака е прв напаѓач. Не може Интер на Џеко да се ослонува и да гради екипа, ќе мора да купуваат напаѓач. Е сеа мислам дек немаат доволно за да го искешираат летоска Душан, евентуално некоја позајмица со задолжителен откуп плус и некои играчи да вмешаат, пример Весино, Видал или некои такви, али тешка работа, шо знам...
Немам ништо против Арсенал ама Дуле треба да оди во екипа со шампионски амбиции а не во тим што е во ребилдинг фаза и не се знае дали ќе успее или следната сезона ќе се распадне.
Во нашиве медиуми цело време гледа ги поврзуваат со Атлетико,Барса,Јувентус на сметка на Арсенал не знам дали да се смеам или да плачам ниту една од овие екипи ми нема логика да има предност пред Арсенал секоја од различна причина.
Иначе и за муабетот за борба за титули во догледно време не гледам како некоја екипа од Италија би дошла да се натпреварува во Европа за највисок дострел. Наредниве години освен Реал,Баерн,ПСЖ и англискиве екипи тешко некоја др екипа да дојди во самата завршница во ЛШ.