Ако оваа новата варијанта викаат дека била со поблаги симптоми, тогаш зошто рестрикции? Зошто не кажат да се испозаразиме и да стекнеме имунитет со лесни симптоми? Не знам кој е мозокот на цела оваа "пандемија", но додека има овци што гледаат вести и веруваат на министри и научници, ќе трае вечно пандемијата.
Не очекувај многу логика. Кај нас има 953 реинфекции. Факт е дека природниот е далеку подобар од вештачкиот, и повторно прележаните немаат никаков статус после тие 45 дена! Се вакцинираат затоа што подлежат на рестрикции, имплементирани без логика, затоа што можеле да се реинфицираат, да бидат хоспитализирани и да починат! Можат, ама статистичката веројатно е блиску до нулата.
Од друга страна...ги гледаме стапките на починати,кај нас, меѓу невакцинираните (пак лицата над 50) и вакцинираните (и тука лицата над 50, ама и онака би умреле...знаеш). На тоа се надоврзуваат и просечната возраст на хоспитализација (61) и просечната возраст на смртност (71).
Како поминува времето, оваа вакцина станува гола вода. И ќе станува, затоа што е правена за Алфа (или небитно кој сој), а не за Делта која сеуште е доминантен сој, повторно кај нас.
Логиката не запира тука. Сакаат бустер доза од истата вакцина за која нема податоци дали ќе покаже ефикасност за Омикрон! Зошто? И да, симптомите се полесни.
Потоа, и ревакцинираните (во Европа) ако не примат бустер доза подлежат на рестрикции, во Израел, ако не примат четврта доза (а примиле бустер) подлежат на рестрикции! Зошто? Нели се заштитени од доминантната варијанта, патем и тоа е основната функција на вакцината, барем беше пред да се промени дефиницијата (и тука знаеш, науката не е константна и сѐ е релативно).
После сите лаги и манипулации (посебно од СЗО), реткост е некој да им верува. Промашија скоро се, трансмисија, маски, мерки, рестрикции, политики...Ефектот беше ужасен, кај нас има ценовен шок! Економијата ни е на колена, навистина не знам какво економско опоравување гледа Шахтарска. Сите индикатори се негативни (инфлацијата веќе ги надмина проекциите, беше 3,7% пред месец дена). Сакавте рестриктивни мерки, сега уживајте од нивните последици.
Кој сака, нека прими и 10 дози, не ме интересира, само нека не ме малтретира мене. Моето си заврши.
Тука веќе, за среќа, нема мерки и рестрикции, затоа уживај овој период. На големо има и фејк сертификати, тие се супер за во моловите каде обезбедувањето не се ни замара, а инспекција да те фати е во сферата на статистичка грешка. А за кафичи и кафани, во помалите градови или на некоја периферија. Мене досега, мислам дека само на едно место не ми дозволија да влезам.