Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Значи јас те прашувам колку е саат ти ми викаш облачно е.

Прашањето не е дали е остварливо или не, туку: Дали стандардот што го живеат граѓаните на Полска го сметаш за луксуз, тоест дали е нивниот живот луксузен.

А ако сакаш да праиме муабет дали е остварливо тоа или не, ќе отвориме друга тема и ќе разглабаме. Јас реков дека секој човек во Македонија заслужува да има стандард како што го имаат Пољаците.
Во моментов стандардот на пољаците е луксуз во споредба со стандардот на жителите на оваа напатена земја. Поминав низ Краков на кратко и уште некои помали места, во споредба со Скопје делуваат спектакуларно, таа средноевропска атмосфера, да не речам филмски градски јадра и општа среденост.
Ако навистина просек им е 1200 евра а цените не беа нешто различни, тогаш тоа ти е...
А кој што заслужува не би знаел, особено имајќи предвид реалноста тука.

И јас би сакал да е различно, да не заминуваат млади, да има надеж наместо апатија, да не се испраќам со другари и роџаци по аеродроми, тоа го сакам најискрено но желбите се само тоа...желби.
 
Член од
28 јуни 2018
Мислења
743
Поени од реакции
920
Пријателот нека фати бус до Скопје, оттаму за Дојран, БТ-СК имаш секој ден по неколку буса, повратна е 630 денари а СК-Дојран е 680 што значи 1310 денари т.е. 21 евро. Останува такси во самиот Дојран за да дојде до договорената точка, 50-60 ден, ајде да заокружиме на 1400.
Литар бензин-98 е 76 денари ако не се лажам 25 литра се 1900 денари т.е. 31 евро и тоа без патарините. Под претпоставка дека навистина ќе бидат само 25 литри БТ-Дојран, нема директен пат како прво, не знам од каде овие 25 литри, да не се случајно 35-6 :)
vo eden den ima 24h posledno sto proveriv :D

1. BT-SK
2. SK-Dojran
...i nazad
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.009
Во моментов стандардот на пољаците е луксуз во споредба со стандардот на жителите на оваа напатена земја. Поминав низ Краков на кратко и уште некои помали места, во споредба со Скопје делуваат спектакуларно, таа средноевропска атмосфера, да не речам филмски градски јадра и општа среденост.
Ако навистина просек им е 1200 евра а цените не беа нешто различни, тогаш тоа ти е...
А кој што заслужува не би знаел, особено имајќи предвид реалноста тука.

И јас би сакал да е различно, да не заминуваат млади, да има надеж наместо апатија, да не се испраќам со другари и роџаци по аеродроми, тоа го сакам најискрено но желбите се само тоа...желби.
Значи ти ја гледаш состојбата на двете држави и двата стандарди и све што е над можностите на нашиот стандард го сметаш за луксуз. Како да се они полуѓе од нас....

Не, животот на Пољаците не е луксуз, туку е пристоен живот. А тој што ќе каже дека тоа е пристоен живот не е фантазер, туку ја кажува вистината. И тоа што викаш дека сме далеку од тоа, не го прави моето тврдење невистинито. Пристојноста може да е субјективна од човек до човек, но не од држава до држава во зависност од стандардите.

Тоа ти е исто ко да кажеш дека месечината е широка околу 2 сантима, затоа што ја гледаш од перспектива на земјата.
 
