Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    733

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
@Human, еве некаков одговор за џавелин и за одбрана од висок агол воопшто. Од искуствата од војната во Нагорно Карабах.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.024
@Human, еве некаков одговор за џавелин и за одбрана од висок агол воопшто. Од искуствата од војната во Нагорно Карабах.
Дел од тенковите што ги движат кон Украина се 'надоградени' со вакви импровизирани заштити:

1639771031037.png

Колку се ефективни ќе покажи времето. Или нема. :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Дел од тенковите што ги движат кон Украина се 'надоградени' со вакви импровизирани заштити:

Прегледај го приврзокот 316863

Колку се ефективни ќе покажи времето. Или нема. :)
Ќе видиме тоа, јас мислам дека тенковите и нема да видат многу од војната ако ја има.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Тоа што го пишав во многу наврати се случи во Сириската граѓанска војна и последно во Нагорно Карабах. Кога Сиријците пробуваа да напредуваат на почетокот на Руската поддршка беа брзо уназадувани кога со 40 години стари проектили (наведувани анти-тенковски) џихадистите ги запираа од далечина од 3 километри (фронтовски битки). После неколку уништени оклопни возила офанзивите мораа да бидат запрени. Им требаа месеци, па и година две за да освојат одредени територии.
Азербејџанците имаа среќа што се работеше за многу мала територија, но исто им требаше многу повеќе време да почнат да освојуваат територија, отколку одкога еднаш се пробијаа и постигнаа воздушна доминација. Загубите на хардвер им беа огромни, а Ерменците имаа многу малку наведувани проектили.
Нерелевантно во голема мера, ова што го спомнуваш.
Во Сирија Русија никогаш немаше (и нема) за цел Сирија да победи, туку само да не изгуби. Замрзнат конфликт е тоа што им одговара, максимално влијание и контрола. Во Карабах на Азерите им се поклопија коцките, дочекаа поволни услови - во Ерменија беа (се) на власт проамерикански/соросови кадри и на Русија им одговара делумен воен пораз на Ерменија (заради смена на режимот). Без Турција Азерите секако ништо немаше да направат, а имаат гас да платат и тоа е тоа, се деси што се деси.

Сакам да посочам дека спомнуваш конфликти каде воените случувања се секундарни на политичките договори зад кулисите - а овде се зборува за анализи на можните воени разврски според условите (играчите) на теренот во Украина. Еден од тие играчи е топ2 армија во светот (и тоа на домашен терен), зарем навистина ќе ги споредуваш со армиите на Сирија и Карабах?
Автоматски споено мислење:

Бидејќи Џавелин е скап, веројатно и Украинците нема да го имаат во големи количини, но најверојатно доволно за солидни загуби кај противникот.
Според ова долу немаат ниту 50 launcher-и, заедно со ~360 проектили.
Не се глупи руските стратези, една од целите ќе биде џавелните да не бидат употребени во значајна мера. Артилеријски оган со претходно дроновско разузнавање ќе бидат главната алатка за омекнување, оклоп никогаш нема да иде прв во блицкриг, а во ситуациите кога ќе треба оклоп на теренот тогаш веројатно ќе се настапува со тенковите опремени со Afghanit... На крају краева имаа украинците противтенковско оружје и во судирите пред Минскиот договор, колку им помогна тоа?

Подобро ништо отколку текстови што се пишани од едната или другата страна, нели? :D
Ги пратиш двете страни. Ги вадиш фактите, ја одземаш пропагандата, и создаваш некаква слика за реалноста... Не идеално прецизна, ама солидна претстава. Боље него Рамбо 3 сценарија за цепање тенкови со лак и стрели. ;)
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Патем тие „заслоните“ ставени над Т-72, тоа повеќе е за проектилите од турските Барјактар и други (амерички) дронови. Мада ќе направи разлика и за топлинска „камуфлажа“ на ранливиот горен дел од тенкот.
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
142
Поени од реакции
60
Mислам дека Путин, нема сили да и се спротистави на САД. Во глава уште ми е негово интерјву, кога кажа самиот, дека ако се противи има шанси Русија да заврши како Југославија.

Ништо ново. Америка се заканува за да добие некој долар плус, па го подбуцнуваат.

Мое мислење е дека единствена реална опасност за Америка доаѓа само од Кина и големиот минус кој го имаат во трговската размена. Русија како Југославија. Со години без технологија, распаднат систем и со многу малцинства. Свесен е Путин дека мора мудро да игра за да опстане.

Украина мислам дека најголема загуба има од овие тензии. Овие проблеми ќе одвратат многу странски инвеститори и ќе има намалување на економијата ако нема во догледно време промени.
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
142
Поени од реакции
60
Моментот во кој кажа дека Русија е со години без технологија, неспорно стана твоето познавање на светските текови.
Lada фабриката која била гигант во Советскиот сојуз. И нејзиниот "развиток" по распадот.
Еден од малкуте примери.

Денес имаат нови модели, но во соработка, делови и технолгија од Рено и други.
Свое комплетно ауто што ќе му го понудат на светот не.
Пред некое време гледав на Ал џазеира емисија за фабриката Лада Тољати. Таму до неодамна било застанато времето.
Ќе треба да поминат години за Русија технолошки да ги достигне западните марки на возила, а до тогаш ќе позајмува технологии од други.

Отвори ги податоците за извоз на производи на Русија, а потоа на Кина, Германија, САД, Франција, Италија и убеди ме дека грешам. Тие најдобро даваат слика за тоа што го зборувам.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Mислам дека Путин, нема сили да и се спротистави на САД. Во глава уште ми е негово интерјву, кога кажа самиот, дека ако се противи има шанси Русија да заврши како Југославија.
Во меѓувреме ваљда му стана јасно дека овие секако ќе направат сѐ што можат за да ја уништат Русија, и нема да престанат независно од тоа што Русија ќе направи.

За другото кажуваш некои глупости за кои веројнатно не вреди да се коментира ама само накратко, пребарај ги на интернет следниве работи:
- хиперсонични интерконтинентални балистички проектили, што се - за што служат - и каква одбрана постои против нив
- зошто таквото оружје САД го нема а Русија го има (дури и Кина го има)
- воените буџетите на САД и Русија, и спореди ги

Кога зборуваш за воена технологија, зборувај за воена технологија. А ако зборуваш за автомобилска индустрија ни САД не се нешто посебно, најголем дел од аутата што се возат во САД се увозни. Така ако гледаш Јапонија и Германија се воени велесили (а не се).
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952

С-400 и сега С-500 како убедливо најдобри противракетни системи, а сега се работи на С-550, ама на кого да му објасниш, мислат ова е Русија пред 20 години. Нуклеарно торпедо кое може да направи бран висок 10км со висококонтаминирана вода и да поплави цели градови, а истото може со месеци да стои на дното на океанот за да не може да биде детектирано. Дронови најразлични, чак и тенкови со компјутерска интелигенција кои ги употребуваа во Сирија. Воениот буџет на сад е многу поголем, но Русија има многу повеќе ресурси со што се им е многукратно поефтино, генерали американски има кои велат дека Америка заостанува зад Русија, ама на кајгана Украина може да претставува проблем за Русија. Восток 2018 иначе, беше сценирана инвазија со 300 000 војници, 10 000 возила и 1000 авиони и хеликоптери, да ова секако Украина ќе го спречи со Џавелините, ама на кајгана форум, како што Арменија водеше цело време додека не капитулираа.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Во САД војната е бизнис, MIC повеќе гледа на што може да се сврти повеќе пари отколку на употребливост, ефикасност и корисност (да бара почести сервиси, или слично). Kласичен пример е Локхид Ф-35, кој дури и сојузниците ги врбуваат/уценуваат да го купуваат, а е катастрофа од аспект на проблематичност и потреба од сервисирање пошто има мал милион сензори, сложена електорника, и непоуздан софтвер.

Русија од друга страна нема толку ресурси (не можат да принтаат толку пари како САД, газдите на светската петровалута и валута на државни резерви на другите држави). Затоа Русија има асиметричен пристап. Не можат да си дозволат да направат толку авиони како САД? Парават супериорна противвоздушна одбрана С-300, С-400 и сега С-500. Не можат да си дозволат да направат цела флота од носачи на авиони? Прават хиперсонични интерконтинентални балистички проектили со што убиваат две муви со еден удар: Доктрината на „прв удар“ на Америте паѓа во вода (спомнативе проектили може да се истрелаат од непознати локации и да дојдат во САД од било каде, пошто имаат огромен домет, со што станува невозможно да се уништат нуклеарните воени центри со еден ненадеен нуклеарен удар), и второ - надмоќта во конвенционално вооружување на САД паѓа во вода (било која конвенционална војна која ќе го загрози постоењето на Русија ќе предизвика нуклеарен одговор со спомнатите хиперсонични проектили кои САД не можат да ги запрат). Асиметричност, но ефикасна асиметричност.

едит:
Само за Ерменија (за која повеќето навивавме), морам да додадам дека војната повеќе ја изгубија заради задкулисни политички игри отколку заради воената способност на Азерите. Но итересно е тоа дека непосредно пред војната (пред и да има најави за истата), Ерменците имаа засилени контакти со САД и ЕУ за пристап кон западните институции (НАТО, и ЕУ), откако избраа за премиер соросов човек кој односите со Русија ги донесе на историски ниско ниво.
Излегува дека стремењето на сојзништво со САД и ЕУ не помага многу (со прст не мрдаа ни да ја запрат Турција да се вмеша), напротив, со тоа и со други непријателски потези само се оддалечија од Русија кога им требаше најмногу.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Lada фабриката која била гигант во Советскиот сојуз. И нејзиниот "развиток" по распадот.
Еден од малкуте примери.

Денес имаат нови модели, но во соработка, делови и технолгија од Рено и други.
Свое комплетно ауто што ќе му го понудат на светот не.
Пред некое време гледав на Ал џазеира емисија за фабриката Лада Тољати. Таму до неодамна било застанато времето.
Ќе треба да поминат години за Русија технолошки да ги достигне западните марки на возила, а до тогаш ќе позајмува технологии од други.

Отвори ги податоците за извоз на производи на Русија, а потоа на Кина, Германија, САД, Франција, Италија и убеди ме дека грешам. Тие најдобро даваат слика за тоа што го зборувам.
Горандо си слушнал за нуклеарно оружје ко на пример?Кој ми те измамил дека на фронт се оди со BMW 5?Туку да се надеваме дека ќе се смири ситуацијава зошто после еден ваков вооружан конфликт меѓу НАТО и Русија тотално е небитно кој ќе ја добијат војната.И Русија и Европа ќе претрпат траорни и тешки последици.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
...вооружан конфликт меѓу НАТО и Русија тотално е небитно кој ќе ја добијат војната.
Со агресивната политка на неокон war hawks, за жал натаму дува ветерот.

Kajgana Shop

На врв Bottom