Охрид

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Во ред, моја грешка не видов дека било за 2 вечери. Сепак прескапо за во некое свирипичино што нема ништо околу, ни па некоја убава природа, но тие се цените за нг секаде нема да навлегувам повеќе.
Инаку за 130 еур ќе најдеш аранжмани за сите просечни хотели на охридска ривиера, освен тие "елитните", а можеш да влезеш во секој кафич, каде што нема кујна па да има некои специјални понуди со мениа и да пиеш пијачка лабаво. Ако нема место ќе застанеш на шанк и чао пријатно. Во ноќните клубови ако не сакаш да се расфрлаш со флаши и маси можеш само карта да платиш и да стоиш во гужвата.
Друже, зависи како ја проектираш НГ! Ако сте тазе пар, да се откачите од дома, понудата е супер. На крај света супер хотел, две ноќи со дочек на НГ, локање, ждерење, секс кога ти се кејфне, уште музиката да беше нормална, милина ;) Па ако прават чорби вториот ден, што да ти зборам!
А што, идеш Охрид пола луѓето ги знаеш, скопјанишча во принцип, рестораните ги знаеш, еврејска математика секаде, останува да се надеваш дека ќе начекаш добра музика па ќе се направи штимунг!
На крај краева, не е важна цената, важно е како ќе си поминеш!
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.671
Поени од реакции
34.989
Епа во Охрид за смештај ќе поминиш по 20 еур од вечер и со тие 45 што ќе ти останат можеш сите кафани да ги свртиш на по некоја пијачка и + ќе си во Охрид, што колку сакате не признавајте е број 1 дестинација во Македонија. Истиве цени од ова во Другово се и во сите хотели во Охрид налик на овај. И сега да прајме споредба хотел во Другово со хотел во Охрид кој коштет исто пари?
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Епа во Охрид за смештај ќе поминиш по 20 еур од вечер и со тие 45 што ќе ти останат можеш сите кафани да ги свртиш на по некоја пијачка и + ќе си во Охрид, што колку сакате не признавајте е број 1 дестинација во Македонија. Истиве цени од ова во Другово се и во сите хотели во Охрид налик на овај. И сега да прајме споредба хотел во Другово со хотел во Охрид кој коштет исто пари?
Во Скопје ќе платат 2500 за карта во Рагуза за НГ...
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.478
Во Скопје ќе платат 2500 за карта во Рагуза за НГ...
Според вашата логика, цената е сосема оправдана, бидејќи е главен град, локсцијата е топ, и ресторанот/локалот е убаво опремен со фина услуга.

И најбитно, им се може.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
794
Поени од реакции
272
Дали е Охрид дестинација број 1 во Македонија, особено во зимски период?
Според мене, Охрид дефинитивно е дестинација број 1 во секој период од годината. Под него 5 места празни, па останатите :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.671
Поени од реакции
34.989
Според мене, Охрид дефинитивно е дестинација број 1 во секој период од годината. Под него 5 места празни, па останатите :)
Не знам што земаш за репер, али гледано од поглед на зимска идила, Охрид е далеку надоле на листата.
Маврово, Шапка, Крушево, Пелистер(Битола), Пониква, Берово и Пехчево би ги одбрал 10 од 10 пати ако ги споредам директно со Охрид. Дури и Гевгелија би ја одбрал пред него, го имаш Кожуф, а за забава казината.

За во летен период, за во мкд, би се согласил дека е број 1, но повторно само гледано од поглед на природна убавина, од поглед на менаџирање на самиот туризам е тапа.
 
Самиот град ми е преубав во секое годишно време. Едноставно ми буди некои убави чувства. Лани знам бев снег кога падна и таква убавина не сум видел до сега. Ако не си бил во снежен Охрид, тогаш ти препорачувам да одиш по после ќе правиме муабет за убавина.
А овие другиве што ги наведе ај те молам објасни ми што виде (освен скијањето, кое што лично не го сакам) за да те воодушеват толку?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.671
Поени од реакции
34.989
Еми дојди ти менаџирај го туризмов ако сакаш. Не мислам на тебе, него на секој шо кажвит Охрид вака така онака.
Пример кандидирај се за градоначалник или стани некој министер и ќе имаш овластувања. Или приватно нешто почни од сфера на туризмов ако не ти се бендисвит преку функции.
Вака по форуми тешко. Ние како обични поединци ама ич неаме моќ за било што да смениме. Одамна е така.
Не се возбудувај.
Мене ме интересира од аспект на турист, не ме интересира да го менаџирам, не сум експерт за туризам, ниту пак ми е гајле што ќе се случува со градот.

Не е проблемот само кај градските власти, туку и кај приватниците. Имам впечаток дека сите се во филм да станат чорбаџии преку ноќ, и нудат тиња услуга. Не може да ми местиш на кревет извалкана постелнина, да немам топла вода во објектот, да ми ставиш храна која е за во канта, и да се вратам назад за да ти оставам пари.

Сензитивен бизнис е туризмот, и од аспект на турист ти кажувам дека кога одмарам сакам да бидам искулиран и да не се замарам, а не да се нервирам на секој чекор.
Со убав амбиент во овој бизнис може да му извадиш пари на секој, ама си бара трчање, и е далеку од пасивен приход како што го замислуваат Охриѓани.
Автоматски споено мислење:

Самиот град ми е преубав во секое годишно време. Едноставно ми буди некои убави чувства. Лани знам бев снег кога падна и таква убавина не сум видел до сега. Ако не си бил во снежен Охрид, тогаш ти препорачувам да одиш по после ќе правиме муабет за убавина.
А овие другиве што ги наведе ај те молам објасни ми што виде (освен скијањето, кое што лично не го сакам) за да те воодушеват толку?
Сум го видел и со снег, и без снег, реално снег имаш 2-3 пати по 10тина цм и тоа е се.
Повеќе од пола зима е сув студ, коска ладен, и без никаква атмосфера.
Во тие што ти ги наброив имаш природа, снег речиси преку цела година и можеш да одмориш.
И, во зима/пролет/есен не преферирам град, туку планина/шума каде ќе одморам и ќе заборавам на се што се случува во градот, барем јас така го преферирам зимскиот одмор.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
794
Поени од реакции
272
Сум го видел и со снег, и без снег, реално снег имаш 2-3 пати по 10тина цм и тоа е се.
Повеќе од пола зима е сув студ, коска ладен, и без никаква атмосфера.
Во тие што ти ги наброив имаш природа, снег речиси преку цела година и можеш да одмориш.
И, во зима/пролет/есен не преферирам град, туку планина/шума каде ќе одморам и ќе заборавам на се што се случува во градот, барем јас така го преферирам зимскиот одмор.
Студ, коска ладен, без атмосфера?
По муабетов очигледно не си бил во Охрид одамна.
Кога збориме за студ и за ладно овие градови што ги наброја се дааалеку постудени од Охрид. Дури и Скопје е постудено во просек со 2-5 степени од Охрид во зимскиот период. Атмосфера поубава имало во Пехчево, Берово, Гевгелија итн.? Се слушаш ли што збориш?:facepalm:
Ако неможеш да отидеш до Охрид, прогуглај барем, види некоја слика, види каква предновогодишна атмосфера има, колку преубаво е украсено.
А овие, дури две работи што ми ги наведе (природа, снег) дека ги имало ваму, а во Охрид не, ги има кај мене во село, па и во скоро секое друго село. Па затоа ако имам потреба од природа, шума, мир ќе си одам у селото на дедо ми. Охрид е сосема нешто друго, смешно е да ги споредуваш овие "градови" со Охрид.
 
Член од
27 јуни 2018
Мислења
218
Поени од реакции
609
Па не е баш така, еве едно брзо пребарување на google вади апсолутно ништо за зимскиот туризам во Охрид наспроти градовите кои го имаат. Еве и една статија околу проблематиката која излезе од погорното пребарување. Градот е празен освен за нова година и Богојавление. Мене ми е убав празничок во зима за едно кафе или ручек на некој сончев ден колку за промена, ама повеќе од тоа и нема нешто зимски ориентирано.

Последно уредено:
Член од
13 јануари 2015
Мислења
794
Поени од реакции
272
Моментално сум во Охрид, не знам дали можеш да видиш барем дел од атмосферата преку 2та линка погоре:)
Едно не ми е јасно. Зашто сте дошле во тема Охрид и јадете бурек за Охрид?
Мене ако не ми се свиѓа некое место ни идам, ни па го плукам по форуми.
 
Член од
27 јуни 2018
Мислења
218
Поени од реакции
609
Форум е, дискутираме, никој не плука. Се спомна зимски туризам, на видеото има сијалички како и во сите градови во Македонија, ама не се зимски туризам сијаличките, за зимски туризам се потребни скијачки терени, спа центри, достапна планина со планинарски домови и патеки, тие работи ги нема да бидеме реални, затоа градот како на видеото е празен после завршувањето на летната до април/мај. Другите градови имаат колку толку такви капацитети и ја користат зимата.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
794
Поени од реакции
272
Си помешал нешто баце. Никој не дискутира за зимски туризам. Збориме за град за прослава на Нова Година и зимска дестинација за прошетка. Ако прочита погоре пишав дека скијање не ме интересира, па затоа не ми игра улога. Другиве градови освен ски патеки немаат ништо друго да понудат повеќе од Охрид.
Дај жити се ме интересира сијаличките да ги видам во Пехчево,Берово, Гевгелија и овие другиве градови?
Иначе за твое инфо во Охрид има повеќе базени и спа центри со сауни колку во сите овие наведени градови заедно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom