Би требало некако да се разберете. Во секој случај, ќе одлучи собир на станари. Доколку покривот може да се поправи, зошто би плаќале за нов покрив? Ги разбирам комшиите, најверојатно имаат лошо искуство со прикрпувањата одвреме, навреме, а за сето време им прокиснува. Меѓутоа, тешко и на суд ќе ве убедат дека треба да се замени покривот, ако може да се поправи. Тоа вешти лица треба да го кажат. Ако не успеете да се разберете, пари ќе отидат по судови, адвокати, вештаци, наместо за покривот.
Доколку поправката чини значителен износ од цена за нов покрив, можеби и треба да се согласите