Што имате сите против
@teneke ?
Правдата не може да се земе во свои раце. Кај нас сега има обвинение за 3 нарачани убиства. Секако дека се сочувствувам со тој родител, и веројатно и јас исто би постапил, ама од аспект на правната држава, системот на казни ја предвидува затворската казна која е компензација за стореното кривично дело. И да, 5 год минимална за убиство е мала. Талионот е остаток од епоха од историските хроники. До каде ќе се оди? Одмазда по одмазда.
Тука зборуваме за правото на самоодбрана. Поротата беше јасна и праведна. Немаше преседан. Сите снимки и скоро сите сведоци беа јасни. Обвинителот се посрамоти и од аспект на изјавите околу правата на обвинетиот кои се загарантирани со Уставот на САД, потоа со доказниот материјал, презентирање на истиот, вкрстеното испитување...
обвиниението му се урна преку ноќ, а на своја страна го имаше популарното мнение и скоро сите медиуми кои подоцна или се вадеа или имаа кринџ моменти.
Детето имаше добро спремен тим, тим кој од самиот старт се соочуваше со доста притисоци. Добро подготвена одбрана и одлични аргументи кон клучните тези на обвинението. Поротата, по мое мислење, беше во право што го ослободи од вина по сите 5 точки.
Селф плежр се сите тие испади на БЛМ и Антифа терористите.
За другите случувања по овој настан, треба една Генерална тема затоа што ова не се терористички напади. Секој предлог за наслов на тема е добредојден.