Совети за учење програмски јазик

Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.007
Поени од реакции
18.803
Да, во право си ако сака да биде full stack.

Но, мојата филозофија е дека е подобро да специјализираш една работа наместо да работиш од се по малку. Така да, јас сум во веб дев веќе 6 години и работам само фронтенд. Од јазици само JS и TS. Единствено во првиот проект работев full stack (но со Node.js во бекенд).

Едноставно, не аплицирам на огласи каде што бараат full stack и не сум имал никаков проблем да најдам работа и да напредувам.
Плаќаат подобро, плус кога се работи за странски компании со кои комуницирам директно тоа им спаѓа во must have (бонус е AWS или Google Cloud). Јас сум бекенд PHP со било кој фрејмворк, MySQL(најчесто), бекенд Node.js(Express.js), фронтенд Vue.js + vanilla js. А работам и со кешинг сервиси ко redis, memcached и queue сервиси ко rabbitmq (ова ти е нешто слично ко socket.io во js светот). Некои од работиве сум ги научил самоиницијативно, некои пошто сум морал да се снајдам на нов проект. Сега фатив C и C++, желба ми е да продужам со arduino програмирање.

:cautious:

SQL имаш варијабли, декларации, while loops, if/else statements, процедури

Изгледа овие се будали што плаќаат $150.000 за некој што работи „компјутерски јазик“ (и што не е Turing complete)

Можеш да воведеш контролни структури ако сакаш тоа да го правиш на ниво на датабаза, но е query language, не сум сретнал некој да го сврстува ко програмски јазик. (што не значи дека е помалку вредна db администрација од програмски јазици, најголемите ботлнеци се секогаш поврзани со large datasets :) )
 
Член од
22 мај 2014
Мислења
88
Поени од реакции
146
Плаќаат подобро, плус кога се работи за странски компании со кои комуницирам директно тоа им спаѓа во must have (бонус е AWS или Google Cloud). Јас сум бекенд PHP со било кој фрејмворк, MySQL(најчесто), бекенд Node.js(Express.js), фронтенд Vue.js + vanilla js. А работам и со кешинг сервиси ко redis, memcached и queue сервиси ко rabbitmq (ова ти е нешто слично ко socket.io во js светот). Некои од работиве сум ги научил самоиницијативно, некои пошто сум морал да се снајдам на нов проект. Сега фатив C и C++, желба ми е да продужам со arduino програмирање.
Види, се тоа е супер. Како што ќе ја тера кариерата ОП ќе учи различни работи, тоа е најнормално. Само не сакам новите луѓе кои се нафаќаат на оваа работа да се чувствуваат overwhelmed на почетокот. Еден програмски јазик со еден добар фрејмворк и HTML/CSS за FE или SQL/NoSQL за BE е доволно за почеток.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511

За бекенд во моментов е програмски јазик + фрејмворк + sql, односно на прашањето од дечкото погоре за пајтон: чекор 1 Python (до напредно ниво и ООП концепти) + SQL и основи на RDBMS, па еден бекенд фрејмворк (Django/Flask/FastApi).

Било кој јазик да го одбере, ќе мора да го усоврши добро чекор 1, па да премине на чекор 2.

Е сега симплифицирани работите изгледаат вака, ама кога ќе почнеш да се пикаш во зајачката дупка ќе излегуваат и други ситници (протоколи, контејнери, version control...) кои колку и да изгледаат наивно и едноставно, си бараат време и нерви.
П.С колку повеќе навлегува во занатот, толку повеќе ќе се чувствува overwhelmed.
 
LP1519

ЧастиОбраз
Член од
2 февруари 2012
Мислења
405
Поени од реакции
298
Дали би сакал некој од вас да предложи “добар“ курс на udemy за frontend (html, css, js) ?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.007
Поени од реакции
18.803

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
За што ќе го користиш пајтонот, т.е каде се гледаш, во веб програмирање, или пак во data science, data analysis?

Одлични курсеви и канали на јутјуб:
Python for Everybody - Full University Python Course Dr. Charles Severance
За веб од истиот професор, гага:
Django For Everybody - Full Python University Course Dr. Charles Severance

За ситни автоматизации:
Al Sweigart Automate the Boring Stuff with Python. го имаш и на јутјуб.

Одличен канал за пајтон, особено за веб, можеби најдобрите туторијали за е-комерс, со детално објаснување и на дизајнот на базата.
Very Academy

Други одлични канали за пајтон:

sentdex
Tech With Tim
Programming with Mosh

Од платените, задолжителен за секој почетник што сака да ги научи како функционираат работите под хауба (истиот инструктор има и за javascript, топло го препорачувам на секој почетник што влегува во веб програмирање).
Data Structures & Algorithms - Python - Scott Barrett

Од курсеви овие ти се предоволно за да ги научиш основите и се што ти треба, следен чекор е решавање на задачи/правење на реални проекти.
w3resource
PYnative
HackerRank
kaggle.com - имаш примери, дури и „натпревари“ за data science.

Ете ти материјали, твое е да го загрееш столчето и догодина ова време да ти бараме работа :D
Од овај Al Sweigart Automate the Boring Stuff with Python добро е што го има на јутуб немам време да го читам, а и велат од практично нешто подобро нема да завршам со индиецов ќе го поминам и Ал во јутубо.
 
Член од
25 ноември 2021
Мислења
27
Поени од реакции
0
Предлог за добар курс, канал или видеа на YT, книга или нешто друго за учење ООП (C++) и веб дизајн?
 
Член од
1 август 2022
Мислења
2
Поени од реакции
0
Zdravo
Sakam da pocnam da se zanimavam so programiranje pa mi treba sovet so koj programski jazik i kakvi bazi i da raboti pod Win. Ne mi e itno jas od septemvri pocnuvam vo sredno pa veruvam deka tamu ke ne ucat ama sakam da pocnam da se zanimavam nesto ovoj mesec dodeka sum doma. Za pocetok sakam da napravam edno programce za evidencija da mu koristi na bratmi on raboti so prodazba na semenski materijali i otkupuva gotovi proizvodi i sega vo Excel vodi evidencija
Ja nacrtav na list kako sakam da izgleda i sto treba da ima , znaci nekolku formi za vnesuvawe na novi klienti za vnes na produkti i dve formi isti edna za koga od nekoj otkupuva i edna za koga mu prodava seme ili gotov proizvod , i nekolku izvestai za toa sto ima na zaliha vo magacin , za proizvod da vidi kolku i na kogo mu prodal ili kupil , i da moze da bira za koj period
eve kako go zamisliv za polesno da me razberete i da mi kazete kako najlesno da go napravam i da naucam nesto novo zasto moze ponataka pa i programer da stanam haha
 
Attachments

Член од
21 март 2014
Мислења
523
Поени од реакции
385

Истражувај во насока на C# Windows Forms App.
 
Член од
1 август 2022
Мислења
2
Поени од реакции
0
Истражувај во насока на C# Windows Forms App.
ti blagodaram mnogu
tokmu vaka sakav da mozam da si gi pravam formite i polinjata za vlez kako vo videoto
ama bidejki nisto ne znam , koja e razlikata megju Visual Studio , Visual Studio Code , C# , C++
sto e tuka programski jazik sto treba da pocnam da go ucam i kako i vo sto se pravat bazi
uste ednas fala ti mnogu
 
Член од
10 март 2022
Мислења
209
Поени од реакции
410
желба ми е да продужам со arduino програмирање
Извини што после толку поминато време те враќам на темава. И мене отсекогаш ме интересирало ардуино програмирање (највеќе ради тоа што нема замарање многу со јузер интерфејс и тоа што се иде директ на логика). Ме интересираше дали знаеш кои фирми работат со ова? Бидејќи огласи за работа не гледам а за пракса воопшто.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.007
Поени од реакции
18.803
Пробај Микросам, ако ти е за кај нас. Не сум почнал ни јас сериозно, за да подетално те упатам.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.125
Поени од реакции
2.215
Што лаптоп би предложиле за почеток во оваа работа?

Може и на старо, што спецификации да барам?

Сакам да пробам да научам нешто, сеуште незнам што, и некое време немам компјутер па не сум во тек со што е сега норма за добра конфигурација.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Што лаптоп би предложиле за почеток во оваа работа?

Може и на старо, што спецификации да барам?

Сакам да пробам да научам нешто, сеуште незнам што, и некое време немам компјутер па не сум во тек со што е сега норма за добра конфигурација.

или да видиш ако има празен слот овој и да му ставиш уште една плочка рам:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom