Е па чичин дојде и тој ден!
Конечно! Голготата ти се исплатеше!
Најпрво со цело срце ти го честитам указот и ти посакувам да си ги оставриш сите ама сите до една зацртани цели... покрај финансиските се надевам дека и ќе успееш на начин на кој што ти знаеш и умееш да се заблагодариш за указот на стрина му на
@Генерал!
Нека ти донесе указот нов подобар живот надвор од Македонија и нека среќата биде на твоја страна!
ииииии.... сега откако го доби указот...
немој да те нема (на форумот) зошто нема да те има! знам кај ќе фаќаш патот и ќе ти дојдам и ќе те вратам на форумов!!!
другите желби и честитки ќе си ги видиш у порака!!!
Sent from my iPhone 12 Pro Max using Tapatalk
Има темава еден куп луѓе на кои им се имаме изнарадувано за добие указ и сите заслужиле, а ТИ ПОСЕБНО.
Се изнамачи со години, башка имаше желба да успееш па твоето е пример дека упорноста се наградува (си аплицирал по втор пат) и дека ако човек е позитива СЕПАК на крај ќе му се наредат коцките.
Еднаш кажа дека после указ ќе се повлечеш од темава, што е со некаде нормално, НО треба да размислуваат членовите за твој наследник, пошто мора некој да ги проверува преписките.
Сепак, Марин убаво ти кажа, ако те снема скроз ќе ти чукне е на врата - па мисли му ја како те најдовме.
Утре вечер (отприлика ова време - коа ќе си дојдам од работа), ќе се напијам по некоја. Дефинитивно си брату еден од ретките за кој се радувам како да сум добил пасош јас лично.
Приватно знаеш што ти посакувам, за јавно на темава... Only sky is a limit.
Уживај во деновите пред тебе и прослави. Заслужуваш!!!
Е вие двајцата стварно знаете да го расплачете човек со убави зборови уште од сабајле
Ем плачам, ем се смеам
Фала дечки уште еднаш ептен многу, посебно на вас двајцата (ќе ме извинете сите други што вака ги издвојувам овие двајца будали, ама сакам си ги
)
Фала ви и на сите други овде на темата, фала на цела банда овде, без вас сите овде ќе немавме толку информации во врска со цела процедура, појма ќе немавме што се случува....благодарност ....едино само ако се држеме заедно може да успееме во која било цел....
Доста со честитки и благодарници, да се фатам за работа и како шо е редо да го напишам мојот пат до денот кога станав бугарски државјанин:
-2007 - прв обид за поднесување за бугарско државјанство, изваден происход од Бугарска амбасада Скопје, само врз основа на потполнета и потпишана декларација, ништо друго.
Заради разни причини не продолжив процедурата (будала), до овде беше првиот обид.
-2015 декември - втор обид за поднесување документи во Софија, ама погодив да идам на сам ден божик (католички), не работеа институциите, па и овој обид пропадна.
-2016 февруари 23- поднесени документи за происход во Конзулат Битола, потекло само од прв братучед, тогаш прифаќаа апликации преку братучеди, тетки, чичковци итн., + го додав стариот происход од 2007 (ми рекоа дека не важи и дека морам да вадам нов)...и тогаш како и сега имаше некаков проблем со потврдите од бугарските здруженија, не ги признаваа одреден период, па не извадивме. Ни потврдија дека е се во ред со документите.
-2016 октомври 19 - Конзулат Битола, излезен происход и исти ден правено интервју со конзулот, инаку доста симпатичен човек, муабетчија, се не испраша, се му одговоривме, се разбира на бугарски јазик, кој колку може, супер поминавме.
И тој ни потврди дека е се во ред со документите.
-2016 декември 06 - Пат за Битола, излезено бројче, подигање
-2016 декември 21 - Задолжителна
-2017 јуни 6 - Финална
-2018 февруари 01 - Положително
-2018 мај 03 - Проверка од вицепрезидент
-2018 јуни 14 - Отказ од вицепрезидент
Одење Софија, барање луѓе, молби, жалби, плачење, пичке материне итн.
Ептен случајно стапивме во контакт со луѓе во Софија (не посредници) што ни објаснија убаво што е работата со отказите (не е за на темата), пробаа да направат да ги вратат на повторно разгледување одбиените предмети, со можност да доставиме дополнителни документи, ама ништо, неизводливо, бидејќи отказите се потпишани во указ од вицепрезидентот. Ј**и га.
Беа многу фер, не сослушаа и увидоа дека грешката е до нив, т.е. до бугарските институции.
Сепак, мнооогу ни помогнаа со тоа што ни предложија да почнеме одново процедурата, со сите документи сега + потврда од БККС од Струмица и дека веднаш ќе ни издадат происход, не треба да чекаме 6-7 месеци или година.
И тоа напоменувам уште еднаш, без да ни побарат некакви пари, мито, корупција и слично. Не ни зедоа ниту лев, па дури и ручокот беше од нив.
Одиме понатаму....
-2018 јули 31 - Поднесени документи за происход во ДАБЧ, во ист ден земен происходот.
Документи:
Потврда од БККС со изводи поврзани од јас-татко-дедо роден 1928 во Кукуш. Ништо друго.
-2018 август 01 - Спремање на документи, изводи, преводи, лекарско, неосудуван...се завршено за 1 ден.
-2018 август 02 - Поднесени документи во МП, покрај сите стандардни што се бараат, поднесени по втор пат истите како и за происход, само потврдата од клубот беше копија, не оригинал, закажано интервју за 8 април 2019. Ветено од луѓето во Бугарија дека ќе се обидат да ни подместат интервјуто да го правиме некаде септември или октомври. Тоа не се случи, заради аферата во ДАБЧ баш тој период, не беше изводливо никако, па оставивме како што е, закажано интервју 08.04.2019
-2018 август 09 - Извадена и однесена оригинал потврда од БККС во МП, бидејќи при поднесување на документите бевме приложиле копија црно бела од потврдата. Да не беше темава, немаше да знаеме дека бараат по втор пат истите документи со оригинал потврда.
-2018 септември и октомври - Одено уште 3-4 пати до Софија, комбинации за вадење лична карта (ногу скапо ни побараа, 400 еврејци
па од кога видоа со кој си имат работа, намалија на 250 - се откажавме, не ни вршеше работа лична карта).
Барање на документи во Државен архив Софија, ништо не најдов за мене, колегата најде.
-2019 јануари 15 - измени во правилата, при поднесување документи во МП, истиот ден ти прават интервју. Ние го јадевме, не важи за нас тоа, останува интервју да чекаме во април.
-2019 февруари некој ден - Извадена уште една потврда од БККС, но сега поврзана до друг предок, поврзани од јас-татко-баба-прабаба родена 1902 во Струмица. Однесени во МП како еден вид на допуна на преписката. За секој случај
. Прошетка низ Столицата + кебапи.
-2019 април 08 - Интервју во МП, документи се во ред, бугарски лафење супер, интервју одличен 5, се знаев, ама не ме прашуваа многу, млад дечко, „вчерашен“ ми стоеше, доста фин, покажа дека супер запишал отценките, документи се ок, внесе во системот, статусот веднаш се смени во образувана преписка, се поздравивме, излегов. Другарчето мое, влеговме заедно, а излезе после 30-40 минути, му се погоди некоја тетка, се размуабетиле, се го испрашала у детали, ама немаше проблем и тој, се ок, 5+, бевме спремни на се, се научивме, се знаевме...и бевме фини.
-2019 мај 17 - промена во задолжително усогласување
-2020 март - КОРОНА
-2020 ноември, петок 13 - Конечно на статус финална (после 19 месеци задолжителна)
-2021 април 21 - Промена на статус во положително
-2021 мај-ноември - Хаос и п**ке материне цело време
-2021 - декември 09 - УКАЗ 208!!!
И кај мене и кај другарчето. Резервирани термини (имидетли) за подигање, после кратки консултации со надлежните органи во Македонија и Бугарија
. Наредната недела одиме Софија.
Тоа е. Сега да се организираме за подигање на Указ и се што треба понатаму до земање на документите.
Доста беше пишување. Овде ќе сум уште некое време, ќе следам промените и ќе ви пуштам инфо додека да најдам некој што ќе продолжи да прави листата.
Фала уште еднаш на сите сегашни и предходни членови од темата за помошта со вашите искуства и коментари и продолжете да следите се што се случува, едино така ќе останете во тек со сите случувања у врска со бг граѓанство и ќе ги знаете сите нови игри и промени во процедурата. Затоа е и овој форум.
П.С. (најважното)
Во оваа прилика би сакал да изразам ептен голема благодарност до небо (и понатаму) на жената што последните 5-6 години ме остави без сон, ми идеше у сон, имавме заедно влажни, страшни, крими соништа, несогласувања, расправии...но сепак успеавме, заедно до целта...ја знаеш маче онаа твојата:
С'единението прави силата.. ју ноу ват ај мин
Се ти е опростено, дури и тоа што ме одби првиот пат, сакаше да ме откачиш засекогаш, не сакаше да ме примиш, да осетиш како ти личи во твоите раце, ама не знаеше со кој си имаш работа. Стварно не знаеше. Сигурно денот не ти бил погоден. Ме измачи, да ти кажам само...ме држеше намерно 19 месеци задолжителна, ме проверуваше за се и сешто, ме тестираше....знам дека сакаше да бидеш сигурна во мене, ама срцка, што е многу многу е. Но не попуштив, си чекав шанса и на крај те начекав. Клизачи у пеналтик.... отпозади
Дојде и тој ден, конечно падна во моите раце, моја си, нема бегање повеќе
Жал ми е само што изгубивме толку многу време во расправии, кавги и п**ке ма***ине, за конечно да сватиш дека сме створени еден за друг. Старкичка стана последните години, се измачи и ти со мене...ама сеуште страшно ме палиш.
Доаѓам по тебе понедела, чекај ме на старото место...и спремај се
Форевр тугедр, дајн Алтаир
**посветено на стрината на @Генерал ....она си знае
П.С. (уште еден)
Да средам табелата и ќе пуштам апдејт до после.
Поздрав.