M

Macedon1um

Гостин
Проблемот со продуктивноста е во газдите. Најголем дел од нив се неспособни да развијат и одржуваат бизнис што не е ни чудно, бидеќи во 90% од случаевите, бизнисите им беа поклонети во раните 90ти, а не стекнати со работа. И добар дел од нив, функционираа до сега благодарение на тоа што имаа можност да ги екплоатираат работниците.
Добар дел од работниците вистина не се трудат...ама пак не може да се обвинат ни многу од нив, едноставно не веруваат во приказните за норми, награди и сл...Премногу има измамени и со негативни искуства. Мој братучед работеше како комерцијалист во една од попознатите фирми. Првите три месеци не застануваше со работа и ги надминуваше таргетите. Како ќе го надминеше таргетот, секој нареден месец му го зголемуваа. На 3 или 4 месец таргетот му беше поставен толку високо, што никогаш повеќе не го достигна. За сметка на тоа, фирмата уште неколку години уживааа на вака разработениот пазар. По една година си замина од фирмата.
Kaj primerot pogore sto go pisav rabotnoto vreme e 7 chasa, od koi nautro i popladne imaat po pola saat pauza za pojadok/rucek taka da 6 saati e "aktivna rabota"
I vo tie 6 pak probuvaat da zabosuvaat ako ne gi pratis redovno, taka da problemot ne sekogas e kaj rabotodavecot tuku i vo rabotnicite..
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Поназад мислам дека Лихтенштајн образложи зошто стандардот кој го имаат жителите на Полска е неостварлив во Македонија, сосема добро ги наведе и причините.
Народот е западнат во смртоносна апатија, никакво јавно добро не интересира никого, нема реакции на најгнасни потези како на јавни така и на приватни субјекти.
Војната која 30 години ентитетот РМ ја води против народот кој живее на оваа територија вродува со плод.
Ниту еден странски душман не успеа во она што успеаа Македонците, а тоа е тотална апатија, numbness, зомбификација на населението.
Државата Р.Македонија е најголем душман на најголем дел од Македонците, без разлика кој е на власт.
Готово е.

Кој што може како поединец да направи нешто за себе и оние кои му значат нешто во животот без да направи зло никому, е морално-етички џин во оваа земја.
Може и ти и јас и многу други сме такви но тоа е максимумот во дадениве околности.
Автоматски споено мислење:

Нема потреба од слабо прикриени навреди за луѓето кои пресметале дека автомобил е неисплатлива инвестиција и дека транспортот е 7-8 пати поефтин ако кола не се употребува.
Полагањето ако не се лажам е 500-600 евра што е манијакална цена за овдешен стандард и тоа како треба да се вметне во пресметките. Порано коа ние полагавме беше 7500 денари, тоа пред 20 години :angel:

Пријателот нека фати бус до Скопје, оттаму за Дојран, БТ-СК имаш секој ден по неколку буса, повратна е 630 денари а СК-Дојран е 680 што значи 1310 денари т.е. 21 евро. Останува такси во самиот Дојран за да дојде до договорената точка, 50-60 ден, ајде да заокружиме на 1400.
Литар бензин-98 е 76 денари ако не се лажам 25 литра се 1900 денари т.е. 31 евро и тоа без патарините. Под претпоставка дека навистина ќе бидат само 25 литри БТ-Дојран, нема директен пат како прво, не знам од каде овие 25 литри, да не се случајно 35-6 :)

И колку пати годишно пријателот ќе ја прави оваа екскурзија? 36-37000 денари му требаат само за полагање, тоа се 26 вакви екскурзии и нешто кусур. :)

ПревозникЛинијаВреме на поаѓањеЕднонасочен билетПовратен билетРежим
РУЛЕ ТУРССкопје - Стар Дојран16:00:00430680ПОН; ВТО; СРЕ; ЧЕТ; ПЕТ;
РУЛЕ ТУРССкопје - Стар Дојран11:00:00430680ПОН; ВТО; СРЕ; ЧЕТ; ПЕТ;
РУЛЕ ТУРССкопје - Стар Дојран14:00:00430680ПОН; ВТО; СРЕ; ЧЕТ; ПЕТ;

ПревозникЛинијаВреме на поаѓањеЕднонасочен билетПовратен билетРежим
ГАЛЕБОхрид - Битола - Скопје16:30:00470700ПОН; ВТО; СРЕ; ЧЕТ; ПЕТ; САБ; НЕД; ПРАЗНИЦИ;
ТРАНСКОП А.Д БИТОЛАБрајчино-Ресен-Битола-Скопје15:30:00470620ПОН; ВТО; СРЕ; ЧЕТ; ПЕТ; САБ; НЕД; ПРАЗНИЦИ;
ТРАНСКОП А.Д БИТОЛАБитола Прилеп - Скопје04:15:00480630ПОН; ВТО; СРЕ; ЧЕТ; ПЕТ; САБ; НЕД; ПРАЗНИЦИ;
ТРАНСКОП А.Д БИТОЛАБитола Прилеп - Скопје21:00:00480630ПОН; ВТО; СРЕ; ЧЕТ; ПЕТ; САБ; НЕД; ПРАЗНИЦИ;
ТРАНСКОП А.Д БИТОЛАБитола Прилеп - Скопје19:00:00480630ПОН; ВТО; СРЕ; ЧЕТ; ПЕТ; САБ; НЕД; ПРАЗНИЦИ;
ТРАНСКОП А.Д БИТОЛАБитола Прилеп - Скопје17:00:00480630ПОН; ВТО; СРЕ; ЧЕТ; ПЕТ; САБ; НЕД; ПРАЗНИЦИ;
ТРАНСКОП А.Д БИТОЛАБитола Прилеп - Скопје15:00:00480630ПОН; ВТО; СРЕ; ЧЕТ; ПЕТ; САБ; НЕД; ПРАЗНИЦИ;
ТРАНСКОП А.Д БИТОЛАБитола Прилеп - Скопје09:00:00480630ПОН; ВТО; СРЕ; ЧЕТ; ПЕТ; САБ; НЕД; ПРАЗНИЦИ;
ТРАНСКОП А.Д БИТОЛАСкопје - Битола - Ресен13:30:00480630ПОН; ВТО; СРЕ; ЧЕТ; ПЕТ; САБ; НЕД; ПРАЗНИЦИ;

Нема навреди, туку само рационално размислување.
Каде е времето, каде е малтретирањето?
Па ако дојде од Битола до Скопје, може комотно да пие едно пиво и да се врати назад, патот ќе го отепа, тој ден наместо да искулира и да се релаксира (поентата на риболовот), тој ќе биде како прегазен од шлепер. Уште и 3 саати до Дојран да се ашка по автобусот...

Полагањето не е за еднаш, туку за наредни 30-40 години.
Во земји каде што имаат перфектно организиран јавен превоз, и по 20 возови на ден нема гајле. Ама во вакви тралалајки како нашата, каде возот не се знае дали воопшто ќе стигне, ич не ти е паметна варијанта да штедиш на автомобил.

Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711
Бидејќи темата е колку средства се потребни за четврочлено семејство да живее нормално, не знам како дојде поседувањето кола како главен предмет на дискусија.

Доколку четворочлено семејство нема кола, макар и најмала градска кола, не знам како замислувате дека е можно да функционира. Како ќе однесеш дете на лекар или до парк? Како ќе го однесеш до Шапка, до Охрид, до езеро Младост итн?

Намерно не реков Копаоник, Лефкада или Блед. Ете, нека биде во рамки на Македонија.

Да, секако дека може со такси, автобус и слично, но само ако се мора. А поентата не е да се мора да се прави математика колку чини патарина кога идеш за викенд на еднодневна екскурзија, поентата е да се живее нормално.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Значи ти ја гледаш состојбата на двете држави и двата стандарди и све што е над можностите на нашиот стандард го сметаш за луксуз. Како да се они полуѓе од нас....

Не, животот на Пољаците не е луксуз, туку е пристоен живот. А тој што ќе каже дека тоа е пристоен живот не е фантазер, туку ја кажува вистината. И тоа што викаш дека сме далеку од тоа, не го прави моето тврдење невистинито. Пристојноста може да е субјективна од човек до човек, но не од држава до држава во зависност од стандардите.

Тоа ти е исто ко да кажеш дека месечината е широка околу 2 сантима, затоа што ја гледаш од перспектива на земјата.
Мислам дека ти објасни Лихтенштајн дека не постои универзално прифатена дефиниција што е тоа пристоен живот а ти сепак инсистираш дека такво нешто постои, споредувајќи ја со месечината која има јасно зададени димензии и перспективите се небитни.
Тоа што за мене 800 USD се доволни за живот кој не би го менувал за ништо, така на некој пољак му вршат работа 1200 евра, што пак во Лондон би била комична сума. Едноставно сакам да им посветам време на тие кои ми значат најмногу на светот, да изградам здрав, искрен и отворен однос а не да бидам некој лик кој се прибира од работа во 19 часот дома а веќе во 22 заспива пред ТВ.

Исто беше Лихтенштајн кој добро објасни во кое ниво на развој на човештво се наоѓаме и дека забегуваме по малку поради тоа. Авионски карти од 29 евра и светската мрежа на два клика.
Која е границата меѓу забегување и потреба не би знаел.

Но во крајно субјективниот свет на човековото битисување и тоа како е важна перспективата.
Како што е за нас луксуз Норвешки стандард, така е и полски, не е ствар во тоа кој колку заслужува или не, пример некоја црнќиња од Конго-Киншаса се крши од работа по цел ден во поле и успат треба да донесе 5 литра мање-више чиста вода од изворче на 11км од домот, пешки. Работи од јутра до сутра, гледа деца, носи вода а на крај е посиромашна од рандом џаначка пропалица од запад.
Не знам дали си работел на страна, но во сите западни земји има една суб-класа граѓани гребатори кои буквално читав живот не работат ништо, вечно се на некоја цицка, обично се џанаци или алкоси или повремени проститутки...лесно се препознаваат по тоа што гребат пари по автобуски и метро станици, те за цигари те за пари за превоз, те нешто трето, скапани заби, пропалитети, џепароши, последен пат се туширале пред некој месец...е сеа сите тие живеат бескрајно подобро од чесната, вредна и работлива црнкиња од Кисангани.

Ако навистина мислиш дека постои такво нешто како универзална дефиниција на пристоен стандард, би требало да ја напишеш да прочитаме.

Според мене секој човек на светот заслужува да биде третиран како човечко битие, да има кров над глава, чиста вода, доволно храна, доволно примања за да не биде сиромав или чак и беден, па дури и да има каков таков пристап до физичко и ментално здравство.
Автоматски споено мислење:

Нема навреди, туку само рационално размислување.
Каде е времето, каде е малтретирањето?
Па ако дојде од Битола до Скопје, може комотно да пие едно пиво и да се врати назад, патот ќе го отепа, тој ден наместо да искулира и да се релаксира (поентата на риболовот), тој ќе биде како прегазен од шлепер. Уште и 3 саати до Дојран да се ашка по автобусот...

Полагањето не е за еднаш, туку за наредни 30-40 години.
Во земји каде што имаат перфектно организиран јавен превоз, и по 20 возови на ден нема гајле. Ама во вакви тралалајки како нашата, каде возот не се знае дали воопшто ќе стигне, ич не ти е паметна варијанта да штедиш на автомобил.

Ех, колку возила ќе видиш покрај пат со отворени хауби и некој лик со фаца како да џвака оса пошто Пунтото од 2002 цркнало или се дупнала гума или пробиен радијатор или сјебан зглоб на овие патишта, само никој тоа не го пишува по весници.
А нервози со неписмена багра која вреба по улици, посебно во градска вожња, тоа се хорори.

А зошто да оди Дојран, кога Преспа му е на пола саат со бус или Охрид саат и нешто? Одење од БТ за Дојран по риби некако не влегува во некоја рационална сфера :)
Нема возови за Дојран, само рејсот оди натаму.

Точно дека дозволата е трајна, освен кога не е на старост ама ок.
Опел Астра 1.2 цирка 2006, добро зачувана, али стварно добро зачувана би била колку? 3000 евра? Дозвола, регистрација и осигурање и тие 3 стануваат 4000 евра.
Значи со една крајно скромна кола за современи услови потребни се 4000 евра само за да застанеш зад волан! Остали трошоци настрана.

Нормално во случај да колата е потребна за работа, како што ми беше мене на страна кога раб.место беше на 56км од местото на живеење а комјутер со јавен превоз фаќаше премногу време, кола имаше смисол.
Во денешниве услови нема. Ние тргнавме од clean slate, не бевме против или за купување однапред, си направивме листа буквално на А4 со две графи и на крај испадна како што испадна. :)
И тоа го кажувам како екс-власник на возила, не како некој кој никогаш не седнал зад волан.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Мислам дека ти објасни Лихтенштајн дека не постои универзално прифатена дефиниција што е тоа пристоен живот а ти сепак инсистираш дека такво нешто постои, споредувајќи ја со месечината која има јасно зададени димензии и перспективите се небитни.
Тоа што за мене 800 USD се доволни за живот кој не би го менувал за ништо, така на некој пољак му вршат работа 1200 евра, што пак во Лондон би била комична сума. Едноставно сакам да им посветам време на тие кои ми значат најмногу на светот, да изградам здрав, искрен и отворен однос а не да бидам некој лик кој се прибира од работа во 19 часот дома а веќе во 22 заспива пред ТВ.

Исто беше Лихтенштајн кој добро објасни во кое ниво на развој на човештво се наоѓаме и дека забегуваме по малку поради тоа. Авионски карти од 29 евра и светската мрежа на два клика.
Која е границата меѓу забегување и потреба не би знаел.

Но во крајно субјективниот свет на човековото битисување и тоа како е важна перспективата.
Како што е за нас луксуз Норвешки стандард, така е и полски, не е ствар во тоа кој колку заслужува или не, пример некоја црнќиња од Конго-Киншаса се крши од работа по цел ден во поле и успат треба да донесе 5 литра мање-више чиста вода од изворче на 11км од домот, пешки. Работи од јутра до сутра, гледа деца, носи вода а на крај е посиромашна од рандом џаначка пропалица од запад.
Не знам дали си работел на страна, но во сите западни земји има една суб-класа граѓани гребатори кои буквално читав живот не работат ништо, вечно се на некоја цицка, обично се џанаци или алкоси или повремени проститутки...лесно се препознаваат по тоа што гребат пари по автобуски и метро станици, те за цигари те за пари за превоз, те нешто трето, скапани заби, пропалитети, џепароши, последен пат се туширале пред некој месец...е сеа сите тие живеат бескрајно подобро од чесната, вредна и работлива црнкиња од Кисангани.

Ако навистина мислиш дека постои такво нешто како универзална дефиниција на пристоен стандард, би требало да ја напишеш да прочитаме.

Според мене секој човек на светот заслужува да биде третиран како човечко битие, да има кров над глава, чиста вода, доволно храна, доволно примања за да не биде сиромав или чак и беден, па дури и да има каков таков пристап до физичко и ментално здравство.
Автоматски споено мислење:

Ех, колку возила ќе видиш покрај пат со отворени хауби и некој лик со фаца како да џвака оса пошто Пунтото од 2002 цркнало или се дупнала гума или пробиен радијатор или сјебан зглоб на овие патишта, само никој тоа не го пишува по весници.
А нервози со неписмена багра која вреба по улици, посебно во градска вожња, тоа се хорори.

А зошто да оди Дојран, кога Преспа му е на пола саат со бус или Охрид саат и нешто? Одење од БТ за Дојран по риби некако не влегува во некоја рационална сфера :)
Нема возови за Дојран, само рејсот оди натаму.

Точно дека дозволата е трајна, освен кога не е на старост ама ок.
Опел Астра 1.2 цирка 2006, добро зачувана, али стварно добро зачувана би била колку? 3000 евра? Дозвола, регистрација и осигурање и тие 3 стануваат 4000 евра.
Значи со една крајно скромна кола за современи услови потребни се 4000 евра само за да застанеш зад волан! Остали трошоци настрана.

Нормално во случај да колата е потребна за работа, како што ми беше мене на страна кога раб.место беше на 56км од местото на живеење а комјутер со јавен превоз фаќаше премногу време, кола имаше смисол.
Во денешниве услови нема. Ние тргнавме од clean slate, не бевме против или за купување однапред, си направивме листа буквално на А4 со две графи и на крај испадна како што испадна. :)
И тоа го кажувам како екс-власник на возила, не како некој кој никогаш не седнал зад волан.
Види по твојата математика може и само да седиш дома, да макаш леб и сол, ќе преживееш 100%.
И еден ден сите ќе умреме, тоа е :)
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
660
Поени од реакции
1.405
Не знам само како понекогаш толку прости,едноставни работи не можат да се сфатат,па луѓето предводени од својот буквализам водат его-борба како некои идиоти со IQ 76.
Едно е да се сфати поентата на муабетот,друго е да се играат игри на зборови.

Пристоен живот,што е тоа?
Сигурно не одење во ресторан или на одмор,мобилни од 15.000,3 компјутери на 4 члена,2 автомобили и разни патетични желби за материјални работи и трошење.
Овоа спаѓа под класичен материјализам,не пристојност.

Пристојно би било пред се да се намали работното време и да се подобрат условите за работа.И најбитно здравството.Луѓето би биле многу посреќни и задоволни.
 
Член од
21 јули 2021
Мислења
28
Поени од реакции
54
Види дури и тие што го добиле бизнисот на подарок не им е сеедно кај оди тој бизнис! За развој и одржување треба и околина и атмосфера за бизнис! Кај нас пазарот е уствари микропазар, не можеш да проектираш развој на еталон од едвај 2 милиона жители од кои реално на еден бизнис дали максимум 30 000 му се потенцијални муштерии. Прв и основен проблем е големината на пазарот, втор законската регулатива и нејзиното спроведување! Натаму реди си ги самиот причините( судство, администрација.........).
Ако беше така едноставно како што велиш, зошто пропаднаа градежни фирми, текстилни фирми(приватни), фирми за мебел..... Нели таму нискоквалификувана работна рака, најпогодна за искористување и оп тука најголема катастрофа.
Пријателе, ние заборуваме за истото.
Јас се сложувам со тебе дека МК пазарот е мал. Баш тие требаше да ги освојат пазарите на поранешна Југославија. А што се случи? Која МК фирма има значајно учество на некој странски пазар? Значи проблемот беше во неспособноста на менаџментот.
А тоа што пропаднаа текстилни, градежните фирми и сл. е токму резултат на ова. Ако до вчера си работел за успешно за овие пазари не може преку вечер да кажуваш дека не можеш да работиш повеќе зошто работниците нема знаење, а до вчера фирмата просперирала токму од нивната работа. Сета вина е во неспособноста на газдите.

Kaj primerot pogore sto go pisav rabotnoto vreme e 7 chasa, od koi nautro i popladne imaat po pola saat pauza za pojadok/rucek taka da 6 saati e "aktivna rabota"
I vo tie 6 pak probuvaat da zabosuvaat ako ne gi pratis redovno, taka da problemot ne sekogas e kaj rabotodavecot tuku i vo rabotnicite..
Не викам дека нема проблем кај работниците. Само сакав да ти укажам на тоа каде е основата на проблемот и како е изгубена довербата. Ама ако имаат можност да континуирано да заработуваат професорска плата (ова го сметам 1000+ еур) стварно е жално да не се искористи можноста.

Но во крајно субјективниот свет на човековото битисување и тоа како е важна перспективата.
Како што е за нас луксуз Норвешки стандард, така е и полски, не е ствар во тоа кој колку заслужува или не, пример некоја црнќиња од Конго-Киншаса се крши од работа по цел ден во поле и успат треба да донесе 5 литра мање-више чиста вода од изворче на 11км од домот, пешки. Работи од јутра до сутра, гледа деца, носи вода а на крај е посиромашна од рандом џаначка пропалица од запад.
Не знам дали си работел на страна, но во сите западни земји има една суб-класа граѓани гребатори кои буквално читав живот не работат ништо, вечно се на некоја цицка, обично се џанаци или алкоси или повремени проститутки...лесно се препознаваат по тоа што гребат пари по автобуски и метро станици, те за цигари те за пари за превоз, те нешто трето, скапани заби, пропалитети, џепароши, последен пат се туширале пред некој месец...е сеа сите тие живеат бескрајно подобро од чесната, вредна и работлива црнкиња од Кисангани.
Пристојниот живот генерално е идентичен, без оглед каде и да се најдуваш, и во суштина ги опфаќаат работите кои ги пишав во предходен пост. Парите потребни за обезбедување на овој пристоен живот може да бидат различни. Така на пример, во Норвешка може да требаат и 10.000 еур месечни примања (повисока цена на станбен простор, трошоци за греење се поголеми, поголем дел од храната е увозна и сл.) додека во Шпанија на прмер може да им се потребни 4.000 еур за истите работи и то е во ред.
За делот со гребаторите е вистина, и има тука секакви приказни од наркоманија, алкохолизам, психичи проблеми и сл.
Вистина е и делот со работниците од Африка, ама пак затоа и ги гледаме сцени со претоварени бродови кои пробуваат да го преминат Медитеранот.

Иначе има и една уште ште една интересна подгрупа овдека а тоа се релативно млади луѓе кои свесно одбираат да не работат, одколку да работат за минималец. Земаат социјална помош, имаат субвенциониран стан, и се слободни и одморени да работат minijob до 400 еур кои се ослободени од давачки, и крајот им доаѓало да земаат скоро иста плата како да бидат на минималец.
 
Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.305
Поени од реакции
10.314
Nemalo definicija za pristoen zivot. Mi spomnuva internet i karti od 29 evra. Majko mila da se rodel u afrika so lavovite ke razberam ama da si na 2 clicka od se i da turkas agenda deka osnovni raboti se luksuz ne e vo red.

Luksuz ne moze da bide da nosam udobna patika za da ne me bolat nozete poso sum po 12h u niv sekoj den i taa patika mene so mi odgovata koshta x suma na pari. Isto luksuz ne moze da bide da otidam sneg da vidam dali na sapka ili nadvor od mkd poso u fucking ebano Skopje osven magla i magla nema drugo.Luksuz ne moze da bide da otidam na 26 godini u norveska poso letot povraten mi e 3000 denari a isto tolku me koshta da otidam do ohrid i nazad. Znaes so e ustvari luksuz ? Da dremam doma i da cekam nekoj drug ova da mi go ovozmozi.

I koga vishe mi ja otvaras ustata veke dve/tri godini vladee covid, ne daj boze da se razbolis do toj stepen ili nekoj tvoj blizok da se. Na drzavno nema mesto na privatno cash 10k evra na shalter pri primanje na pacientot i ushe brzi 5 posle. E prijatel moj so 500 evra plata i veke zemen kredit za stan samo ke ti kazam srekno
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.009
Остајте тоа, ние кои циљаме на повисок стандард да сме ти биле IQ 76 идиоти кои не ја сваќаме поентата и играме игри со зборови, а уствари бараме преку леб погача… нормален живот да ти било луксуз. Уствари не сме заслужуеле исти параметри за пристоен живот како Пољаците, само затоа што сме родени тука.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Остајте тоа, ние кои циљаме на повисок стандард да сме ти биле IQ 76 идиоти кои не ја сваќаме поентата и играме игри со зборови, а уствари бараме преку леб погача… нормален живот да ти било луксуз. Уствари не сме заслужуеле исти параметри за пристоен живот како Пољаците, само затоа што сме родени тука.
Секој со својот одбранбен механизам. Има луѓе што се замонашуваат и животот го тераат молејќи се на виша сила и се среќни. Не треба да се лимитира изборот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom