Ај сега еден пост со ладна глава.
Поразот денес не е никаков проблем, колку што е проблем тоа што не штима во клубот. И тоа дебело не штима.
Кога би знаел дека има шанси да се консолидираме на полусезона - да смениме тренер, да купиме сериозен среден бек.. тогаш ќе речев дека ништо не е загубено сезонава. Дури и со поразот во Битола кој го очекувам дека ќе се случи.
Ама тренер 99.9% нема да смениме, а веќе се сомневам дека ќе пазариме и половичен среден бек, а камо ли сериозен.
Со Михајло толку ни е чергата. За жал ниту еден поквалитетен спонзор не се приклучи во спонзорскиот тим. Ете Тимчо се сликаше во црвено-црн дрес, ќе му текне ли да одвои некои општински пари за клубот кој игра во Аеродром и е двоен освојувач на ЛШ или сите пари за спорт ќе останат кај МЗТ чиј најголем дострел е што игра факинг втора АБА лига? Или вардарството се покажува само за време на кампања?
На крајот, догодина ако паузираме во ЛШ, можда помалце нервози ќе кркаме во онаа боранија лигата.