Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Сабота вечер..ново дерби во Рим...за нас проклетиот град каде тешко победваме дали против едната или другата гнасна екипа па макар и влегваме како огромни фаворити...дај боже двете да пропаднат и да не постојат.

Денес ќе биди многу битно да добијат бидејќи до крајот на полусезоната следат уште три релативно лесни утакмици каде можат да заредат добра серија од победи и да се влези како прв во втората полусезона...Рома релативно е млада екипа и нема искуство за вакви натпревари па очекувам прво полувреме да нагазат нашите и да водат барем со 0-1...второто ако до 70-та минута немаме набилдано два гола разлика ќе биди бркање по теренот и панично бранење .
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
384
Поени од реакции
1.299
Немаме ни едно дерби добиено сезонава, така да мора да победат вечерва, имат милијарда повредени/казнети Рома, кај нас фали само де Фрај од првотимците (се надевам Бастони е опоравен веќе), со Специја беше чил утакмица добиена со комбиниран состав, нема оправдувања за кикс денес, никакви.

Плус очекувам Аталанта да го здроби Наполи вечер искрено.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.935
Поени од реакции
8.833
Сабота вечер..ново дерби во Рим...за нас проклетиот град каде тешко победваме дали против едната или другата гнасна екипа па макар и влегваме како огромни фаворити...дај боже двете да пропаднат и да не постојат.

Денес ќе биди многу битно да добијат бидејќи до крајот на полусезоната следат уште три релативно лесни утакмици каде можат да заредат добра серија од победи и да се влези како прв во втората полусезона...Рома релативно е млада екипа и нема искуство за вакви натпревари па очекувам прво полувреме да нагазат нашите и да водат барем со 0-1...второто ако до 70-та минута немаме набилдано два гола разлика ќе биди бркање по теренот и панично бранење .
Сте платиле минатото коло Абрахам и Карсдорп жолти да добијат и да не играт, ама ќе го јадете гнасно :love: :P
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.575
Поени од реакции
6.705
Исто јуве милан и аталанта бевме на праг да ги добиеме да не беше Дамфрис , Лаутаро и ДиМарко. Сеедно пак бевме подобри од гореспоменатите.

рома игра променливо и немаат континуитет, 2-0 рутински ги добиваме .
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Сте платиле минатото коло Абрахам и Карсдорп жолти да добијат и да не играт, ама ќе го јадете гнасно :love: :P
Мојот омилен Робаниста ..Пупоне местачот:roker:
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.178
Поени од реакции
10.159
Без Абрахам и Касдорп се овие, искрено би требало релативно лесно да ги неутрализираме. Ама да не им ги одземаме шансите на нашиве пулени да се упичкаат.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.603
И Мурињо не е тоа што беше. Очекував на недела дена пред мечот да почне со некои прозивки, да ги изнервира Curva Nord, да го пцуе пола фан-клуб... што ли се случи со човекот?
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.178
Поени од реакции
10.159
Каков импакт на Болинголи, влага и вртење из двојќе у ќеца. Ќе моли котлето да се врати.

DDCCB14E-D0C4-4BBF-A47B-3351A394BFCD.jpeg

Бонус: кој и да го величеше Менди катранот нека го погледне голот што го прими
 

Kajgana Shop

На врв Bottom