Поздрав дечки, за другото, земање ЕГН и сликање ќе ви пишувам понедела.
22.12.2021
Подигање ЕГН и сликање за пасош и лична карта:
- Истите четворица со автомобил, гориво и винетка = по 800 денари од човек
- Тргнавме околу 3-4 сабајле по македонско, во Софија во 08:00ч на истиот паркинг (1 час/2 лева)
- Кокал ладно, -10 степени
- Отидов до стрина на работата у офисо, у близина ми е таму, имаше време за од нога една тура...греано вино
... Ви праќа многу поздрави и ви посакува весели празници
- Први пред Средец, чекавме да отворат, како што беше договорено со вработените во општината (со плавата
), во 09:15ч подигнати удостоверението за постојан адрес и ЕГН. Им оставивме 3 литра домашна ракија (прва класа
), обезбедувањето буцко не беше на смена, имаше една бушава пункичка намрштена, ама ја омекнавме од прва...дадееме и чоколатца дедо мраз...насмејааме ја од сабајле
Пари не дадовме...не ни побара никој а и нема зошто.
- Отидовме во Хотел Рила, кај што преведуват да направиме копии од пасош од страната со печат за влез во БГ, на 2 или 3 спрат, смешав броењето, не ми текнува...Овие ЛИНК
https://www.google.com/maps/place/Болгарское+гражданство+-+Гражданство+Болгарии/@42.6955969,23.3230557,19.5z/data=!4m5!3m4!1s0x0:0xf4be34d53e90361d!8m2!3d42.6954618!4d23.3230432
- Од таму отидовме до главната полициска (миграција) на бул. Марија Луиза,
ЛОКАЦИЈА
https://www.google.com/maps/place/Directorate+"Personal+Identification+Cards+and+Documents"/@42.7032542,23.3226201,18z/data=!4m12!1m6!3m5!1s0x40aa85eb2f526b95:0xf4be34d53e90361d!2z0JHQvtC70LPQsNGA0YHQutC-0LUg0LPRgNCw0LbQtNCw0L3RgdGC0LLQviAtINCT0YDQsNC20LTQsNC90YHRgtCy0L4g0JHQvtC70LPQsNGA0LjQuA!8m2!3d42.6954618!4d23.3230432!3m4!1s0x0:0xd197770049211b8c!8m2!3d42.7034075!4d23.3235576
ПАРКИНГ (2лева/1 час)
https://www.google.com/maps/place/42°42'10.6"N+23°19'20.0"E/@42.7032542,23.3226201,18z/data=!4m13!1m6!3m5!1s0x40aa85eb2f526b95:0xf4be34d53e90361d!2z0JHQvtC70LPQsNGA0YHQutC-0LUg0LPRgNCw0LbQtNCw0L3RgdGC0LLQviAtINCT0YDQsNC20LTQsNC90YHRgtCy0L4g0JHQvtC70LPQsNGA0LjQuA!8m2!3d42.6954618!4d23.3230432!3m5!1s0x40aa85665593beff:0xb3a2267bc54aaf3d!7e2!8m2!3d42.7029377!4d23.3222168
Веднаш влеговме оти сме за сликање, ама таму ни рекоа дека може само по експресна постапка, 300 лева (дали ради гужвата тој ден само експресна имаше не знам), па од таму отидовме до најблиската полициска станица бр.2 (02 РПУ Софија), го минуваш Лавов мост и некаде 100-200 метри пред автобуската се врти лево ЛОКАЦИЈА
https://www.google.com/maps/place/02+Regional+Police+Station+Sofia/@42.7076615,23.3222607,18z/data=!4m12!1m6!3m5!1s0x40aa85eb2f526b95:0xf4be34d53e90361d!2z0JHQvtC70LPQsNGA0YHQutC-0LUg0LPRgNCw0LbQtNCw0L3RgdGC0LLQviAtINCT0YDQsNC20LTQsNC90YHRgtCy0L4g0JHQvtC70LPQsNGA0LjQuA!8m2!3d42.6954618!4d23.3230432!3m4!1s0x0:0xccae11eeb72fe3f3!8m2!3d42.7084064!4d23.3214989
ПАРКИНГ БЛИЗУ (ептен) ЛОКАЦИЈА (3 часа/6 лева)
https://www.google.com/maps/place/1202+Sofia+Center,+Sofia,+Bulgaria/@42.7077965,23.3221051,19z/data=!4m5!3m4!1s0x40aa855fd3aca539:0x7c06f321fedc885c!8m2!3d42.7078695!4d23.3219666
Таму завршивме за 30-40 мин, имаше неколку пред нас, се пополнуват документи и се што е назад објаснето, јас бев спремен со се, прв завршив и им помогнав на другите со пополнувањето, исто само тетки работат, 2 може да минат, 2 не се за мене
радосни оти не требаше многу да ни објаснуват како да потполниме.
Може да се плати на лице место со картичка на свое име или во кеш, на каса, има внатре. Потребни документи: Удостоверението за адреса и егн од општината, изводи оригинал и копија (имајте 2 копии за секој случај) преведени и легализирани (оригинал за увид, копија задржуват), копија од указ, пасош предна страна и пасош со печат за влез...можеби уште нешто, ама тоа е...се сликавме по обикновена постапка (58 лева), ни дадоа талонче со број, ќе треба при подигање на документите.
Страна за да проверуваш дали ти се готови документите со внесување на ЕГН и презиме т.е. проверка онлајн ОВДЕ
https://www.mvr.bg/електронни-услуги/електронни-услуги-и-справки/справка-за-издадени-и-неполучени-б'лгарски-лични-документи
Може да видиме кога ќе ни се готови, се договараме и одиме да си ги подигнеме или сите или само двајца, со талончето и полномошно.
- од таму најдовме у близина фино ресторанче у македонски стил со македонска музика и добро јадење... и едно време се напуни јаки теткици као за мене, некоја фирма на празничен тим билдинг, па паднаа некој поглед и смајли од страна...немаше како, мош и ќе ударев нешто, ама требаше да останам Софија на спиење
баш беа фини и је**зовни
ЛОКАЦИЈА
https://www.google.com/maps/place/Hadjidraganov's+Houses+Restaurant/@42.70674,23.3226082,18.71z/data=!4m5!3m4!1s0x40aa856097373943:0x79c95ed83c9b8d54!8m2!3d42.706544!4d23.3226144
Фотографии имам нешто, ама сега неам време да префрлам и да ставам, можеби утре.
Сума сумарум мене ме фати:
- 800 ден превоз
- 58 лева (1800 ден) сликање
- 2-3 лева паркинг
Кафана и шопинг не влегува у сметката
Тоа е до овде.
Уште еднаш да си кажам, собирајте си инфо овде од форумот ако планирате и ако сте во можност да одете сами, да не крмите некој посредник без везе (инаку прашав двајца така чисто да видам колку ќе побараат, едниот сакаше по 250 евра од човек (1000 вкупно), као се знаеме, ќе дадам поевтино за тебе (за други цена е 350), да не вози 2 пати со негово возило, за подигање указ, ЕГН и за сликање, он се плаќа по институции (58 лв за указ, 30 за ЕГН и 58 за сликање обикновена, не знам за преводи, изводи и копии, ама мислам и тоа е у цената) , тоа му иде 150 лева за институции и ај да кажеме 40 лева за преводи 2 броја = 200 на рамно или 100 еура
... па сеа видете си што како.
Друг бараше 350-400 еура и + 4 дена спиење у Софија, најверојатно брза постапка пасош (за 3 дена, 120 лева). Горе долу ќе ти излезе 500 со се....
Поздравче
Алтаир