Фан клуб - РК Вардар

Па добро бре човеку што работите на тренинзи? Вардар имаше сто шанси да зголеми на три во второто полуврема, кога еден сегмент, одбраната, делуваше конечно квалитетно. За 20 минути примија едвај 2-3 голови. Но потоа до крај ги примија сите !

Играта на Вардар посебно во фазата на напад практично и не може да се опише. Тоа е една таква конфузија во која мислам дека и подобрите познавачи на ракометот нема да се снајдат. Немоќта да се креира вишок, да се додаде без грешка, да се нападне од крило, да се распали од девет е повеќе од очигледна. Дали за тоа е виновна селекцијата на играчите, тренажниот процес или нешто друго времето ќе покаже.

Right on target!
 
Важно го освоивте турнирот во Струга :)
Мајтапот на страна ја гледав утакмицата , мислам кај вас не се знае кој кај тера...
Тото и Дибиров најдобри , толку за другите немам некој впечаток оти само што нешто ќе изиграа Вујо мајсторе ги ротираше...
Стари фори се овие. Ваков мајтап нас ни праеа лани, греота се. Ќе помислат дека стварно ќе сакаш да ги дупиш не со мајтапи, после бељата ќе си ја земеш.
 
Побарај, баш ме интересира.
Во меѓувреме, Вујо не ни помислува на оставка според изјавава по натпреварот:
https://www.youtube.com/watch?v=qUlFDSpxveg&t=7s
На 17:50 е тој сегмент, но не се споменува Филип Гардан, моја грешка.
 
Ај сега еден пост со ладна глава.
Поразот денес не е никаков проблем, колку што е проблем тоа што не штима во клубот. И тоа дебело не штима.
Кога би знаел дека има шанси да се консолидираме на полусезона - да смениме тренер, да купиме сериозен среден бек.. тогаш ќе речев дека ништо не е загубено сезонава. Дури и со поразот во Битола кој го очекувам дека ќе се случи.
Ама тренер 99.9% нема да смениме, а веќе се сомневам дека ќе пазариме и половичен среден бек, а камо ли сериозен.
Со Михајло толку ни е чергата. За жал ниту еден поквалитетен спонзор не се приклучи во спонзорскиот тим. Ете Тимчо се сликаше во црвено-црн дрес, ќе му текне ли да одвои некои општински пари за клубот кој игра во Аеродром и е двоен освојувач на ЛШ или сите пари за спорт ќе останат кај МЗТ чиј најголем дострел е што игра факинг втора АБА лига? Или вардарството се покажува само за време на кампања?
На крајот, догодина ако паузираме во ЛШ, можда помалце нервози ќе кркаме во онаа боранија лигата. :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
И ние се надеваме дека Кара ќе се врател во Вардар... Веќе наголемо не бие лош глас во Европа, Господ да ни е напомош!!!!!!
 
Ај сега еден пост со ладна глава.
Поразот денес не е никаков проблем, колку што е проблем тоа што не штима во клубот. И тоа дебело не штима.
Кога би знаел дека има шанси да се консолидираме на полусезона - да смениме тренер, да купиме сериозен среден бек.. тогаш ќе речев дека ништо не е загубено сезонава. Дури и со поразот во Битола кој го очекувам дека ќе се случи.
Ама тренер 99.9% нема да смениме, а веќе се сомневам дека ќе пазариме и половичен среден бек, а камо ли сериозен.
Со Михајло толку ни е чергата. За жал ниту еден поквалитетен спонзор не се приклучи во спонзорскиот тим. Ете Тимчо се сликаше во црвено-црн дрес, ќе му текне ли да одвои некои општински пари за клубот кој игра во Аеродром и е двоен освојувач на ЛШ или сите пари за спорт ќе останат кај МЗТ чиј најголем дострел е што игра факинг втора АБА лига? Или вардарството се покажува само за време на кампања?
На крајот, догодина ако паузираме во ЛШ, можда помалце нервози ќе кркаме во онаа боранија лигата. :icon_mrgr:

Според мене Вујо не си иде, може само да се шутираат и носат играчи.
 
Па на прес го викнал Кудуз бре:vozbud: Го посоветувал Бутино со дбете титули фала на соиграчите. Дреме таму како вработен во македонски пошти...

Таман одрема на клупа еден од најскапо платените, ја олади главата па со досадна изјава мора да кокетира со Загреб, со тамошната публика... Кој менаџер ги продаде Њокасите на Михајло, кој е тој трансфер мајсториште да знам сакам. Боли кога бофал роба плаќаш како А класа.

Столе ко да не беше на утакмицава, изгледа видел некој бургер на патувањево па мисли како да го ували во мени на Рустикана

Штом калибар на Дибриров правеше толку технички грешки, што тогаш да чекаме од Талески со самодовербата негова во последните 2 минути ..

Солзите на Обрван малце заболеа ама ќе помине...
 
Можеби бил добар тренер на Србија, на Словенија, ама па овде не му оди. Башка уште го паметам неговото - од овие момци толку кога го загуби баражот со Словенија пред 14 години. Стално имал некој потценувачки став према нас. Знам дека е легенда во Вардар, легенда на Комити и се тоа, и океј, ама реално изгубено делува на терен. А и неговиот однос према играчите е лош! Искрено мислам и онаа титула што им ја зеде на Металург е повеќе од некој балкански инает и мотивација контра Червар, отколку некоја тренерска мајсторија.
 
Ај сега еден пост со ладна глава.
Поразот денес не е никаков проблем, колку што е проблем тоа што не штима во клубот. И тоа дебело не штима.
Кога би знаел дека има шанси да се консолидираме на полусезона - да смениме тренер, да купиме сериозен среден бек.. тогаш ќе речев дека ништо не е загубено сезонава. Дури и со поразот во Битола кој го очекувам дека ќе се случи.
Ама тренер 99.9% нема да смениме, а веќе се сомневам дека ќе пазариме и половичен среден бек, а камо ли сериозен.
Со Михајло толку ни е чергата. За жал ниту еден поквалитетен спонзор не се приклучи во спонзорскиот тим. Ете Тимчо се сликаше во црвено-црн дрес, ќе му текне ли да одвои некои општински пари за клубот кој игра во Аеродром и е двоен освојувач на ЛШ или сите пари за спорт ќе останат кај МЗТ чиј најголем дострел е што игра факинг втора АБА лига? Или вардарството се покажува само за време на кампања?
На крајот, догодина ако паузираме во ЛШ, можда помалце нервози ќе кркаме во онаа боранија лигата. :icon_mrgr:
500 000 евра годишно во Мзт Скопје а еден кошаркар немаат извадено.
 
Абе може и Њокаси да бидат океј ако се користат во мали дози. Ама па и тие, не им идат тие финтаџиските додавања, Вујо им се дере на секое, овие пак истото. Во густо даваат топки, некои атракции пробуваат да прават кога е тотално непотребно и супер ризично. Би мислел човек дека луѓе што играле толку години ракомет и настапувале за Франција дека би имале поозбилен пристап, ама не.
 
Овие или намерно го саботираат Вујо или немаат 2 грама мозок. Друго објаснување нема

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom