Многу си грешка тука. Со правилен менаџмент на буџетот, исфрлање на ухлебените паразити од јавниот сектор, и целосна примена на законите (вклучително и кај Албанците) Македонија и без ЕУ и НАТО може да многу брзо да се оправи. Муабетите дека ни требаат пари да се опраиме, се исти ко што ќе бидат сега муабетите на Мицко дека ќе им требаат 81 пратеник за да го врати нелегално сменетото име.
Самиот си рече претходно и во двата система има корумпирани политичари и дека дури во комунизмот тоа е далеку далеку по изразено. Еве има уште 15 години, да почекаме може ќе се оформи во Македонија фабрика во некоја индустрија од калибар на 11 Октомври, ОХИС, МЗТ, Искра која ќе биде оформена од инвестиции на Македонци. Не мора и во Македонија може и во странство да ги отворат. Ќе инвестираме во нов телеком, во нова железница. Па што и да не ја купиме Австриска ЕВН за да почнеме и ние малце да цицаме профит од нивниот труд и да почнеме да ги стигаме. Али тоа нема да се случи никогаш.
Супер е системов што да ти кажам. Целата средна и ниска класа секој за себе, а тие на врв сите за сите. Врв на твојата продуктивност е да работиш за странци, зошто никој нема доволно капитал тука за да ти инвестира во твои идеи.
Па да имаме каква било шанса да почнеме да ги стигаме би требало да имаме некој луд раст од 10-15% годишно за да ги стигнеме за да бидеме на 30% од нивниот стандард за едно 15 години.
Последно уредено:



