jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
Јас незнам што е проблемот во 2000-2500 евра месечно за 4 члено семејство?Нормално. Секој работи за да си дозволи некои задоволства, со тоа се согласувам потполно.
Но тема на дискусија е пристоен живот, и пошо веќе почнаа да се дискутираат конкретни ставки и бројки, сакав да направам компарација на начинот на размислување и очекувањата на луѓето тука и во МК.
Пошо веќе се тргна со споредба со западните земји, мислам дека многумина на темата како пример за пристоен живот ја земаа некоја нивна идеја за тоа како изгледа животот надвор од МК. Реалноста е многу поразлична, тоа сакав да го доловам.
Многу ли е да посакуваме во Македонија да се зима просек плата од 1000-1200 евра? Големи апетити се тоа? Тоа е нешто што веќе го имаат источно-европските земји. Тоа што во западните земји според тебе размислуваат поскромно, а веќе го имаат тоа што го проектираме и повеќе, значи дека не заслужуваме таков стандард? Можеби кога би го имале тоа би размислувале поинаку. Вака во сиромаштијата си праиме филмови.
Знаеш ми звучи малце лицемерно, човек што избегал од немаштијата тука, да држи предавања како доста ни е тоа што го имаме. И да не убедува дека убава ни е бедата.
Мене не ми е толку до излегување по кафани, ама на пример сакам скуба дајвинг, а просечен човек на запад може да си го приушти тоа.
Последно уредено: