Нормално како и секој родител го сака најдоброто за своето дете, но пред се мислам дека љубовта во некои сфери од неговиот живот мораат да имаат граници. Не викам дека приватното образование е лошо и неквалитетно туку мене лично ме боцна пристапот кон тоа образование јас сум решена да го запишам во приватно школо, Вие сте решени како родител да, но дали детето е прашано дали е и тоа решено да учи во приватно училиште или пак сака да учи во некое ,,нормално" од калибарот на Орде, ЈБТ, Корчагин итн. Тоа што некое трето дете научило критички да размислува, или станал научник или нешто трето зависи од многу фактори почнувајќи од менталниот скоп на детето па се до можноста да перцепира. Понатаму навистина изгледа онака како што сакам да изгледа едно училиште... Вие ќе учите или Вашиот син? Можеби детето не го сака тој начи на учење, никаде во постот не сретнав мислење од Вашето дете или реченица со која ќе ни доловите дали со него е направен некаков вид на разговор за неговите амбиции се се темели на Вашите лични впечатоци од она што сте го видете и што сте го чуле или прочитале. Искрено многу ми се допаѓа бидејќи сакам да го срушиме стереотипот дека во приватно одиш и си ги плаќаш петките... Доколку детето не го сака овој принцип на настава и учење не го терајте со сила и нека не биде оној ,,херој" кој ќе руши стереотипи за да докажува дека приватното е нешто Бог знае што, туку нека расте и развива онака како што мисли дека највеќе му одговара нормално во рамките на нормалата. Се надевам дека по 4 години Вие нема да му бирате факултет...