Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Оваа сезона требаше да го направат тој чекор напред и оние помалите екипи да се лесни и убедливи победи.

Една причина се повредите кои не се решија и физички неспремни играчи преку еден натпревар, а друго што не земаа играчи кои сите знаеме на кои позиции им фалат.

Без две крила, напаѓач, дефанзивец, десен бек па до скоро и без голман не знам кој тим нема да помине без да осети. А
Што е премногу премногу е. Ќе се крпеше без Ребич, ама и Леао ги уништи.
Исто и Диаз со формата.

Како и да вртиме пак фалат тие 2-3 засилувања. Може оваа полусезона ќе беше друга кога би ги имале како поддршка, а не Леао го прегореа откако остана сам.
 
Каков лик каква пијавица човече,демне на секој можен пост.
 
Ибра ќе се снајде, ќе даде гол, но тоа не менува дека веќе немоќно изгледа во тек на целиот натпревар.

Едноставно, не е веќе за првотимец.
 
Се додека не земат расен центарфор ситуацијата ќе остане статус кво и не можат да направат исчекор напред.
Само живеат во илузија дека може да се направи нешто повеќе од ова со само прогласениот бог на фудбалот.
 
Ребиќ се осеќа најмногу од сите. Не знам кога точно се враќа, ама нека е побрзо по можност. Да преживееме со Наполи наредно коло и Емполи да се победи пред паузава, јас сум задоволен.
 
Ибра ќе се снајде, ќе даде гол, но тоа не менува дека веќе немоќно изгледа во тек на целиот натпревар.

Едноставно, не е веќе за првотимец.

Еден гол а упропасти 100 напади..никаква корист од него нема на последниве.
 
Шо не го вратат, сто пати поарно ќе заврши работа од Пелегри. Плус дете на Милан, ќе трча ко вол за секоја топка како во претходниот мандат.
 
Не ме чуди што се случува ова околу повредите и лошата состојба по ова прашање, кога клубскиот доктор е Stefano Mazzoni. Назначен на позцијата далечната 2012 или така нешто.
Типчето 10 години е шеф од медицинскиот тим или држи некоја висока позиција во таа хиерархија (поправете ме ако грешам). Паразитира братот.
Не знам внатре како тоа функционира во еден клуб како Милан во поглед на технички кадар, ама ако константно ти се случуваат вакви срања право чудо е како нема некаква одговорност години наназад.
 
Ќе пропаднат сега со овие играчи што ги има и распоредов на следниве натпревари..
 
Баш сега читав околу лабараторијата. Тој проект денес не постои, остана само името.

Причина е заминувањето на Мерсеман, доктор кој го земаа по повредата на Рендондо. Користи метод веќе бил експериментиран од друг доктор и имал резултати 10 години во Динамо Киев.
Со него тогаш била основана лабараторијата.
Се користеше врвна технологија за предвидување и управување со повредите на играчите.

Периодот од 2002-2010 на многу играчи им се продолжи кариерата до 40 години. Сега имаме најмлад тим, а најмногу повреди.

Да не беше тој докторот Сидорф немаше да стане играч. Постојана болка во препоните го спречувала да има основни тренинзи и овој проблемот му го решил со вадење на умниците, затоа и пропадна трансферот на Сисоко поради забите.

Тој давал зелено светло за трансферите на играчите и дека може да се купуваат и 30+ годишни за помалку пари, а да играат во форма долго време.
За него годините не се причина за пад на форма и дека може да се игра до 40 години ако е спремен физички и психички.

Тестови на две недели со секакви физички вежби и податоците ги анализирале и тоа им помагало за предвидување повреди кај играчите. Сега таа база со податоци ја користат големи клубови.

Започна падот после повреда на Пато со еден куп различни повреди и тогаш беше отпуштен докторот кој замина во Челзи. Таа сезона со Пато и Ел Шарави 300 повреди во цела сезона.

Денес Пиоли со изјави дека имаат напорни тренинзи, мора да ротира, да тој ротира, но пак истите проблеми.
Ништо не се смени, откако сменија тренинзи. Ова е веќе една година.
 
А зошто не го земат и Иконе, за џабе ќе заврши во Фиорентина. 15 мил.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom