Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво дечки, размислувам да се запишам на ФИНКИ па ми треба ваша помош, кој смер според вас е најдобар, на што да внимавам, што да избегнам? Исто имам прашање и за предмети за матура, дали доколку воопшто не ја земам математика ќе имам проблем да не влезам во државна квота? Според оценки од средно на крај би имал 58,5 поени и плус ќе ги додадеме после од матурата и проектната. Размислувам македонски и англиски да ми бидат екстерен, и информатика можеби и уште еден како интерни. Ви благодарам однапред за одговорот.
Се ти зависи од смерот кој ќе го одбереш. ПИТ е најпопуларен бидејќи нема математика, па затоа е и малку потешко да влезеш во државна квота. Смер со најмногу математика е КН, па би било добро да го избегнеш ако не сакаш математика. СИИС е заедно со ПИТ во најпопуларните па соодветно и таму ќе биде тешко да влезеш ако немаш добра матура. Разгледај ги другите смерови и одлучи
 
Здраво, ако може некој да каже збор-два за предметите Интернет технологии и Концепти на информатичко општество. Начинот на полагање, дали е тешко за положување и слично... Благодарам однапред.
Има многу мислења за Интернет технологии, можеш да пребараш овде или на групата на ФБ, но еве ќе пишам кратко за предметот. Ако те интересира веб девелопмент, овој предмет ќе ти даде добра основа за back-end делот. Се учи ASP.NET и C#, а потоа и MVC шемата за програмирање која сметам дека е битна да се знае за други предмети кои ќе ги избираш понатаму. Ако се паднеш кај професорите Гоце и Магдалена ја имаш следната распоределба на активности: Колоквиуми, Испит: 200 поени (100 на колоквиум), Лаб 30 поени, Индивидуален проект(изработка на MVC апликација) 70 поени кој што не е задолжителен но е препорачливо да се направи за стекнување на практични вештини. Испитот според новата организација се решаваше на СЕБ со камера од страна, треба да дополниш мали делчиња код, некои кратки примери од предавања или аудиториски и прашања на заокружување. Предметов е со средна тежина и е корисен за понатаму.
 
Се ти зависи од смерот кој ќе го одбереш. ПИТ е најпопуларен бидејќи нема математика, па затоа е и малку потешко да влезеш во државна квота. Смер со најмногу математика е КН, па би било добро да го избегнеш ако не сакаш математика. СИИС е заедно со ПИТ во најпопуларните па соодветно и таму ќе биде тешко да влезеш ако немаш добра матура. Разгледај ги другите смерови и одлучи
Tи благодарам, и уште ако можеш да ми кажиш ако знаеш со колку поени најмалце влегувале во државна квота во ПИТ и СИИС?
 
Tи благодарам, и уште ако можеш да ми кажиш ако знаеш со колку поени најмалце влегувале во државна квота во ПИТ и СИИС?
На уписите оваа година во ПИТ последниот имал 92.1 поен, а во СИИС 94.2
 
На уписите оваа година во ПИТ последниот имал 92.1 поен, а во СИИС 94.2
Имаше ли матура лани? Пошто на времето, јас со ~80 поени влегов државна квота на ПЕТ(ама примаа 200 на ПЕТ, а сега примаат 140 на ПИТ).
 
Здраво дечки имам едно прашање . Дали за сп втор колоквиум доволно е од лабс да се спремам ? И кој е минимум поени што треба да ги добијам на втор колоквиум за да положам ? И дали за втор колоквиум квалификациските ќе влезат во поените за плус поени ?
 
Имаше ли матура лани? Пошто на времето, јас со ~80 поени влегов државна квота на ПЕТ(ама примаа 200 на ПЕТ, а сега примаат 140 на ПИТ).
Имаше во малку поразличен формат од обично.
Автоматски споено мислење:

Здраво дечки имам едно прашање . Дали за сп втор колоквиум доволно е од лабс да се спремам ? И кој е минимум поени што треба да ги добијам на втор колоквиум за да положам ? И дали за втор колоквиум квалификациските ќе влезат во поените за плус поени ?
Мислам дека минимум ќе биде некаде околу 40 поени, а плус поени се добиваат само од тестовите на предавања. квалификациските тестови се задолжителни и сигурно влегуваат во оценката.
 
Имаше во малку поразличен формат од обично.
Автоматски споено мислење:


Мислам дека минимум ќе биде некаде околу 40 поени, а плус поени се добиваат само од тестовите на предавања. квалификациските тестови се задолжителни и сигурно влегуваат во оценката.
Фала многу. Дали е потежок втор колоквиум од прв сп?
 
Здраво колеги, како најлесно можат да се разберат Hashmaps и каков тип на задачи најчесто се паѓаат во врска со нив?
 
Здраво колеги,некој ако има база на прашања мрежи кај Соња за втор колоквиум или за втор е-тест? Ви благодарам :)
 
Mislenje za vestacka inteligencija i za softversko inzenerstvo, sto se uci, programski jazici ili ne? I koja e tezina za polaganje
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom