Во врска со скаутингот мора да се пофалат и Сасуоло, Удинезе и Сампдорија. Често вадат добри и надежни анонимуси кој потоа газат.
Еве види го перформансот на оној Бето од Удинезе против Лацио. Оној вториот гол на Бето да го дадеше Воткинс со Астон Вила има да се прекршеа на твитер од пофалби. За Бето ништо не прочитав. Нешто слично беше и за Бруно Фернандеш. И во Сампдорија газеше пред да отиде во Спортинг ама ретко кој збореше за него. Отиде во Манчестер, ѕвезда стана. Не е до толку падната со квалитет Серија А, има доста интересни млади играчи ама многу слабо медиумски италијаните си ги промовираат своите ѕвезди. Барела на пример да игра за Манчестер Сити ќе го рачунаат за топ 3 везни играчи. Тука е и Тонали, Влаховиќ, Луиз Алберто, СМС, Осимнех, Пелегрини.. а може да се пофалат и играчи како Дамзгард, Малиновски, Госенс, Пашалиќ, Лопез, Илиќ...
Клубовите што имаат пари да платат немаат многу големи очекувања од играчи од Италија.
За некои сметаат дека не вреди да се плати толку, пример Белоти, Кулибали и СМС. Не се англичани за да ги имаат во тим и да ги претплатат и да им е рекорден трансфер.
Повеќе им се цел физички спремни и брзи играчи, отколку тактички како што ги има во Италија, па колку сакаш фали ги.
Сите тие што ги напиша сега се добри во Серија, ама исти беа и Ламела, Квадрадо, Дармијан, Аквилани, Балотели, Јоветич, Освалдо, Обијанг, Фелипе Андерсон итн пред да завршат во ПЛ.
Луис Алберто веќе се покажа, а Пашалич ми е играч само за Аталанта.
И Денис Прат го вртија назад, исто играч кој беше добар во Сампдорија.
Порано Италија имаше најдобри дефанзивци, а сега французите знаат да извадат добри физички спремни дефанзивни играчи кои одговараат на барањата на богати клубови.
Види разлика помеѓу Томори и Габија.
Затоа попрво ќе пазарат од Португалија и Франција и повеќе ги ценат и претплатат, отколку од Италија, освен ако не е некој роден на островот или е Салах, Алисон, Жоржињо, Верати, Донарума, Тијаго Силва итн.
Друго е и тоа што не си ги ценат играчите. Фиорентина го дава Киеза на двегодишна позајмица. Астон Вила го даде Грилиш на двегодишна позјамица?
Не вреди толку да, ама знаат како да му зголемат цена и да го убедат да потпише договор.
Утре Фиорентина за џабе ќе го продаде и Влахович.
Иначе Бето е Лукаку за сиромашни.
Големите екипи не одат по вакви играчи. Една од причините поради која (пишувам за нашите не знам за други) е една цена за голем клуб друга за помали.
Нас кога не поврузваат со некој играч веднаш медиумите пишуваат нерални суми, па немаме да платиме, после гледаш завршиле некаде за дупло помалку или позајмица.
Копмеинерс знам беше поврзуван со нас за 20-30 мил, а во Аталанта летото отиде за 12 мил.
За Бруно Фернандеш ниеден клуб не се обиде да го прибере и заврши во Португалија за околу 10 мил.
Или е лоша проценка од клубовите од Серија А или цел на агентот му беше да го однесе во друга лига да напредне и да си направи трансфер во ПЛ.