Ванхојсден и Пинамонти се тие потенцијално мАтНи трансфери на Интер, ама на крајот и едниот и другиот Интер си ги откупи назад за цена повисока од таа за која ги продаде.
Ванхојсден отиде во Стандард за ~12 милиони (не 30 лол), Интер сезонава го купи назад за 16, Пинамонти го продаде за 19.5м, го купи назад за 21 милион.
Моја теорија е дека тогаш (2018-19 ако не се лажам) им требаа да штекнат капитал гејнс за да излезат финално од ффп, и овие два трансфери со бајбек клаузулите им дојдоа како кредит со камата, ама како и да е на хартија Интер само пушти два надежни млади играчи да се развиваат, и откако им се „допадна“ развитокот на играчите си ги купи назад во тимот.
Можда ќе испаднат тотални пропалици, ама, освен ако како што спомна некој претходно не штимале документација, нема ништо спорно, само „лоша проценка“ дека дечкиве ќе ги бива.
А богами и полоши проценки праеле во минатото.
Иначе апсолутно и едниот и другиот важеја за таленти, Зињо го искинаа повреди, иначе меѓудругото беше и капитен на Стандард, и ако се сеќавам едно време некој тренер нивни или нешто имаше изјави дека не сакаат да го пуштат назад итн итн, не е ко тие на Наполи шо беа вклучени во трансферот на Осимен и после инстантно беа ослободени од договорите и пуштени во Серија Д.