Она дека Американците имале пари, луксузи и живеат во penthouse вреден 10 милиони, а Русите немаат за леб, е тотална погрешна слика затоа што сте гледале Холивуд(кој што е една од најголемите инвестиции во Америка минатиот век) и најверојатно не сте мрднале да прошетате малку и да видите како стојат американците и разликата во она што е на изглед а што е на квалитет, многу повеќе кажано за квалитет на живот...
Има нешто што се нарекува државен систем и приватен систем, привантиот систем во Капитализмот се покажал дека е подобар во однос на државните институции зошто секако има повеќе пари, па идејата е секој да си приушти онолку колку му дозволува чергата.
Од лично искуство, државните институции во Америка се срање, вклучително образование, медицина и се останато... Се слагам дека приватните им се на доста високо ниво,
најдоброто во свет секако затоа што сите амбициозни луѓе што ги бива се полетале да прават пари и да се вклучат во приватната машинерија и наплаќаат дебело таму, не сакате да ги слушнете цените... Тоа не ги прави Американците најдобри, туку самиот систем се базира на дебело трошење на пари, па дури и за ситници..И секако шанса за најамбициозните да заработат највеќе. Доколку сопре машинеријата за трошење пари, Америка нема да функционира.
Во Русија можеби одвојува на глобален монетарен систем помалку средства за воена технологија, но системот им овозможува помалку да ги платат научниците и работниците, додека западот за истото нешто да се направи мора да платат 5 пати повеќе и секако на запад размислуваат на тоа како да се заштеди повеќе, затоа што трошоците се огромни..
Капиталистичката машинерија е со намален интезитет, па затоа сеуште има некој баланс помеѓу држава и приватен сектор.
Во однос на воена технологија, Американцирте не може да заштедат со forwarding на работна сила, фриленс и екстерни срања, затоа што станува збор за строго чувани тајни и стратешки механизми, па затоа одат кон натурализирање на подобрите научници и оние кои што ќе бидат послушни... За тоа секако мора да се инвестира пари во однос на животниот стандард во земјата.
Поради тоа Американците мора да одвојат поголеми трошоци за развој, за да ги платат научниците кои што заиграле во нивната "мила" капиталистичка машинерија.
За разликата во Русија и Америка,.
Ќе пробам да доловам пракитчно искуство : ако во Русија се плаќа 0.5 USD за возење метро, во New York е 2.5 USD..
Одете и споредете ги двете метроа и видете каде е поубаво, обидете се да најдете разлика.
Истите споредби направете ги во државните институции и кажете ми ја разликата каде е подобро...
Сума сумарум... Екстериерот и општественото уредување што го гледате на филмовите не се реална ситуација на терен,
И Во Америка има сиромаштија, голема дневна борба за да се заштеди, бездомници, наркомани, огромни давачки и даноци, буквално се наплаќа воздухот што се живее.
Од друга страна, во Америка имаш најдобри и најголеми можности да успееш доколку навистина те бива...
Во однос на технологиите.. Русија и Америка се двете земји кои имаат најмоќна воена технологија во светот.
Двете земји се тотално различни во однос на стратешките воени перформанси.
Ако Америка ги има најдобрите авиони, Русите ги имаат најдобрите противавионски системи, не затоа што така им се посреќило, туку се мислело стратешки, за напад и за превентива.
Ако Америка ги има најдобрите носачи на авиони, Русите имаат најдобра балистика. (Кој за што инвестирал за да извлече најголема придобивка за заштита и продавање)
Новите Авиони на Русија се најдобри според Маневар, додека Американците имаат најдобра стелт технологија (со помош натуралзиирање на Руски научник)
Истата приказна со останати стратешки воени средства, бомбардери, тенкови, пушки, кои се за различни намени во различни воени терени и стратегии...
Но резултатот е, најбогатиот човек не може да има се, дури и да ги има сите пари на светот....
Русите секогаш ќе може да потпрат затоа што сеуште инвестираат во воена технологија и интелигенција.. И имаат сеуште наука на ниво.
Резултатот од ова е : Доколку настане војна, нема да има победник.
Впрочем треба да навиваме за тоа дека треба да има баланс во светот и фала му на бога што постои.
Доколку една земја се осети доминантна над друга, тогаш ќе сака да завладее и ќе се рашират апетитите, исто како што тоа го напраил Хитлер.
Така да драги мои форумаџии, тоа што Америка се обидува да ја придобие Украина не носи кон нешто добро во светскиот поредок.. Украинците се добро прелажани и насанкани дека западот ќе им донесе мед и млеко...Нешто слично ни направија и нас кога не "осамостоија".