Дурже, доволен е фактот што, Рио Тинто, веќе на други места се причина за еко катастрофи, уништување историски локалитети, предизвикување граѓанска војна. Норвешка ја има ставено оваа фирма на црна листа, од овие прилини. Фактот што ни една друга држава во ЕУ (освен Португалија) не се нафаќа да ја копа таа руда, поради преголемите ризици по природата, е доволен, а доста земји ја имаат таа руда. Рио Тинто ги крие информациите за тоа колку вода ќе им треба, колку ќе биде загадена таа вода кога ќе ја вратат во реките. Да биде проблемот уште полош, реката во која во која планираат таа загадена вода да ја испуштаат се влева во Сава, а Сава во Дунав. Не е прашање дали, туку во колкави размери ќе биде штетата по природата. Почнувајќи од тоа дека, има голема веројатност, да голем дел од тој регион има неодстаток на вода, поради големите количини кои се потребни за рудникот. Што значи, во тој регион, тешко дека би имало земјоделие. Ололу 10-20 илјади луѓе раселени од тој регион. Загадени реки, во кои нема да има живот. Уништена природа. Придобивките кои Србија би ги имала на годишно ниво, по некои проценки се дека би биле по 10-тина милиони. Србија би добивала по 3% од пријвавената заработка на Рио Тинто. Поголем дел од Европа има залихи на литиум. Позначајни залихи имаат Португалија, Шпанија, Франција, Германија, Финска, Австрија, Чешка, Србија. Стварно ти мислиш дека ако е така како што им го претставува Вучиќ тоа во Србија, толку многу придобивки, милијарди евра, земји ко Австрија, Германија, Франција, Финска, не би го искористиле тоа. Во тие земји свеста и на луѓето и на политиларите, а и одговорноста, е на неспоредливо повисоко ниво, поготово кога се работи за природа, животна средина, екологија. Историјата на Рио Тинто како компанија и тоа што ги кријат некои многу битни информации околу процесот на вадење на рудата, се доволен аларм дека нешто многу смрди во цела ситуација.