Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Не е точно. Од 5 дена 3 дена швабите јадат по ресторани за пауза за ручек. Добар дел од ресторантите за ручек функционираат со посебни менија баш за ручек, салата/главно јадење/десерт, со прикладни цени околку 25 еур. Ако си во фабрика или магацин имаш кантини.
Дај сеа не ме заебавај, зборам за одење во ресторан надвор од работни саати. На ова мени што се дава за ручек, процентуално од плата цената му е колку еден бурек со јогурт да земеш за ручек во МК.
Мене муабетот ми беше издвојувањето на 200-400 еур месечно под ставка за одење во ресторани со фамилијата, од два до четри пати месечно. Ова според некои мислења во темата спаѓа во пристоен живот. Која фамилија во Германија оди во ресторан еднаш неделно?

Ова го обезбедува државата, познатото киндергелд. 220 еур по дете до 25 години ако студира. Плус дават даночни олеснувања до кај две просечни плати, околку 5000 еур за школување, ама ретко кој знае за ова од нашите.
Дали покрај овој џепарлак од државата има и голем број тинејџери кои работат хонорарно за викенд/лето? Дали голем број студенти работат хонорарно за да си ги исплатат студиите? Колку вакви случаи познаваш во МК?

Дали знаеш што пишуваш? Еве и јас да имам добиено нова куќа, куќата се амортизира. По 50 години истата може да биде пред распаѓање. И од каде пари за нова куќа/реновирање?
Па куќата му се амортизира и на Швеѓанецот/Германецот, разликата е тоа што во споредба со овие земји, кај нас добар дел од населението од старт е во предност со тоа што уште од пред да се роди неговите изградиле куќа на 3 спрата за да има и за децата. Колку и да е непрактично, финансиски и те како значи барем одреден период додека се штеди за сопствено катче, да се живее без трошокот за кирија. Е сеа во западно европските земји младите го немаат овој head start, ај што го немаат ама и голем дел по завршување на факултет се во минус бидејќи самостојно си ги финансирале факултетите со студентски кредит.
Јас не знам која е замислата за живот во западните земји, дека сите одат во ресторани секој ден, дека секој викенд се некаде на пат, дека менуваат телефони/лаптопи секоја година, дека одат секое лето на летовање на море, секоја зима на скијање и измеѓу некоја недела на некое кратко патување?

Да не се сфатиме погрешно, живот со 400 еур плата е мизерување. Но од мислењава на темава се добива впечаток дека на просечен Македонец месечно би му требале повеќе пари за пристоен живот од просечен Германец.
 
Јас трошам 800-900 евра месечно
100 евра сметки
100 кредити
50 за здравје
50 цигари
250 јадење
200 одмор
100 друго

Зараборувам од 300 евра до 5000 евра месечно зависи од месецот
Овој стандард на живото мислам дека ми е и превисок без проблем би ги намалил трошоците за 30% но поради врската морам повеќе да трошам. Обично годишно ми остануваат 10-20.000 евра кои сите ги ставам во инвестиции.
Во просек ми е 200 евра месечно. Ама да ако е еднаш месечно тогаш 4-5 дена ако е на 2-3 месеци тогаш 10 дена бев во Турција за 650 евра 10 дена ама затоа 2-3 месеци не отидов никаде. А обично одам еднаш месечно на 3-4 дена некаде во МК тоа е окулу 100 евра. Не ги викам продолжени викенди зошто немам фиксни работни денови и работно време. Се што е надвор од Скопје ми е одмор без разлика на колку дена барем така јас го викам тоа.
Значи пак идиме на муабетот од околу 2000 евриќи месечно за да се подмири се без стискање :) (ти сам 800 евра, фамилија * 3 коеф да не лакомиме по 4 :))
 
Девојка ми троши 1500 евра месечно така да ние сега трошиме 2400 веќе така да 3000 семејство за истото ниво.
 
Дај сеа не ме заебавај, зборам за одење во ресторан надвор од работни саати. На ова мени што се дава за ручек, процентуално од плата цената му е колку еден бурек со јогурт да земеш за ручек во МК.
Мене муабетот ми беше издвојувањето на 200-400 еур месечно под ставка за одење во ресторани со фамилијата, од два до четри пати месечно. Ова според некои мислења во темата спаѓа во пристоен живот. Која фамилија во Германија оди во ресторан еднаш неделно?
Таа што е реална средна класа (за иселеници, со добри професии, ова е веројатно достижно дури по 2 децении живот таму) :)
Еве нека не е фамилијарно, со пријатели, или потенцијални нови пријатели каде се гледате?
 
Хм, светот функционира во бројки, и горе-доле има дефинирани цифри за просечни станови, одмори, возила и тн.
Да, но од аспект на не толку финансиски стабилен човек цифрата е многу помала за основни потреби, за разлика од финансиски стабилен човек. Затоа и имаш коментари на темава како за некој одењето на одмор и возење дури и просечна кола е луксуз, а за некој потреба.
 
Не е како го разбираш, туку што навистина претставува, генерално тоа е класичната средна класа.

Симплифицирано, задоволување на сите потреби: разновидна исхрана, 2 одмори во годината во просечен смештај со храна, пристоен простор за живеење (ако си со 2 деца, тоа се 2 соби за децата + кујна + спална + дневна + тераси ако е стан, или дворче ако е куќа, грубо 100тина м2), просек возило (на моментални цени за ново возило тоа е околу 15-20к евра), тековни просечни гаџети од електроника (тековно лаптопи, телефони), просечно школо/факултет за децата, просечна гардероба (не извикани брендови), курсеви/спортски активности за децата и за возрасните.
 
Ако ова е твојата замисла за просечен и пристоен живот тогаш во Македонија пристојно живеат само оние кои прифаќаат непристојни понуди. Значи лагоден живот, без кредити и сл. Ваков пристоен живот со ново возило од 20к евра, просечно македонско семејство без да земе кредит не може да си приушти. Или стан од 100 м2.
 
За ова и просечен Американец од Калифорнија и Германец од Швајцарија може да сонува.
 
Ако ова е твојата замисла за просечен и пристоен живот тогаш во Македонија пристојно живеат само оние кои прифаќаат непристојни понуди. Значи лагоден живот, без кредити и сл. Ваков пристоен живот со ново возило од 20к евра, просечно македонско семејство без да земе кредит не може да си приушти. Или стан од 100 м2.
Јас сум против поседување на возило и стан. Тоа е извор на многу проблеми. Кредити се ОК ако ги инвестираш парите. Јас така функционирам.
 
Ај возило, али зошто против стан? Се исплати ли пак цел живот да плаќаш кирија и да не е твое?
Секаде најмногу кошта станбеното прашање, не гледам како тоа не би било добра инвестиција на долг рок.
 
Јас сум против поседување на возило и стан. Тоа е извор на многу проблеми. Кредити се ОК ако ги инвестираш парите. Јас така функционирам.
Јас сум строго за поседување недвижнини. Парите што ќе ги давам за месечна рата, можам да ги вложам за стан или куќа. Не мора да е 100 м2, и 35 м2, ама свој на своето.
 
Јас трошам 800-900 евра месечно
100 евра сметки
100 кредити
50 за здравје
50 цигари
250 јадење
200 одмор
100 друго

Зараборувам од 300 евра до 5000 евра месечно зависи од месецот
Овој стандард на живото мислам дека ми е и превисок без проблем би ги намалил трошоците за 30% но поради врската морам повеќе да трошам. Обично годишно ми остануваат 10-20.000 евра кои сите ги ставам во инвестиции.
Cekaj malku, zarabotuvas do 5000evra mesecno a plakjas kredit 100evra? :D Ova malku mi nema logika, bidejki ako ti pravis tolku pari koja e poentata da plakjas krediti i kamati na banki.

Inace ne znam kolku pari bi trebale u mk za pristoen zivot bidejki ne sum tamu.
 
Девојка ми троши 1500 евра месечно така да ние сега трошиме 2400 веќе така да 3000 семејство за истото ниво.
Сериозен си? Девојка ти троши 1500 , пари кои не ги заработува или јас нешто грешно разбрав?
 
Cekaj malku, zarabotuvas do 5000evra mesecno a plakjas kredit 100evra? :D Ova malku mi nema logika, bidejki ako ti pravis tolku pari koja e poentata da plakjas krediti i kamati na banki.

Inace ne znam kolku pari bi trebale u mk za pristoen zivot bidejki ne sum tamu.
Ми требаше кеш за дневни работи парите ми се врзани искрено мислам да земам и поголем кредит ако видам добра опција за инвестирање. Сега за сега не се одлучувам да земам уште кредит зошто имам доволно кеш. Најверојатно краткорочиот кредит ќе го отплатам а долгорочниот чувам зошто плаќам само 5% камата за 10 години. Најверојатно во 2025та ќе земам многу кредити така ми е начелно планот. А овој краткрочниот ќе оди наскоро и ќе го исплатам. Сакам долгорочно да се задолжувам во иднина.
Автоматски споено мислење:

Сериозен си? Девојка ти троши 1500 , пари кои не ги заработува или јас нешто грешно разбрав?
Си ги заработува самаат и нејзини троши.
 
Таа што е реална средна класа (за иселеници, со добри професии, ова е веројатно достижно дури по 2 децении живот таму) :)
Еве нека не е фамилијарно, со пријатели, или потенцијални нови пријатели каде се гледате?
На кафе? Дома? Во парк, на прошетка?

Не е муабетот дали може да си приушти, со заеднички приход од 5000 еур може секоја вечер да вечера во ресторан ако сака. Прашањето е дали мора. Е сеа некако добивам впечаток дека ние како нација сакаме да уживаме во моментот па за понатака ќе се снајдеме. Гурмани сме, боеми. Да се истера кафана па за штедење ќе видиме. Да се оди на викенд па следниот месец ќе се скрати од нешто друго. Со ваков начин на размислување и 10к месечно не ти стигаат.

Не сме скромни. Една прослава за детски роденден кошта повеќе во МК него тука. Пошо се изнајмуваат игротеки, се прават декорации, се вика музика. Тука слават во парк со хот дог. Со тие плати што ги имаат тука може роденденот да го организира во изнајмен замок, ама ете. И сега според мислењата на темава испаѓа дека тоа не е пристоен живот. Едноставно начинот на размислување на луѓето е поинаков. И сеа некој ќе рече ама тие не уживаат во животот, да ти се плукнам во таквиот живот.
Али насловот на темата е конкретно за Македонија, па може и навистина на еден Македонец за да има пристоен живот му се потребни 2500 еур со вакво темпо како што се дава на темава. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom