Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.241
- Поени од реакции
- 36.551
Кој те тера да купиш лакосте со крокодилче? Еве јас немам ниту еден партал од таков бренд, па сум скоцкан и дуздисан цело време.Ова не е точно. Една памучна поло маица без крокодилче на неа вреди да речеме 5 евра, со крокодилчето на неа вреди 50. За двете се потрошени исти ресурси за прозиводство. Само што се нашол некој идиот па на крокодилчето му придава важност, па сега таа маица вреди 45 евра повеќе.
И за прозводтвото на BTC се тршат ресурси, односно струја, па и тој е дел од "реалната" индустрија. Иако самата поделба на реална и нереална индустрија не постои во капитализмот.
Друга работа, потполно погрено гледаш на повеќето токени. Тие се едноставно акции во старт ап фирми, и како такви воопшто не се разликуваат од акциите во фирми кои се на светските берзи, само што овде движењето на вредноста на акциите е подинамично и со тоа поризично.
Тие брендовите ви шиткаат поскапи партали поради маркетингот, да, имаат и троа повисок квалитет, но не вреди за таа сума. Поарно ќе имам 5 поубави кошули од по 2000ки, отколку да имам една од 10 000ки.
Кај криптото не е така, буквално сите се магла, тек-тук има и по некоја асална технологија но најчесто прогресираат тие со подобар маркетинг.
Какви акции, какви бакрачи, ќе има плачки и на берзата за акции од вакви инвеститори. Инвестираш во стартапи кои имаат една и единствена цел, да создадат магла, да ја продадат на брза рака, ќе молзат будали додека можат, и чао пријатно.
Ела спореди ми инвестирање во гиганти како Интел кој го држи 75% од маркетот за чипови и микро процесори, во време кога се околу тебе содржи чип, плус има кеш со кој може да ги плати сите долгови и да преживее во тешки кризи, и инвестирање во некоја крипто валута направена од двајца без тројца, со цел да закрпи што е можно повеќе будали, со виртуелна вредност, и моментот кога има беар на маркетот нивната вредност паѓа и под 50%.