Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 5.097
- Поени од реакции
- 13.112
Дај сеа не ме заебавај, зборам за одење во ресторан надвор од работни саати. На ова мени што се дава за ручек, процентуално од плата цената му е колку еден бурек со јогурт да земеш за ручек во МК.Не е точно. Од 5 дена 3 дена швабите јадат по ресторани за пауза за ручек. Добар дел од ресторантите за ручек функционираат со посебни менија баш за ручек, салата/главно јадење/десерт, со прикладни цени околку 25 еур. Ако си во фабрика или магацин имаш кантини.
Мене муабетот ми беше издвојувањето на 200-400 еур месечно под ставка за одење во ресторани со фамилијата, од два до четри пати месечно. Ова според некои мислења во темата спаѓа во пристоен живот. Која фамилија во Германија оди во ресторан еднаш неделно?
Дали покрај овој џепарлак од државата има и голем број тинејџери кои работат хонорарно за викенд/лето? Дали голем број студенти работат хонорарно за да си ги исплатат студиите? Колку вакви случаи познаваш во МК?Ова го обезбедува државата, познатото киндергелд. 220 еур по дете до 25 години ако студира. Плус дават даночни олеснувања до кај две просечни плати, околку 5000 еур за школување, ама ретко кој знае за ова од нашите.
Па куќата му се амортизира и на Швеѓанецот/Германецот, разликата е тоа што во споредба со овие земји, кај нас добар дел од населението од старт е во предност со тоа што уште од пред да се роди неговите изградиле куќа на 3 спрата за да има и за децата. Колку и да е непрактично, финансиски и те како значи барем одреден период додека се штеди за сопствено катче, да се живее без трошокот за кирија. Е сеа во западно европските земји младите го немаат овој head start, ај што го немаат ама и голем дел по завршување на факултет се во минус бидејќи самостојно си ги финансирале факултетите со студентски кредит.Дали знаеш што пишуваш? Еве и јас да имам добиено нова куќа, куќата се амортизира. По 50 години истата може да биде пред распаѓање. И од каде пари за нова куќа/реновирање?
Јас не знам која е замислата за живот во западните земји, дека сите одат во ресторани секој ден, дека секој викенд се некаде на пат, дека менуваат телефони/лаптопи секоја година, дека одат секое лето на летовање на море, секоја зима на скијање и измеѓу некоја недела на некое кратко патување?
Да не се сфатиме погрешно, живот со 400 еур плата е мизерување. Но од мислењава на темава се добива впечаток дека на просечен Македонец месечно би му требале повеќе пари за пристоен живот од просечен Германец.