- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.260
- Поени од реакции
- 12.982
Не се битни нејзините соседи,бидејќи само тие се вистинска демократија. Ако таму пројдеше Против и државата го реализираше тој избор, ќе беше пример за други.
Вака сите ќе си прифатиме и свесно ќе ја исполниме агендата, но покасно нема да имаме право да се буниме, бидејќи се си е најавено и мнозинството се согласило.
Е за тоа си во право, но еве ти и друг пример од демократска држава, која можеби не е баш некој пример за директна демократија преку референдумско гласање, но сепак како држава во која министер си поднесува неотповиклива оставка или се самоубива бидејќи воз доцнел цела една секунда, би требала да биде земена во предвид како пример за тоа како треба да се постапува.
Токио го тепа ковид со ивермектин
Ова ми е интересен цитат од статијата:
" Додал и дека иако ефикасноста на ивермектинот е сè појасна, американската компанија која го произведува лекот, Мерк, ја ограничува дистрибуцијата, тврдејќи дека лекот е неефикасен во лекувањето на ковид. Според него, токму опструкцијата на дистрибуцијата на лекот сугерира дека и на Мерк им е јасно дека тој функционира.
„ Ако не вршеше работа, ќе немаше побарувачка за него. Ама, изгледа врши, па ајде да ја стопираме дистрибуцијата. “ "
Еве ти друг пример кој можеби е добро решение, па макар и болните да го прифатат на свој личен ризик, ама со исклучок на Јапонија, не сум слушнал за некоја друга побогата и поразвиена демократска држава да прифати вакво алтернативно решение.
Ете Мексико и останати латиноамерикански и азиски држави спомнати во статијата очигледно не им служат како пример на богатите и развиените демократии на кои не им сметаат недоволно тестирани и недоволно испитувани вакцини како задолжително средство за борба против нов и недоволно проучен вирус, ама затоа па лек кој од поодамна постои и се` почесто се докажува како ефикасно и ефективно средство против истиот тој нов и недоволно проучен вирус, мора да се демонизира, а можеби ќе им текне и да го забранат за употреба во блиска иднина.
Последно уредено: