Oooooo eve na polozitelno e
Не мора да значи дека е само со потврда од клуб, можеби има и стар документ или преку родител, сигурно на интервју не ја однел потврдата по втор пат што велиме или ја однел како копија, не оригинал (како јас, ама се исправив и однесов оригинал по втор пат на време
).
Од кога ке однесат документ што им се бара за дополнителна, веднаш се менува статусот повторно на финална, па после кратко време, 1-2-3 недели или месец, зависи кога ке го разгледа советот, ако е се во ред со тоа што го однел, го ставаат на положително, ако не....не знам...отказ или ке бараат повторно да однесе тоа што му фали. Имаше и такви случаи, беа ставани на допуна, финална, пак допуна, пак финална и на крај отказ или положително. Има некаде на списокот што го водам,побарајте, ќе најдете.
Чекам и јас за еден мој пријател, му бараа родствени врски, одел преку чичко му + со потврда поврзан со изводи до пра дедо. Однесе во МП на 9 или 10.11.2021 имаше рок до 11.11.2021, и веднаш со приемот на документот во МП, му се смени статусот пак на финална. Е сега чекаме да видиме како ќе го крстат, бидејќи во документот за родствени врски од чичко му (што има бг пасош), е наведен само татко му (како брат) а не и тој дека му е внук, не сакале да го внесат во општината и него на листата, некој љута му се погодила, као му рекла само брат сестра мајка татко деца можело на док. за родствени врски, а не внуци, тетки стрини итн.... мада за оваа не сум сигурен дали е така, мислам дека може и внуци од брат/сестра да се запишат. Го било страв да се расправа, ама го однел во МП и сега ќе видиме што ќе се случи. Сакав и јас да идам со него, можеби ќе успеев да ги убедам да го стават и него на листата, ама не можев, имав други обврски.
Како и да е, еве скрин од таа преписка што правите муабет, сум запишал се како се движела со промени
Има и кај други на листата што се биле на допуна,па се ставени пак на финална или положително...побарајте во последниот апдејт што го имам пуштено, а ќе проверам од оние што се на допуна кога ќе можам, можеби има промени кај некоја....
Поздрав