m:SAT TV Mакедонија Сателитска DVB-S телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.467
Поени од реакции
8.662
Возраст
34
Screenshot_20211115-193147_Facebook.jpg
Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, денеска најави дека Телеком на 16 ноември ќе ја отвори првата експозитура во Северна Македонија и најави отварање на редакција на Блумберг Адрија за бизнис вести во Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

-Почнуваме со сателитска телевизија, а во март или април почнуваме и со мобилна телефонија во Северна Македонија, изјави Лучиќ гостувајќи на ТВ Прва.

Тој додаде дека првата експозитура во Северна Македонија ќе биде отворена во центарот на Скопје.

Во денешното интервју за Ало, директорот на Телеком Србија зборуваше и за неодамна официјално објавениот договор со Блумберг за отворање на регионална медиумска куќа која ќе се занимава со бизнис вести и за отворање на редакција на Блумберг Адриа во Северна Македонија.

– Направивме голем чекор напред со две медиумски партнерства, со Eуроњус и Блумберг. Проектот на Блумберг е уште поамбициозен од Eуроњус. Блумберг Адриа ќе има редакции во пет земји – Србија, БиХ, Словенија, Хрватска и Северна Македонија, а седиштето ќе биде во Белград. Блумберг е бренд за вистински економски информации. Тие дополнително ќе придонесат за унапредување на домашната економија, па преку Блумберг ќе можат да се промовираат насекаде во светот, а ќе имаат и сериозно и многу конкретно значење за соработката на економиите во регионот. Со врзување за такви брендови со неприкосновен меѓународен легитимитет, Телеком покажува дека сака што е можно повеќе квалитетни медиумски канали и, како во случајот со Водафон и Премиер лигата, покажува дека најголемите светски компании навистина сакаат да соработуваат со нас, изјави Лучиќ.

Тој кажа дека Телеком е член на Форбсовиот совет и најави дека во првиот квартал од следната година е планирано отворање на филијали на Телеком и во Германија и Швајцарија.

Во јули годинава, како што јави дописиникот на МИА од Белград, Лучиќ изјави дека во Скопје започнал основање на компанијата „Телеком“ во Северна Македонија, кое ќе се вика Мтел, со нудење услуги за сателитска телевизија, а до крајот на годината, како што изјави, ќе бидат пуштени во употреба услугите на мобилните телефонски услуги и оптичкиот интернет.

-За нас, одлуките донесени на економскиот форум во Скопје се многу важни, бидејќи ние сме компанија која сака да биде лидер во регионот. Имавме планови за проширување на пазарите во Северна Македонија и Албанија, плановите постојат од пред три години. Се обидовме да влеземе на албанскиот пазар со купување на Албански Телеком, но на крајот бевме спречени, изјави Лучиќ.

Телеком Србија а.д. Белград е српски државен телекомуникациски оператор, основан како акционерско друштво во јуни 1997 година.

(МИА)

Во оваа тема се фокусираме на сателитската тв понуда. Она што успеав да пронајдам на интернет е флаерче со пакети
IMG-80c5aef56a8b0a24bb90b9e72ddffd36-V.jpg

Стартот е на 16 ноември вторник.

 
Последно уредено:
За 345 денари 100 канали меѓу кои и АренаСпорт тоа не е скапо. Дефинитивно конкуренција
 
Kakva ke bide slikata (spored iskustva od Srbija) sporedeno so Telekabel?
 
bar sitel/kanal5 da se hd... ne se fer, site srpski ke se hd!
Автоматски споено мислење:

a premotuvanje nazad kako? imaat aplikacija ili?
 
Читав коментари во Србија не им се сите тв канали во HD. Arena Premium не им билe во HD.
 
Тотал тв ги нема арените. Ако ги имаат во понуда србиве со се новите премиум ќе бидат супер за викендичка. Боом тв едно време беше добар, али не уложија у втора генерација, премалку канали подржува, сега ни арена премиум ги немаат, едноставно не се замараат. Не им ја сфаќам политиката некогаш на провајдериве.
 
ваљда покасно ќе преминат во ХД, сега уште е почеток.
21 век е би требало барем тоа што има можноат да го нудат во HD.
HD најмногу е потребно за спорт претежно фудбал, тенис, кошарка, за филмови и серии каде камерата не е статична на едно место туку постојано е во движење.
 
Читав коментари во Србија не им се сите тв канали во HD. Arena Premium не им билe во HD.

Они само нека ги понудат арена премиум па немора да се ХД :)
Башка според цената, неможе со 2000 ден телеком и овие со 400 ден да се споредува и да се бара сите ХД да бидат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom