Не си во право. Платените публикации во кои се протурква таква лажна теза, едноставно, не вродуват со плод. Доказ: ветото останува иако барем сто пати го лажеа народот. Така да перцепциите, посебно кога се вештачки форсирани, не ги менуват суштински состоjбите на терен.
Друга работа е што Румен Радев допрвин уште повеќе ќе се залага да биде главен креатор на бугарската политика за македонското прашање. Тоа никако не може да биде добра вест за РСМ. Бугарскиот претседател изгледа како солидна особа сосема различна од профилот на поранешниата влада на Боjко Борисов коjа веќе не е во игра. Затоа се очекува источниот сосед не само да jа зацврсти своjата позициjа институционално дома, туку и да jа артикулиса надвор поактивно, а на старите услови да им се додадат нови, прикажани на таков начин што тешко ќе биде да се одбиват.
Минаха години. Доколку назад каj Бугарите постоеле некакви романтичарски сентименти спрема Македониjа, jас го паметам добро ова време, тие одамна се исчезнати. Мислам нема тука некакво изненадување кога ќе видиш каква политика се тераше спрема источниот сосед од осамостоjувањето до денес. Доста беше од сета таа лицемерна глума. Македонската елита инстистира и понатаму да води воjна против Бугариjа, за што неjзините гласачи мора да ги сносуват последиците.