Месечината, дали навистина слетавме?

Дали слетавме на месечината?

  • Да

    Гласови: 222 51,0%
  • Не

    Гласови: 213 49,0%

  • Вкупно гласачи
    435

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Абе Аполо мисијата на НАСА не слетала на месечината , што не значи дека други black operations не биле и на марс и на месечината .
Глупо е да се мисли дека покрај ваквата технологија што ја поседуваат американците да не слетале на месечината или марс на пр.
Хахаха митбастердс .
Ако кажат дека е лага ке ги снема за 24 часа од дискавери , затоа тропај си глупости а има овци што ке верует.
Еееее што ти е брејнвошинг.

Одлучи се на која страна ќе застанеш.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Многу убаво си пишува само ти треба да читаш и да мислиш малку барем.
Дискутираме за Аполо мисијата на НАСА нели?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Многу убаво си пишува само ти треба да читаш и да мислиш малку барем.
Дискутираме за Аполо мисијата на НАСА нели?
Аполо програмата на НАСА во шеесетите години од минатиот век за спуштање на човек на Месечината како одговор на многубројните советски успеси.
Програма на која се потрошени повеќе од 150 милијарди долари и на која работеа околу пола милион Американци.
За таа програма зборуваме.
 
T

the Carpenter

Гостин
Нил Армстронг никогаш нема дадено официјално интервју. А на прес конференцијата, по доаѓањето, на прашањето дали видел ѕвезди, одговара дека не се сеќавал. (?!?!?!?!?!)
На снимките од месечината, не се гледаат ѕвезди. Оти, ако претставеа ѕвезди, ќе требаше да ги постават како вистински да се таму, многу прецизно, и сигурно ќе се гледаа некои галаксии што до тогаш не беа видени. Ако го „наместеа“ тоа, сигурно кога ќе беа видени тие работи, а ќе ги немаше, ќе се потврдеше дека е лага.
Зошто на месечината не бил понесен фото телескоп? Заборавиле? Носеа количиња, но заборавија да однесат телескоп!

Зошто на месечината, сенки од два објекти паѓаат под различен агол. Нормално е, објекти кои се осветлени од едно сонце, да паѓаат кон ист правец.
Некој сигурно заборавил да ископа кратер под леталото каде што слетало. На пробите, пред да се оди на месечината, имало голем кратер направен од слетувањето. На оригиналот, изгледа како да е поставено леталото без да се однесе ни грам прашинка.

Движењето на астронаутите. Ако се пушти на побрза снимка (мотање) движењата се реални како на Земјата.

Околу Земјата, на 100 000 км далечина има радијационен појас. Тој појас може да се помине само ако имаш голема облога од олово. Астронаутите кои биле БЛИСКУ до тој појас, забележувале звезди кои се движат со голема брзина. Тие не постојат, но радијацијата влијае на главата. Заради тоа, русите никогаш не пратиле човек надвор од тој појас. Затоа, пратија летало без човек на месечината.
Русите потрошија 500 проценти повеќе часови во вселената од Американците.

и уште нешто ...
На една снимка ... јавување на Нил Армстронг, кога се на пола пат до месечината. Нил вели дека се на пола пат, и ја снимаат планетата Земја, а камерата е прилепена не прозорецот. На таа снимка се гледа како нешто поминува пред камерата. АКо е прилепена, како може нешто да помине ПРЕД камера?

and many more ...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
На снимките од месечината, не се гледаат ѕвезди. Оти, ако претставеа ѕвезди, ќе требаше да ги постават како вистински да се таму, многу прецизно, и сигурно ќе се гледаа некои галаксии што до тогаш не беа видени.
Земи фотоапарат или камера и ноќе, на ведро небо насочи ги кон небото и кажи ми дали ќе снимиш ѕвезди.

Зошто на месечината, сенки од два објекти паѓаат под различен агол. Нормално е, објекти кои се осветлени од едно сонце, да паѓаат кон ист правец.
Имам објаснето за ова, користени се широко аголни камери, а и сенката од некои камење не паѓа на рамна површина, оттаму изгледа дека сенката се "крши".

Некој сигурно заборавил да ископа кратер под леталото каде што слетало. На пробите, пред да се оди на месечината, имало голем кратер направен од слетувањето. На оригиналот, изгледа како да е поставено леталото без да се однесе ни грам прашинка.
Ако јас би лажирал такво нешто сигурно би ставил кратер под леталото.
Сакаш објаснување? Тлото на Месечината е од карпи, на кои има слој од Месечева прашина. Прашината е издувана при слетувањето, а карпите не. :)
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Земи фотоапарат или камера и ноќе, на ведро небо насочи ги кон небото и кажи ми дали ќе снимиш ѕвезди.


Имам објаснето за ова, користени се широко аголни камери, а и сенката од некои камење не паѓа на рамна површина, оттаму изгледа дека сенката се "крши".


Ако јас би лажирал такво нешто сигурно би ставил кратер под леталото.
Сакаш објаснување? Тлото на Месечината е од карпи, на кои има слој од Месечева прашина. Прашината е издувана при слетувањето, а карпите не. :)
Јас сум пробал и се гледаат тие што појако светат.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Движењето на астронаутите. Ако се пушти на побрза снимка (мотање) движењата се реални како на Земјата.
Па нормално дека ако се пушти побрза снимка движењата ќе бидат реални. На Месечината не можат да се движат побрзо заради скафандерите и малата гравитација.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Аполо програмата на НАСА во шеесетите години од минатиот век за спуштање на човек на Месечината како одговор на многубројните советски успеси.
Програма на која се потрошени повеќе од 150 милијарди долари и на која работеа околу пола милион Американци.
За таа програма зборуваме.
Убаво напишав еве ти пак Абе Аполо мисијата на НАСА не слетала на месечината , што не значи дека други black operations не биле и на марс и на месечината . Глупо е да се мисли дека покрај ваквата технологија што ја поседуваат американците да не слетале на месечината или марс на пр. Освен ако не се точни тврдењата за тоа дека радиациониот појас на Ван Ален им смета. Јас мислам дека одговорот на прашањето лежи во една од овие две опции
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Јас сум пробал и се гледаат тие што појако светат.
Сигурно знаеш дека кога Аполи 11 се спуштија на Месечината таа страна на Месечината беше свртена кон сонцето, т.е. дека беше ден на Месечината? Одбивањето на светлината од Месечината дополнително го спречува забележувањето на ѕвездите.

А и плус тогаш немале камери какви што имаат денес.

Околу Земјата, на 100 000 км далечина има радијационен појас. Тој појас може да се помине само ако имаш голема облога од олово.
Може. Ако си брз. А астронаутите го поминаа за 1-2 часа. Недоволно за да влијае на нив.
 
T

the Carpenter

Гостин
Има фото телескопи, тие снимаат ѕвезди, можеа да земат такво нешто. Зедоа коли, па се возеа со количињата, но не зедоа телескоп. Колите вредат 40 милиони ... секоја од нив по 40.

Друго ... површината е издувана? Па се околу леталото е рамно! Ако беше издувана под леталото, пак ќе беше како дупка! Од околу е се рамно, и е се рамно под леталото. Нема ништо издувано (освен мозокот на тој што го изрежирал тоа).

Понатаму ... на сите слики има крстчиња, од апаратот нормално., На една слика, крстот од сликата е ЗАД објект, што значи се прават прилепувања на слики.
Знамето се вее ...

Светлината не се крши, туку е иста како на фудбалерите на стадион. Оти на стадион има рефлектори, па сенката паѓа на разни страни. Слично и како на месечината. Уствари, во Невада.

И за пред крај ...Зошто Нил Армстронг не се сеќава дали видел ѕвезди?!?!?!?!
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Има фото телескопи, тие снимаат ѕвезди, можеа да земат такво нешто. Зедоа коли, па се возеа со количињата, но не зедоа телескоп. Колите вредат 40 милиони ... секоја од нив по 40.
Фототелескопи?! А зошто би им биле телескопи воопшто?

Друго ... површината е издувана? Па се околу леталото е рамно! Ако беше издувана под леталото, пак ќе беше како дупка! Од околу е се рамно, и е се рамно под леталото. Нема ништо издувано (освен мозокот на тој што го изрежирал тоа).
Да, прашината на Меселината, слој дебел неколку сантиметри е "издуван" како последица на моторите на леталото. Неколку сантиметри не се забележуваат...
 
T

the Carpenter

Гостин
Од месецот БИ се забележале галаксии и што ли уште не, доколку се гледа низ телескоп од таму. Тогаш, не постоеше хабловиот телескоп, па евентуалното месечарење би било одлично за нови истражувања. Со телескоп од таму, ќе беше лудница истражувања. Ама пустина, заборавија. Ах ...

Ќе мораше да измислуваат галаксии, кои денес немаше да се гледаат.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Понатаму ... на сите слики има крстчиња, од апаратот нормално., На една слика, крстот од сликата е ЗАД објект, што значи се прават прилепувања на слики.
Која е таа слика??? Ај покажи ја ако ја имаш/знаеш која е?
 
T

the Carpenter

Гостин
Да, прашината на Меселината, слој дебел неколку сантиметри е "издуван" како последица на моторите на леталото. Неколку сантиметри не се забележуваат...
На пробите како би изгледало слетувањето на месецот, се прави огромен кратер. На „оригиналното“ слетување нема. Ете, како што велиш, нека има од неколку сантиметри.
Спуштање на метално чудовиште на месечина, каде што површината од 40 сантими е ровка, ке направи кратер од сантиметри или милиметри?
И зошто постолјњто, односно ногалките се негибнати, скоро нови?

Која е таа слика??? Ај покажи ја ако ја имаш/знаеш која е?
Ќе пробам да ја побарам. Во најкус можен рок ќе ја поставам и ќе подискутираме...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Од месецот БИ се забележале галаксии и што ли уште не, доколку се гледа низ телескоп од таму. Тогаш, не постоеше хабловиот телескоп, па евентуалното месечарење би било одлично за нови истражувања. Со телескоп од таму, ќе беше лудница истражувања. Ама пустина, заборавија. Ах ...

Ќе мораше да измислуваат галаксии, кои денес немаше да се гледаат.
ОК, возилата со кои што се шеткаа на Месечината беа доволни да бидат спакувани во еден поголем куфер, и беа направени од екстремно лесни материјали, и останаа таму, на Месечината.

За да однесат еден телескоп таму е потребна далеку помоќна ракета, бидејќи телескопот е целиот огледала, стакла, а тие се многу тешки.
Само како илустрација, Орел, модулот што се спуштил на Месечината требало да има далеку поголеми прозорци, но после пресметаната тежина тие се намалени неколку пати! Знаеш оние прозорците во вид на триаголник...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom