Слободно купи 80% од тие.
За турчинот тон говна се изнајадоа, а притоа во тимот го имаат еден од најпреценетите фудблаери од било која фан база, Бенасер, ако турчинов изиграл една асална полусезона иако не се слагам со тоа, и лани им беше добар и еден од клучните за најдобриот нивни пласман у задњи 7-8 години, што е со Бенасер?
Непрепознатлив е веќе година ипол, ништо од фудбалер, не гледам никаква основа овој да се хајпа, со такво форсирање и доверба у еден играч како што имаше едно време Бенасер, овој Тонали 2 класи подобар играч ќе стане. Ако имало вистина у муабетите дека одбиле 50м евра (што чисто сумјам дека некој некад давал за него толку) ондак очајна проценка напраиле што не го продале.
А ако по некоја луда веројатност се излета некој и им ги дае тие пари во иднина, ич не треба да размислуваат за да го дадат, чим за турчинот им беше сеедно што си отиде за 0 евра а лани беше класа бољи од Бенасер кој никад не си ја најде формата од пред 2 години, 50м е џек пот за aлжирецов, со тоа што ќе треба за истите пари да ископаат еден до двајца од кои Милан би имале голема корист у иднина.
Има играчи такви, оној од Фиорентина не е лош, Кастровили, и овој Фратеси ми се свиѓа како игра од Сасуоло, со тенки финасии и sustainable политика така се тера, со вакви имиња кои имаат потенцијал да се развијат во супер фудбалери, а притоа цедиш некој максимално за играч од кој немаш апсолутно никаква корист веќе година и нешто а ко капак на све и ќе го изгубиш извесен период ради мртов афрички куп.
Шпекулации од типот ПСЖ и Пеп спрема понуда од 50 мил за Бенасер, дека толку му е клаузулата.
Бенасер е се на се 2 години е во тимот, од каде тоа година и пол непрепознатлив?
Хакан не играше 3 сезони. Лани беше добар од рестарт на сезона па до јануари додека не се зарази. После тоа топло ладно.
Не знам зошто такво мислење за Бенасер. Не е тој пар што беа со Кесие изминатата сезона, се знаеа како дишат и двајцата превземаа ризични топки и додавања и без притисок изнесуваа топка.
Имаше неколку повреди што и не играше во вториот дел од минатата сезона. Оваа сезона почна да игра. Се уште изгледа дека не истиот во дефанзива, изгледа исплашено и прави грешки, но далеку од играч од кој клубот треба да се откаже. Знаат кој му е максимумот.
Повеќе придонесува напред и Пиоли знае да ротира и често го внесува во второ за да смени игра.
Нема стандарден партнер како минатата сезона за да се изгради цврста средина.
Денес од 20 минута имаше лош натпревар, ама кога веќе и Бакајоко фати погрешен правец.
Такви играчи како Кастровили и Фратеси не викам дека нема да ги биде, ама големи се шансите во поголем клуб да се изгубат и да ги отепа притисокот.
Попрво ќе купат некој од Франција, отколку да претплатат играч на Сасуоло или Фиорентина. Ова мислење е од досегашните трансфери и имам впечаток дека клубот смета дека малите екипи од Серија А си ги преценуваат играчите, имаат нереална цена кога ќе ги побараме.
Пример е Закањи и Ловато како надежен дефанзивец за по 8 мил беа продадени, а цената за нас беше дупло.