Автобуска несреќа во Бугарија

Член од
30 август 2021
Мислења
73
Поени од реакции
67
Проблемот е и во Туристичките агенции воопшто.

Јас се возев пред еден месец до Истанбул низ Бугарија и сите можни градови ги поминавме да не се плаќаат патарини, се возевме низ планини, стари патишта за да заштедат пари на патарини. Дури и патот за граничниот премин го промаши возачот па ни дојде гратис панорамска посета на Јамбол и Свилен град.
Ќе изгиниш по тоа селските патишта за 50 евра разлика.
Во БГ патарина нема. Има винетна такса. Сакаш не сакаш - на границата плакаш. Контроли има много и до тие градови, покрај кои си минал. По големите магистрали нема много контроли...Друга е причината за возенето "низ планини"...не се секавам..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.336
Поени од реакции
79.109
Од неофицијални извори и кликбејт наслови на дебили ко саше политико, онаа свињата од доказ или овие ретардираниве од Инфомакс си патиме.
Во ваква ситуација освен проверено инфо, или цитирање на човек вклучен во истрагата, не се излага со нешто што е неофицијално и рекла казала муабет. Па баш точно 30 000 петарди, ги броеле ли па да знаат дека се баш 30 000.
Ај тоа за резервоар и слично со нафта, е информација што повеќето ја пренесуваат но притоа водејќи се од извори поврзани со истрагата, самите бугари тоа јавно на тв го кажуваат како можност, ама ова со петардиве, барем кажи од каде ја црпиш оваа информација зашто доста осетлива тема е, вакви претпоставки може да имаат сјебан епилог а на крај ништо од тоа да не е точно. Нека не ми глумат факмани као они имаат свои извори и не се должни да ги кажуваат, не се ни новинари овие, дебили се, новинари се колку што Саше или оној рубин од прилеп е, или како и да беше. Ништо не се.

Битно си го истераа своето, насанкаа народ кој не е свесен дека тој медиум е пандан на дебилот саше, само што ваму еден кретен све води, таму поише. Не би им верувал на овие и саат да ми кажат колку е, 200 пати до сеа се излетале со ексклузивни информации и на крајот испаднало све тоа лага. Со резерва секад би земал све од нив, т.е. ја не би се ни трудел да ги читам. Толку е паднат стандардот на новинарство кај нас што овие у тој свет егзистираат и информираат народ.

Би се потпирал на информации што доаѓаат од бугарска страна, како и на сите посериозни медиуми кај нас, ако може така да ги нарачаме, а притоа како извор наведуваат некој од бугарска страна, или изјава на некој од преживеаните, или нивните најбислки. Ја освен ретардирани сајтови кај нас со одвратни рандом реклами што им се избацуваат со 'рѓави нокти и израстоци на тело, не видов некој друг ова инфо да го сподели.
Можеби не е вистина. Инфомакс и вистина, не идат баш секогаш заедно.
Но, дека кај нас на Албанци им се бара почитување на стандарди и закони, тоа другому кажувај. Ене го Дурмо, ене ја болницата. Колу изгинаа таму, баш ради тоа што двоаршински важат законите кај нас?
Демек ова не можело да е таков случај...

Sega je vise demokracia ne smee da se kaznuva Albanci

Како што не важат исто законите за пандемиски мерки во албанските средини, како што не важат истите даночни обврски таму и тука, така не важат ниту стандардите кои треба да ги почитува бизнисмен Албанец и бизнисмен каур.
Oни бре имаат цели населби што не плаќаат данок и струја и никому ништо, па сега Дурмо и Беса, што не ги почитувале стандардите.

Резултатот е во Тетово, Ласкарци, Бугарија... (може и на некој ќе му текне за салмонела-слаткарницата во Чаршија)
Да, глупи сте ко кур, сите што мислите дека во причината за трагедијата сега, во Тетово и кај Ласкарци, не игра улога етничка компонента. Тоа што гинат Албанци, никако не ми ја трга загриженоста за двојните аршини по етничка база, кои доведоа до вакви трагедии.

Зарем сите тие упропастени, несреќни фамилии ќе речат, е ако де, битно за нас не важат законите?
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.729
Поени од реакции
9.839
Проблемот е и во Туристичките агенции воопшто.

Јас се возев пред еден месец до Истанбул низ Бугарија и сите можни градови ги поминавме да не се плаќаат патарини, се возевме низ планини, стари патишта за да заштедат пари на патарини. Дури и патот за граничниот премин го промаши возачот па ни дојде гратис панорамска посета на Јамбол и Свилен град.
Ќе изгиниш по тоа селските патишта за 50 евра разлика.
Нема патарини низ Бугарија,какви патарини.Со вињета се вози.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.144
Поени од реакции
5.274
Можеби не е вистина. Инфомакс и вистина, не идат баш секогаш заедно.
Но, дека кај нас на Албанци им се бара почитување на стандарди и закони, тоа другому кажувај. Ене го Дурмо, ене ја болницата. Колу изгинаа таму, баш ради тоа што двоаршински важат законите кај нас?
Демек ова не можело да е таков случај...

Sega je vise demokracia ne smee da se kaznuva Albanci

Како што не важат исто законите за пандемиски мерки во албанските средини, како што не важат истите даночни обврски таму и тука, така не важат ниту стандардите кои треба да ги почитува бизнисмен Албанец и бизнисмен каур.

Резултатот е во Тетово, Ласкарци, Бугарија...
Се океј, само за Ласкарци и Бугарија сите го занемаривте фактот дека голем удел има автопатот.

Ласкарци, кој го возел знае дека со 80 со кола лесно ќе излеташ по руината што нашите го викаат автопат. Дека има конфликт на интереси фирмата сама да си прави технички преглед има, но зашто е дозволено тоа? Никој од министерство за транспорт и врски не сносеше одговорност зашто им дозволил да си ги прегледуваат автобусите таму, ма да не верувам дека некој со здрав памет би пуштил дефектен автобус да вози.

Бугарија - Не смее да има таква банкина на автопат без светлосна сигнализација (трепкач + стрелка, извичник, или од оние зеленине што нашите ги ставаат на патарини со рефлектирачка стрелка лево и десно). Плус самата постојка е опасност сама по себе, преблиску до двете коловозни ленти и види го приклучувањето директ у десна лента небаре ова споредно сокаче у Софија е а не автопат. Банкината ги има дупнено резервоарите 100% и после куршлис кабли инсталација, моторот работи струја шиба и толку фали за потпалување.

Дека има двојни аршини за превозници албанци и македонци ИМА ! Одговорно тврдам зашто 20 години сме фамилијарно во оваа индустирја. Ама во двава случаи сите се криви освен државите што имаат небезбедни автопатишта. Ништо од ова немаше да се случи да беше убаво обележано со предупредување или воопшто не треба дабидне тука изградено (Бугарија) или да беше саглам автопатот а не полош и од возење по калдрма (Ласкарци).
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.336
Поени од реакции
79.109
Се океј, само за Ласкарци и Бугарија сите го занемаривте фактот дека голем удел има автопатот.
А за Тетово - кабелот.

Никако двојните стандарди по етничка линија за почитување на мерките и законите.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.144
Поени од реакции
5.274
А за Тетово - кабелот.

Никако двојните стандарди по етничка линија за почитување на мерките и законите.
Тетово болницата е баш широка тема, ама и таму кај што треба државата да сноси одговорност си се свирка и се заташкува, се префрла кривица. Разликата е у тоа што таму нема шофер на кој можат да му ја натоварат кривицата.

Тука лесно е да се каже сеа шоферот бил уморен или за Ласкарци дефект автобус, ама никако нема да кажат може лошата состојба на патот / лошиот квалитет на монтажните болници и инсталацијата внатре допринесе да имаме ваква несреќа со што ние како институција ја презимаме вината. Ноуп.

