Не се глупирајте да го браните Инзаги. Чиста среќа е што ова заврши 3-2, наместо нерешено. Два пати им прават чиста шанса на втора статива, на ист начин, во период од 10ина минути.
Не е ни прашање на грешки на играчи, туку грешки во пристап. Не може таква промена во задачите на цел тим да прави, во последни 15 минути, со таков кадар на терен.
Гаљардини е неверојатно лош, за секое ниво кое е над утакмици со просечни клубови во Италија. Никогаш не треба да играат заедно со Видал, во исто време. Нула брзина имаат во среден ред така. Измените беа приказна за себе.
Една позитивна работа е што, можеби, ќе добијат малку стабилност во следни натпревари со притисок, односно натпревари против подобри противници, место да делат бодови left and right.