И уште едно, нели демек немал извод од лиценца бусот, како минал наша граница? Дали дале мито? И кој е тој што го примил мито за да го пушти бусот? Ова се се прашањата на кои мора да се даде одговор исто ама знам дека нема да ги постави никој :(

P.S. Ти пишав у горниот пост дека не ги бранам нити оградувам од тоа дека нема двојни аршини, 20 години на свој грб ги чувствувам, само потенцирам дека треба да се влезе подлабоко у темата и да се бара одговорноста и од државата и по други ставки освен по ставка замижување за политички поени.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.336
Поени од реакции
79.109
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
А за Тетово - кабелот.

Никако двојните стандарди по етничка линија за почитување на мерките и законите.
Зошто мислиш дека во Скопје продолжните кабли се поквалитетни? Пие вода тоа што го пишуваш во делот дека кај Албанците се поминува на мала врата. Ама и дека преостанатото е нешто поарно, не е...
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.144
Поени од реакции
5.274
Зошто мислиш дека во Скопје продолжните кабли се поквалитетни? Пие вода тоа што го пишуваш во делот дека кај Албанците се поминува на мала врата. Ама и дека преостанатото е нешто поарно, не е...
Мислам дека друга му беше поентата со кабелот. Муабетот е дека не презимаат одговорност него се некој друг е одговорен а уствари ради замижување у одредени моменти кои навидум напоредни искачаат после главни при вакви несреќи. Практично истото го збориме со него само од два различни агли.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.253
Поени од реакции
41.669
За ова си апсолутно во право. За ова си апсолутно у криво.
Додаов затоа, ако воопшто и така може да се наречат.
Али иако стандардот на новинарство кај нас е низок и тоа е неспорно, сепак и на тој новинарски пиедестал кој постои кај нас, Инфомакс и таквите како нив се оддалечени бајаги, недостижно им е тоа ниво, а праиме муабет за низок стандард на новинарство.

Ја да изгубам 10 членови на фамилија, и притоа да видам како некој имформира за шверц на пиротехника и слично, можам имплусивно да изреагирам да отидам све да им избодам или изрешетам у компанија. Не се пуштаат вакви апла непроверени информации со онаа бедна нивна заштита што ја форсираат, од НЕОФИЦИЈАЛНИ ИЗВОРИ дознаваме, као демек не сме ние криви сеа ова ако не е точно, нашите неофицијални извори се...

Пушете кур со тој муабет, или ќе цитираш асален извор или ќе го изигнорираш ова комплентно, иако ја чисто се сомневам дека они тука имале било каков извор, само го истерале тоа колку да се каже а у меѓувреме прочитале некој дали на форум или по интернетов каде што имал напишано дека на вакви тури редовно се шверцало и пиротехника, нешто слично на ова. Толку им треба на будаливе за да објават ваква ствар, тој им е нивниот новинарски капацитет.

Дури и ова еве да биде точно,се додека не си убеден во истото или не е инфо од некој релевантен фактор во истрагата, не смееш да излезеш пред народ и вака да го информираш. Дно, ко и она видеоно како се пакувале сабајлето, и што со тоа еве? Која беше поентата од тоа видео не ми е јасно, глупости. Што е најтрагично не ни бил истиов автобус на тоа видео, не дека е битно.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.091
Поени од реакции
2.145
Несреќава се деси во европска држава па нашиве пицајзли имаат на располагање еден куп информации и анализи кои доаѓаат од Бугарија.

Како, зошто, анализи, симулации, интервјуа со професионалци.

Да беше кај нас три дена некој морбиден ќе редеше видеа на Твитер каде што гори автобусот, власта ќе рециклираше еден муабет, опозицијата ќе обвиниваше и четвртиот ден ќе ни речеа заспал возачот.

И одговорност од никого, еден случај имавме пред три години па уште никој ништо не знае.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.336
Поени од реакции
79.109
Зошто мислиш дека во Скопје продолжните кабли се поквалитетни? Пие вода тоа што го пишуваш во делот дека кај Албанците се поминува на мала врата. Ама и дека преостанатото е нешто поарно, не е...
А што е битно дали каблите се добри таму и тука?
Што праи разлика дали албанските превозници, наводно исто се третирани ко каурските?
Што е разликата помеѓу непочитувањето на мерките за изолација во албански и каурски средини?

Прво и основно - жртвите.

Колку Македонци настрадаа од тоа што и во македонските слаткарници е небитно дали има салмонела?
Колку каурски автобуски компании убија туце патници (затоа што, наводно, и од нив не се бараат стандарди)?
Ако се каблите исти, а кабелот е едини кривец, колку кабли убија пациенти у каурски болници?

Неважењето на правила и прописи по етничка линија е сфатено како придобивка на борбата за поголеми права, ако тука не ја гледате причината за жртвите, со среќа.
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
2.022
Поени од реакции
1.913
Колку каурски автобуски компании убија туце патници (затоа што, наводно, и од нив не се бараат стандарди)?
Каурски автобуски компании не, ама каурски авио компании и бродски компании да!
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.150
Поени од реакции
10.524
Овие два дена се осеќам ко партал. Па нема ден веќе во оваа банана држава, да не се случи нешто трагично. Само црна хорника. И секогаш, ама секогаш во вакви времиња си правам една ретроспектива на неубавите работи што ни се случиле неодамна. Филингот секогаш ми е ист, се чувствувам мизерно и бескорисно, заради тоа што сфаќам дека нечии ставови, перцепции, идеи, желби, мечти, згаснале за само едно делче од секундата. И која е поентата на животот?

1. Еден автобус се превртел и 17 луѓе загинаа заради техничка неисправност на истиот. Дали некој одговараше за тоа? Не, нема ни да одговара. Дали научивме лекција од тоа? Трагедијата од вчера е доказ дека ништо не сме научиле.

2. Летово се гушевме од пожари, кои не можевме да ги ставиме под контрола. Да не беа пожарникарите од Австрија, живи ќе изгоревме сите. Дали превземавме нешто за тоа? Не, нема ни да превземеме, имаме многу поважни работи за коригирање.

3. Модуларна болница, луѓе кои исто така живи изгореа, водејќи борба со корона вирусот и барајќи спас на тоа место. Дали некој понесе одговорност за тоа? Не, нема ни да понесе, има побитни работи за корегирање и нешта на кои треба да ни биде фокусот.

4. Автобусот од вчера. 46 животи згаснаа, 12 од нив деца! Се ежам додека го пишувам ова. Невини животи почнаа да страдаат заради наши грешки!!!!

5. Понатака, вакцини немаше да обезбедиме, да не беа донации од соседите и од други држави. И заради тоа доста луѓе го загубија животот.

6. Се сеќавам и на лекарот кој неколку часа бараше хеликоптер за стигне до непристапен терен и да му пружа помош на лице чиј што живот беше во опасност. На крај на импровизирана носилка го спушти чоекот и само што не беше обвинет за лекарска грешка!

7. Понатака, сведоци сме на енергетска криза и инфлација во државата. Некој би рекол дека ова е проблем на глобално ниво, но фактот што и по ова прашање не се превзема речиси ништо во државата е загрижувачки. Луѓе ќе почнат да умираат од студ и глад.

8. Аерозагадување! Пораст на малигни заболувања, уште една причина за смрт.

9. Невработеност.

10. Непотизам, мито, корупција.

11. За една основна административна работа да завршиш има банални проблеми и глупости.

Ама ако ни е, сами сме си криви. И сè додека има побитни работи за коригирање, ќе ни се случува ова. Најмалку е битно дали човекот кој што е на власт ќе биде од СДС или ВМРО, се додека домаќински си ја води државата. Проблемот не е во партиите, проблемот е во луѓето. Нема домаќин чоек, ете тоа е. Џабе ни е тоа што типкаме низ социјалните мрежи и очајно бараме одговори за тоа што се случило, пак ќе ни се случува истото. Се додека фокусот ни е на ЕУ, а не на проблемоте кои си ги имаме дома, пак ќе ни се случува ова. Нам ни требаат драконски реформи во сите сфери од општеството. Почнувајќи од образование и култура, потоа здравство, инфраструктура, енергетика, безбедност, транспорт, ама апсолутно сè. И најжално од се е тоа што нема ниту една светла точка како надеж дека нешто ќе се промени во блиска иднина. Премногу сум разочарана и исцрпена од животот овде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom